- Член од
- 24 мај 2012
- Мислења
- 294
- Поени од реакции
- 114
- Возраст
- 27
Фала за информацииве.Прашав сега еден другар, не ти се исплати да ги замениш картите, ќе те кошта гавол ипол, 70 евра ќе ти биде у правец заменета карта, значи 140 евра идење враќање.
Ти остануваат две работи, или да одиш во термините за кои си ги купил картите и да го прошеташ градот, или друга варијанта, ако не си ги купил скапо картите да ги фрлиш што се вика и да си земеш карти за од 26-ти до 30-ти. Како што гледам за тој термин коштаат 1900 денари повратна карта.
Ако се решиш за вторава варијанта, ќе имаш време да го фатиш летот, односно таму да бидеш 45мин до саат време пред поаѓање. Натпреварот почнува од 16ч, рачунај дека во 18ч ќе бидеш више излезен од стадион па ќе имаш три саати за да бидеш до 21ч на аеродром а летот е од 21:45.
Е сеа, зависи и кај ќе бидеш сместен, но горе доле ќе мора све да правиш со такси, од идење по багажот кај што ќе бидете сместени па се до аеродром.
Метро заборави во таа ситуација, страшна гужва ќе има, јас кога бев после утакмицата чекавме едно 45 минути за да влеземе у метрото, плус рачунај едно 5-10 мин за да стигнеш до најблиското метро пешки, плус времето дур стигнеш до локацијата кај си сместен.
Значи, изводливо е но ќе треба со такси да се враќате.
Битно е и на кој дел сте сместени.Но со такси ќе стигнете на време.
Ние бевме сместени во близина на Ла Рамбла, од таму до аеродром за такси ни бараа 30 до 35 евра, ако сте тројца четворица нема да ви излезе скапо. Се стига за брзо време, со такси и да те фати гужва не верувам дека ќе патуваш повеќе од 30 до 40 минути до аеродром. Ние од аеродром до населбата кај што бевме сместени која беше лепенка до Ла Рамбла со автобус патувавме околу 25 минути. И да сте подалеку сместени ќе стигнете на време со такси, но само доколку не се ебавате со метро после утакмицата.
Инаку имам купено 4 карти и ме коштаја 11500 ден, за семна ми бараат 7600 денари а пресметав за нови карти да купам ме кошта 8500 денари малце смешно е... сепак повеќе ми одговара да ги сменам.
За смештај планирам негде блиску до кампо. (Ако имаш некој евтин апартман до 3000/ноќ прати ми)
Инаку то е то многу ме заебаја, само дали е конечен ова термин? Ми е страв пак да не ме заеба оти доволно е да го смена за 1 сат.