Ајде едно сефте да удриме на темава:
1. Robin Hood - 8 (ова е цртаниот филм Робин Худ од 1973, го паметев како дете дека ми беше еден од омилените. Многу потценет филм на Дизни, а супер расположлив во студена зимска ноќ)
2. Eternal Sunshine of the Spotless Mind - 10 (го даваа на тв и секогаш го гледам кога е така, само едно ќе кажам - поради овој филм сакам филмови и тоа е)
3. Sherlock: The Abominable Bride - 7 (и седум е доста, најочекуваната епизода и најслабата досега, освен хорор елементот, епизодата беше досадна и не пружи ништо ново, а како за филер епизода греота е да чекаме еднаш годишно)
4. The Phantom Carriage - 7 (нем шведски филм, се гледа дека е пред своето време, има одличен стил и неверојатно добра дупла експозиција, само што е многу долг како за нем филм...)
5. All About Eve - 9 (за филмов пишав во другата тема)
6. The Rules of the Game - 6 (Жан Реноар има добар осет за камера, детали и експозиција ама филмот е многу долг и досаден)
7. One Week - 7 (Бастер Китон, сцената со куќата кога се врти е неверојатно добра, не ми се верува дека во тоа време е снимена толку добро)
8. Bicycle Thieves - 10 (после филмов сакаш да галиш мачки и да плачеш додека држиш шолја чај облечен во божиќен џемпер)
9. Just Like Heaven - 7 (го начекав на тв и по втор пат го гледам, не знам зошто ама ми се допаѓаат понекогаш вакви клише филмчиња, Марк Рафало ми е добар актер и уживам да го гледам во било кој филм)
10. Spider - 10 (wow... Не знам како сум го промашил филмов досега. Неверојатно добар, ремек дело од филм. Воодушевен сум во секој аспект и чекам да ми налегнат импресиите за да изгледам друг филм. Ралф Фајнс кој актер е еј... ова му е најдобрата улога во кариерата, must see филм)