Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Да не сум покусо
883024_970565373004277_5603435131537050153_o.jpg
 
Имам желба во новата Италија да го земе 4-тото место на Англуја за во ЛШ, оти поостварливо е тоа отколку со Руди да завршиме 3-то место :D
 
Што поскоро пак вакви слики на Југот.Тоа го сака секој прав Романиста во 2016, и враќање на логото, се разбира.
12440453_970729346321213_7222256866284234965_o.jpg
 
Купуваат играчи на позиции каде што сме добро покриени. Пероти и Ел шарави не ни се потребни сега двајцата.
Одбрана?
1937397_971281662932648_1196297609273214849_n.jpg
 
МАЈСТОРИ НА ПРОМАШЕНИ ПРЕОДНИ РОКОВИ: РИМСКИ БАНКОМАТ ЗА ЗАЛУДНО ПОТРОШЕНИ ПАРИ
Рома и покрај големите вложувања во последните 5 години имаше голем број на промашени инвестиции.

Звучи неверојатно, но Рома во последните 5 години на донесување играчи потроши 387.450.000 евра, од што цела сума оди на душа на раководството на Рома на чело со Џејмс Палота, кој го превзема клубот во 2011 година.

Цифрата делува неверојатно, со оглед на тоа дека трофеи нема никаде, а во овој момент како што стојат работите тие ќе имаат уште една разочарувачка сезона. Единствен вистински успех на целиот проект претставува фактот дека Рома успеа да победи 2 натпревари по ред во ЛШ, а пласманот во 1/8-на финале оваа сезона претставува единствена светла точка.

Секако, многу пари беа вложени во инвестиции како Пјаниќ, Наинголан, Жервињо и Стротман, играчи кои во минатиот период беа најдобри играчи во тимот, но општиот впечаток е дека ниту еден преоден рок не беше целосен.

Рома со овој дефицит драстично успеа да ги намали успешните продажби, па така клупската каса, со добивка на пари од едно место во европските натпреварување, не е во голем минус. Треба да се спомене дека се започна во 2010/11 со раководството кое ја превзема Рома и го наследи Росел Сенси.

Адријано

Серијата на промашувања ја отвори Адријано во 2010 година, кој требаше да биде големо враќање во европскиот фудбал. Тој стигна во Рим за голема килажа и доби 3-годишен договор од 5 милиони евра по сезона, но тие го раскинаа договорот во март.

Адријано не успеа да постигне ниту еден гол во дресот на Рома. Поранешниот најталентиран играч повеќе не игра фудбал, иако официјално не ја заврши кариерата.

Хозе Анхел и Мартин Стекеленбург

Голем проект на новиот сопственик започна со донесувањето на Енрике во Рим. Сегашниот тренер на Барселона со нив го имаше првиот професионален тренерски договор во кој не се снајде најдобро, па на крајот го напушти Рим. Сезоната 2011/12 ќе остане запаметена по неколку големи промашувања, а едно од нив беше Анхел, кој стигна во Рим за 4.5 милиони евра. Уште едно големо промашување беше голманот на Ајакс, Стекеленбург кој стигна за 7.3 милиони евра.

14515695167956.jpg


Тахцидис и Маркињо

Рома своите неславни трансфери ги продолжи и во сезоната 2012/13, меѓу кои беа Панајотис Тахцидис кој беше донесен од Џенова и Земан. Слична ситуација беше и со Маркињо мој дојде во Рим како првокласен крилен играч, но на крајот испадна дека е големо промашување. За среќа, РОма тоа лето донесе и два стопери од Коринтијанс Маркињос-Кастан, кои се покажаа како погодци, па во финансиска смисла, Маркињос подоцна беше продаден на ПСЖ за 31.4 милиони евра.

Мишел Бастос

Парите од Маркињос им даде можност на управата на Рома да имаат повеќе избор во 2013 година. Тогаш новиот тренер Руди Гарсија го одработи по свое мислење преодниот рок. Дојдоа Стротман, Бенатија, Љајиќ, Дестро, Мајкон, а во зима дојде и Наинголан додека без потреба пари се фрлија за Бастос, чија 6-месечна позајмица чинеше 1.5 милиони евра.

Ешли Кол, Ибарбо, Споли, Емануелсон, Думбија...

Руди Гарсија во првата сезона ги погоди скоро сите трансфери додека година подоцна скоро се промаши. Поранешниот бек на Челси, Кол дојде како слободен играч, но со Рома потпиша договор на 2 години кој вредеше 2.3 милиони евра по сезона и досега одигра само 11 натпревари за нив. На серијата промашувања доаѓа и Ибарбо(позајмица 2.5 милиони евра, Споли(позајмица 1.5 милиони евра) и Емануелсон(слободен играч) додека кругот во јануари го затвори Думбија, кој во Рим стигна за 14.4 милиони евра, а летово беше вратен во ЦСКА Москва. На оваа листа би можел да се додаде и Итурбе, кој целосно разочара...

Лето исполнето со позајмици

Очигледно поучени од исксутво од минатата сезона, Римјаните во летниот преоден рок пред почетокот на оваа сезона донесуваа играчи на позајмица, па во Рим стигнаа Џеко, Салах, Ридигер, Дињ, Џомбер... Со оглед на тоа дека првиот дел помина во прилично неславна атмосфера, актуелните засилувања имаат уште време да го избегнат статусот на „промашувања“. Работата на Гарсија исто така виси на конец, па може да се случи Рома да направи голем „трансфер“ во новата година токму на тренерската клупа...
 
Бразилскиот дефанзивец Маркињос сака да си замине од редовите на Пари Сен Жермен, истакнувајќи дека малата минутажа е единствениот проблем со кој се соочува на „Паркот на принцовите“. 21-годишниот централен дефанзивец не може да се избори со конкуренцијата и добива минимална шанса за настап, со оглед дека на овие позиции настапуваат бразилските репрезентативци Тијаго Силва и Давид Луиз.

„Не сум задоволен од минутажата. Ги почитувам одлуките на тренерот, меѓутоа имам уште шест месеци да размислам дали навистина сакам да бидам во клуб каде ќе ја греам клупата за резерви. Мислам дека многу напредував во изминатиот период и би можел да бидам стандарден првотимец во голем број европски клубови. Доколку тоа не ми биде овозможено во ПСЖ, тогаш ќе си ја побарам среќата на некое друго место“, изјави Маркињос.

Nostalgija me fakja za ova dete i za Lamela :(
 
10 гола ќе ни даде Реал, бре бре.Ако играт со срце , јуначки, се засили одбраната сега овој рок, Рома го мине Реал.
 
I Real go smeni trenerot samo uste nie ostanavme so propali investiciii. Mi se odmiluva se, a najtesko e koga nemas rezerven tim za navivanje :(

ROMA ROMA ROMA
 
Back
На врв Bottom