Не си во право, затоа што ги избегнуваш финесите во твоево објаснување.
(1) На пример, соборниот храм се градеше во периодот од 1974/76 г. (!) па до ‘90-тата, иако нецелосно дограден: се чини дека „некој„ намерно го кочел тоа градење.(2) Плус, во училиштата, религијата беше марксистички (!) сатанизирана, што значи дека луѓето уште од мали нозе (!) беа (бевме!) учени на Богоборство. (3) Плус, точно е дека никој не стоел пред храмовите,(4) ама затоа стоел преку образовниот систем и медиумите. (5) Плус, градењето храмови во претходниот систем по обем е смешно за споредување со денешното градење. (6) Плус, свештенство тогаш (и сега!) служи за потсмев а не за почит. (7) Плус, сите бракови склучени во претходниот систем само „во матично„, на парче хартија, и ден-денес повлекуваат инерција на намерно несакање за венчавање и крштевање во Црквата.
И така натаму...