Греење со пелети

Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Да, ќе ти заврши работа печка од 6kw, јас со таква печка греам 50 квадрати со добра изолација. Овие денови температурата ми е 26 степени, а работи на единица, има иначе 5 брзини. Трошам пола вреќa на ден за 8 часа или 85 денари (набавна вредност на една вреќа од 15кг ми е 170 ден). Ја палам од 2-3 часот па навечер до 10. После убацувам клима.
 
Последно уредено:
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
Да, ќе ти заврши работа печка од 6kw, јас со таква печка греам 50 квадрати со добра изолација. Овие денови температурата ми е 26 степени, а работи на единица, има иначе 5 брзини. Трошам пола вреќa на ден за 8 часа или 85 денари (набавна вредност на една вреќа од 15кг ми е 170 ден). Ја палам од 2-3 часот па навечер до 10. После убацувам клима.
Каква печка е таа? И колку пари е?
 
Член од
12 ноември 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали потрошњата би била помала ако простор од 75м2 ставам котел на пелети од 25kw,нормално 25kw троши повеце 1,5 до 5кг на час(али за максимално 250м2) а 16ката 1,3 до 3,2 (140м2), незнам колку е точно али имам слушнато поголем котел за помала квадратура побрзо постига топлина на котелот и загрева, а помал котел повеќе време да загрее и секако повеќе удира на потрошња, мене ме интересира за 75м2 кој би имал помала потрошнња на пелети сепак разликата на котлите од 120 евра не е голема па затоа дали да го земам 25kw.. ве молан некој кој повеќе разбира да ми одговори! фала однапред.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.516

Тоа повеќе зависи од времето на користење на котелот, односно колку време ќе биде вклучен, и на која температура ќе биде наместен.

Точно, котлите со помала моќност трошат повеќе доколку се користат подолг временски период и доколку се наместени на повисока температура.

Но треба и ова да го земеш во предвид - колку е поголема моќноста на котелот, толку повеќе е голем и самиот котел, односно зафаќа повеќе простор во домот.

И не заборавај дека ќе мораш да го поставиш котелот на место кое е блиску до надворешен ѕид за издувната цевка која ќе исфрла пепел и чад.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
75
Поени од реакции
12
Српскиот Термофлукс е со најголема моќност - 20 киловати, а и делува доста попривлечно за мене лично, бидејќи има вграден механизам за чистење на горната комора, што значително ќе ти ги олесни маките, верувај ми.

Од босанските Алфаплам, Интерио 14 е со моќност помеѓу 4.6 и 14.1 киловати, а Интерио 20 е со моќност помеѓу 6 и 18 киловати.

Босанските делуваат како да имаат поголема долна комора, што би требало да ги направи уште полесни за чистење.

Како и да е, било кој од посочените модели е задоволителен, прашањето е колкава моќност на печката/котелот ти е потребна, и кој модел е полесен за чистење.

Дефинитивно се милијарда и кусур пати подобра опција наспроти нашинците Милкуз од Охрид, чии што котли немаат директен пристап до долната комора, па мора човек сам со правосмукалка да пушта црево низ сите 8 цевки од горната комора до дното на долната комора. Тоа е еден ден во годината во кој ја играш улогата на оџачар и воопшто не е ден за смеење.
Фала на одговор ми треба за греење на простор од 80 квадрата и се мислам за босанската интерио 20. Малце си ги помешал 2вете печки кои се босански кои се српски ама те разбрав благодарам за советот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.516
Фала на одговор ми треба за греење на простор од 80 квадрата и се мислам за босанската интерио 20. Малце си ги помешал 2вете печки кои се босански кои се српски ама те разбрав благодарам за советот.
Е да, Термофлуксот се босански, а Алфапламот е српски. :pos:

Но моќноста им е таа која им е, и дефинитивно српскиот Алфаплам останува со најголема моќност. :D
 
Член од
25 декември 2013
Мислења
8
Поени од реакции
3
Да, ќе ти заврши работа печка од 6kw, јас со таква печка греам 50 квадрати со добра изолација. Овие денови температурата ми е 26 степени, а работи на единица, има иначе 5 брзини. Трошам пола вреќa на ден за 8 часа или 85 денари (набавна вредност на една вреќа од 15кг ми е 170 ден). Ја палам од 2-3 часот па навечер до 10. После убацувам клима.
Од каде ги купуваш пелетите по 170 ден. ?
 
Член од
9 септември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
6
Имам неколку прашања:

- Дали печка на пелети која воедно ќе е и котел за парно а ќе стои во дневна, покрај затоплувањето на водата за радијаторите, емитува и топлина то ест служи како грејно тело кај што ќе стои и дали во овој случај имаат вентилатор?

Гледам по странство ги избегнуваат печките на пелети, наводно расфрлаат прашина по домот, но тоа се некои други видови на печки, не како овие што се продаваат тука...?
 
Едно е печка на пелети, а друго е котел на пелети.

Печката е помала и не може да се поврзува со радијаторите, а котелот е поголем и може да се поврзува со радијаторите.

И без разлика дали се користи печка или котел, секако дека ќе ја грее просторијата во која ќе биде сместен(а), а вентилатор воопшто нема да ти биде потребен, баш напротив - порано или подоцна ќе отвориш прозорец за да ја разладиш просторијата доколку печката/котелот работи повеќе од 3 часа, бидејќи ќе ја загрее просторијата во која се наоѓа без никакво дополнително тело за побрза дистрибуција на топлината.

Не знам за печките дали создаваат премногу прашина, но за котлите можам да ти потврдам дека бараат редовно чистење, барем еднаш до два пати во неделата.

Во зависност од тоа каква печка/каков котел ќе купиш, чистењето може да биде полесно или потешко.

Не знам за печките, но за котлите знам дека кај поновите котли на пелети, има вграден механизам со четки за одвнатре да се чисти котелот, но многу поважна е внатрешната железна фиока која ја собира внатрешната пепел.

Печката/Котелот има свој пепелник, или свои пепелници - некои доаѓаат со еден пепелник, а некои со еден помал и еден поголем пепелник - но сепак целата пепел не останува во пепелникот/пепелниците, ова особено важи кај котлите на пелети, кои доаѓаат со внатрешни тунелни цевки за побрза и полесна дистрибуција на топлинската енергија од котелот до пумпата која ја врти топлата вода која ги грее радијаторите.

За жал, кај котлите, освен топлинската енергија, низ истите тие тунелни цевки поминува и чадот кој потоа излегува низ издувната цевка. Со текот на месеците, истиот тој чад наталожува пепел под тунелните цевки, која делумно излегува низ издувната цевка, но за жал, добар дел од пепелта останува под тие тунелни цевки и со текот на месеците се наталожува и прашање на време е кога ќе го задуши котелот, поради што котелот ќе почне да испушта чад во просторијата во која е сместен, наместо да го испушта чадот надвор низ издувната цевка.

Кај новите котли овој проблем е решен со вградени четки за прочистување на тунелните цевки, а најдоле под цевките има железна фиока во која се собира пепелта од чадот која може да се извади и да се истури пепелта која се наталожила со текот на месеците, со што чистењето е олеснато за речиси 90%, бидејќи алтернатива на ваквото чистење - а за жал истовремено е и стандардна пракса кај постарите котли - е сам да го отвориш котелот и да ги чистиш тунелните цевки со правосмукалка еднаш годишно, а тоа е оџачарско искуство кое се прави еднаш во годината и воопшто не е задоволително искуство.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Дали потрошњата би била помала ако простор од 75м2 ставам котел на пелети од 25kw,нормално 25kw троши повеце 1,5 до 5кг на час(али за максимално 250м2) а 16ката 1,3 до 3,2 (140м2), незнам колку е точно али имам слушнато поголем котел за помала квадратура побрзо постига топлина на котелот и загрева, а помал котел повеќе време да загрее и секако повеќе удира на потрошња, мене ме интересира за 75м2 кој би имал помала потрошнња на пелети сепак разликата на котлите од 120 евра не е голема па затоа дали да го земам 25kw.. ве молан некој кој повеќе разбира да ми одговори! фала однапред.
KW e KW небитно колкава е просторијата и од колкав извор е тој KW добиен... Капацитет на котелот е битна работа за подигање на амбиенталната температура за одередено време , на зададено ниво и нејзино одржување. Изолацијата на просторијат е битен елемент. Добро изолирана просторија можеш да ја грееш и со многу мал извор на топлина. Во чавкарница не те вади ни најголемиот котел на било што, колку и да го ложиш. Тоа се меѓузависните елементи на равенството со кое манипулираш. Степенот на искористување, условеност од одржување, цената на опремата , цената на електричната енергија како репер се другиот дел на математиката..... Инаку во принцип се купува следниот по величина котел во однос на оној кој математиката ти покажува дека е потребен..и второ ИЗОЛЦИЈАТА ( добрата и правилна изолација-не херметизација) е најдобрата инвестиција на темата греење...:sneaky:
 
Член од
9 септември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
6
Dexter26 Ти благодарам на исцрпниот одговор.

-Можеш ли да посочиш бренд и конкретен модел кој доаѓа со такви четки за прочистување на системот?

Просторот каде ќе стои котелот е 43 квадрата кадешто се наоѓа касетата, разделникот и има инсталација за еден радијатор кој планирам да биде 2 метра долг и плус котелот на другата страна од просторот. Затоа и ме интересира дали емитира топлина котелот, што и баш ми одговара :)
 
За жал не знам кои брендови да ти ги препорачам од присутните во Македонија, со исклучок на Еко Шпар, но ни за нив не знам дали доаѓаат со тој вграден механизам за чистење со четки и со таа внатрешна железна фиока во која се собира пепелта.

Но знам за кој бренд да ти препорачам да ги отпишеш и воопшто да не ги земаш во предвид - Милкуз од Охрид, нивните печки и котли на пелети се со италијанска лиценца, но ниту доаѓаат со вграден механизам за чистење со четки, ниту доаѓаат со внатрешна железна фиока во која се собира пепелта.

На претходната страница од темава, во пост #88 и #89 со @VEKO дискутиравме за српскиот котел на пелети Комо од Алфаплам, и за босанските котли на пелети Интерио од Термофлукс - јас по грешка во пост #89 имам напишано дека Термофлукс се српски, а Алфаплам босански, иако е обратно.

Мојот заклучок е дека српските Алфаплам котли се подобри од босанските Термофлукс. Сепак механизмот за чистење не е автоматски, но дефинитивно полесно е рачно да ги повлечеш вградените четки и така да ги исчистиш тунелните цевки, отколку да се малтретираш и да ги чистиш со правосмукалка.

Како и да е, без разлика каква печка/каков котел на пелети ќе купиш, едно е сигурно - барем еднаш неделно, а по можност два пати неделно, ќе треба да го вадиш пепелникот и да го чистиш, што е сосема нормално кај грејните тела кои создаваат топлинска енергија со согорување на тврдо гориво како дрва и пелети.

Еве ти ги упатствата за користење на српскиот котел на пелети Комо 21 од Алфаплам и на босанскиот Интерио 14 од Термофлукс, за полесно да се запознаеш со принципот на кој функционираат и се одржуваат овие котли на пелети.

http://www.alfaplam.rs/upload/Product/Files/2015_01/COMMO_na_srpskom_25_11_2014.pdf

https://onedrive.live.com/view.aspx?cid=379b329ff95488e2&page=view&resid=379B329FF95488E2!935&parId=379B329FF95488E2!879&authkey=!AMeuFqJsNx_pzRw&app=WordPdf&wacqt=undefined

https://onedrive.live.com/view.aspx?cid=379b329ff95488e2&page=view&resid=379B329FF95488E2!946&parId=379B329FF95488E2!907&authkey=!AMeuFqJsNx_pzRw&app=WordPdf&wacqt=undefined

Но за мал стан од 43 метри квадратни, овие котли се премногу големи и моќни, а несомнено и многу скапи, убаво пишува дека се наменети за објекти од над 100 метри квадратни, поради што воопшто нема да ти се исплатат.

Линковите од упатствата ги објавувам исклучиво за да видиш како функционираат и како се одржуваат котлите на пелети, бидејќи не можам да најдам упатства за користење и одржување кај македонските производители на печки и котли на пелети.

Помалиот котел Комо 15, со моќност од 15.5 киловати, би требало да е поевтин, но сепак и тој е наменет за објекти од над 110 метри квадратни.

http://www.alfaplam.rs/sr/products/details/142

Еве што најдов на официјалниот веб сајт на Еко Шпар, котел Минима со моќност од 10 киловати, наменет за греење на објекти до 100 метри квадрати, цената е 66.050 денари, односно 1.100 евра.

http://www.ecospar.com.mk/sites/default/files/EcoSpar_Web_Catalogue_MK.pdf

http://www.ecospar.com.mk/sites/default/files/cenovnik.pdf

Но сепак нема никакви упатства за користење и за одржување, поради што ќе мораш лично да ги прашаш како се чистат тунелните цевки и како се одржува котелот.
 
Член од
9 септември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
6
Уште еднаш благодарам!

Се работи за куќа од околу 90 квадрата со претензии да се догради поткровје или да се прошири за уште едно 30-40 квадрати истиот спрат. 43-те квадрати се дневниот простор каде и планирам да стои котелот, каде е и касетата со разделникот. Затоа и првично прашав дали котлите на пелети (не печките) емитираат топлина како грејно тело пошто во тие 43 квадрата само за еден радијатор имам оставено инсталација во кошуљицата... Но добив одговор дека котлите сепак се грејно тело, емитираат топлина што е ептен ок.

Алфа плам или МБС вчера гледав, едниот сум сигурен дека има железна фиока како пепелник.

Ајде да доразјасниме некои дилеми, како за мене така и за сите...
1. Да се купи МБС 18kw котел кој е за до 120-130 квадрата ако не се лажам, и да речеме грееш момнтално не повеќе од 70 квадрата. Минималната потрошувачка е 1,2кг на час, максималната 4,5кг на саат (мислам така беше?) (кај Алфа плам Комо 15,5kw - 1,7кг на час со макс 5,05кг на час), дали ако загреваш 70 квадрата или помалку, ќе троши помалку од 1,2/1,7кг на саат?
2. Му треба струја пола киловат. За што му е потребна, за вентилаторот, за да ги пали пелетите, константно троши пола киловат на саат или друго е работава?
3. По видеата слушам ствараат бучава. Дали тоа вентилаторот или самиот котел е на некој начин бучен? Колку бучен и од која причина? Споредено со бучавата од клима дома?
4. Дали и зошто од добар избор ги исклучуваш МБС?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom