Дежурна Ординација! #2

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Кои испитувања се потребни за да се дознае која е причината за опаѓање на косата/келавост?:)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.965
Поени од реакции
25.551
На што може да се должи болка со голем интензитет во пределот на матката и папоткот ден пред и во првите два дена на менструацијата? Имам чувство на подуеност во тој период и болката е како еден јак грч. Сум имала и претходно болни менструации, но ме загрижува што последниве три месеца ми се случува ова што го опишав.
Сега читам за ендометриоза и страв ме фати.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.276
Поени од реакции
9.058

Мораш на технички преглед, тешко некој од форум да ти каже дефинитивно што е проблемот кој се провлекува 3 месеца.
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185

Зашто па ендометриоза :), кога си била последниот пат на гинеколог? ПАП тест си правела?
Наjубаво да не се плашиш и да отидеш на гинеколог па да те прегледа.
 
Откако го пишав постот, го добив месечниот циклус, а во тие моменти сум полна со црни мисли. :) Сѐ си помина во најдобар ред со нормална и издржлива болка. Претпоставувам дека сум се загрижила без потреба. Фала ви на репликите.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Хируршки ти ги отстранија или со замрзнување? Има лузни?
Хирушки. Лузни нема, на почетокот има но со тек на време се повлекуваат, а доколку е потребно, доколку се поголеми, побарај да ти препорачаат крема. Мене 2-те бемки ми беа помали и сега ништо не се познава, едната беше поголема и се познава уште помалку, не користев никаква крема.
 
Член од
4 август 2011
Мислења
178
Поени од реакции
517
Луѓе, пишете ми ако знаете некој проверен лек против многу силна и сува кашлица. Мајка ми кашла по половина час без престан веќе недела дена, а терапијата од матичниот и е само антибиотик кој очигледно и не е така од помош..фала ви:unsure:
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.276
Поени од реакции
9.058
Луѓе, пишете ми ако знаете некој проверен лек против многу силна и сува кашлица. Мајка ми кашла по половина час без престан веќе недела дена, а терапијата од матичниот и е само антибиотик кој очигледно и не е така од помош..фала ви:unsure:
Пие апчиња за притисок и какви?
 
Rokerot

The Guitar Addict
Член од
30 април 2007
Мислења
218
Поени од реакции
20
Здраво дечки.

Пред неколку години си ги повредив рамената во теретана (најверојатно од неправилно/небалансирано вежбање) и од тогаш до ден денес имам болки.
Бев на физикална терапија, ми правеа секакви третмани со ласери, магнети, чуда, ништо не помогна. Бев на масажи, бев на рандом-shady-човек-што-знае-да-мести-рамо, бев на киропрактичар, џабе. Направив магнетна резонанца на државна и со резултатите бев во Систина. Докторот не знаеше да ми објасни што ми е, само ми даде некои инекции и апчиња за пиење кои воопшто не помогнаа.

Пробав да одам пак во теретана претходниот месец ама после 3 дена болката стана 100 пати поголема. Прекинав со теретаната ама болката е уште тука, особено при спиење, работа на компјутер, а особено кога ќе се разбудам од спиење неиздржливо боли.

Резултатите уште ги имам па би сакал да ме упатите кај кого можам да одам на преглед, местење, операција, што и да е.

Фала!
 
Можно е да станува збор за Tendinosis calcarea, при кој се депонираат калциуми кристали во тетивата и со тоа се појавуваат болки при движење. Побарај некој добар ортопед и направи поново рентген или ултразвук, пошто преку магнетна резонанса калциумови кристали не се гледаат баш.[DOUBLEPOST=1451929275][/DOUBLEPOST]
Не не, веќе 5-6 години не пие.. во менопаузата имаше проблеми со притисокот, но сега веќе не (сега има 57 години)
Може да земе Кафетин Колд некој период.
 
Последно уредено:

Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
ciklus
sinuzit
grip
migrena all at once

Ako ne poginam vecerva oficijalno se proglasuvam za besmrtna

Help?
@Kadaif?
Nesto za ublazuvanje na simptomite? :((
 
Последно уредено:
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Имам постојан вагинален исцедок последнава недела, дали тоа треба да ме загри`и?
 
Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Последните 7-8 години имам болки на двете нозе, во внатрешниот дел, значи на левата нога од десна страна и на десната нога од левата страна, на 10тина цм над стопалото и 20 цм под коленото. Не знам дали е болката на коската или како да имам некои топчиња не ми е јасно ни мене. На допир чувствувам болка и тоа језива и не баш мала болка, а надворешно нема никакви знаци. Кога ме заболе прв пат бев на доктор ми кажа ништо страшно ќе ти помине и еве 7-8 а може и 10 години веќе ме боли, некогаш и без допир чувствувам болка ама кратка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom