eBay (официјална тема)

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Проверив ни трага ни глас

Чаре? Не се многу пари во прашње но дефинитивно ова ќе ми биде последен пат очигледно ова не функционира баш најдобро барем не во мојов случај кој профил и да го отвориш пишува 99.8 феедбак одличен статус во пракса се е ветар и магла ...
Му пиша ли дека пратката ти ја нема и дека тракингот воопшто не функционира. Ако не ти врати или почне да глуми лудило тогаш советот на @Kostur123 .[DOUBLEPOST=1451506066][/DOUBLEPOST]
Само тоа „Yanwen's Track“ ми личи на фејк број.
Yanwen е логистичка компанија која во соработка со Чајна пост ги препраќа пратките до корисниците по многу помала цена. Проблемот е што работат со 90% фејк тракинзи и принципот префрлање на вината во твојата пошта. Мене ми изгубија 4 пратки и кога директно им напишав на Yanwen ми рекоа дека они немаат никаква обврска да разговараат со мене туку сите конверзации да ги водам преку продавачот. Пратките никогаш не пристигнаа, парите ми ги вратија во целост. Е сега имам уште една за која ми пишува дека е во МКД како што напишав погоре.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

А пишува чудни фирми по тоа тракинзите пратката нигде ја нема. Како човек да не помисли дека не лажат со тие бројчиња.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Од Yanwen бројчињата не ги фаќа на обичен тракинг, има на 17track подолу едно копче каде што можеш да следиш Yanwen (четврто од секцијата Top E-Commerce Carriers), или на директниот линк http://www.yw56.com.cn/english/index.aspx . Од Yanwen ми стигале на обична пошта, не преку брзи пошти.

Ми имаат и мене давано лажни бројчиња за тракинг, не знам дали беа од Yanwen. Се познаваат по тоа што многу брзо завршуваат работа, за неколку дена наводно ти е стигнато. Но и тие пратки ми стигнувале (многу подоцна).

И нема ништо страшно да дадеш или јавно објавиш тракинг бројче, не е дека некој може да ти го земе пакетот без твоја лична карта.
 
Big Bull

ОК
Член од
23 август 2008
Мислења
562
Поени од реакции
393
И јас имам моментално нарачка со тракинг од Yanwen. Пишува дека е стигната на аеродромот во Скопје на 04ти декември, а кај мене уште не е пристигната. Не се замарам многу си чекам да заврши estimate delivery time и ако не стигне до тогаш, пари назад и чао. Не знам што дигате толку паника.
 
TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
371
Поени од реакции
473
Дали има врска адресата на Paypal со таа на ebay при купување?
We only ship to confirmed PAYPAL addresses. Your PAYPAL address MUST MATCH your Shipping address.
Прашувам за ова бидејќи на Paypal (словенечки), покрај адресата пишува "[адреса],Slovenia", а на ebay нормалната адреса.

Порачав една пратка и веќе 3 недели не е стигната од кога помина estimated периодот. Чаре?
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.234
Дали има врска адресата на Paypal со таа на ebay при купување?
We only ship to confirmed PAYPAL addresses. Your PAYPAL address MUST MATCH your Shipping address.
Прашувам за ова бидејќи на Paypal (словенечки), покрај адресата пишува "[адреса],Slovenia", а на ebay нормалната адреса.

Порачав една пратка и веќе 3 недели не е стигната од кога помина estimated периодот. Чаре?
Нема врска, купувачот ја гледа само Ибеј адреста не и Пејпал.
 
Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
677
Поени од реакции
207
Здраво дечки! Ќе можете ли да ми најдете на eBay футрола за телефон за ZTE Kis II MAX? Бидејќи не сум нарачувал ништо од таму, па затоа ми треба ваша помош. Ви благодарам однапред! :)
 
Big Bull

ОК
Член од
23 август 2008
Мислења
562
Поени од реакции
393
Здраво дечки! Ќе можете ли да ми најдете на eBay футрола за телефон за ZTE Kis II MAX? Бидејќи не сум нарачувал ништо од таму, па затоа ми треба ваша помош. Ви благодарам однапред! :)
тука
 
S

StormRage

Гостин
Нешо читам барам копам по интернет али никаде конкретен одговор. Сакам да купам тастатура, Corsair K70, околу 100тина долари. Тука ја нема (нормално како пола од работите кои што сакам да ги купам, останатата половина се дупло поскапи) и ја начекав по ebay.
Муабетот со колегава на работа беше: Да ми ја спаковаат како поклон, да ја испратат без никаква сметка. Наводно немало царини/даноци на поклони.
Некој со некаква идеја колку ова би функционирало?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
Нема проблем, цариниците сигурно ќе ти поверуваат дека Ebay ти поклониле тастатура. Само барај им убо да го спакуваат поклонот, со туфни
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Нешо читам барам копам по интернет али никаде конкретен одговор. Сакам да купам тастатура, Corsair K70, околу 100тина долари. Тука ја нема (нормално како пола од работите кои што сакам да ги купам, останатата половина се дупло поскапи) и ја начекав по ebay.
Муабетот со колегава на работа беше: Да ми ја спаковаат како поклон, да ја испратат без никаква сметка. Наводно немало царини/даноци на поклони.
Некој со некаква идеја колку ова би функционирало?
Не функционира тоа гифт. може само да им кажеш да ти напишат некоја цена од 20-30$ па да пројде. Е сеа тие 100тина долари се со се достава или плус достава?
 
S

StormRage

Гостин
Не функционира тоа гифт. може само да им кажеш да ти напишат некоја цена од 20-30$ па да пројде. Е сеа тие 100тина долари се со се достава или плус достава?
ко шо видов е free shipping така да, со се достава да ги рачунаме :)
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
ко шо видов е free shipping така да, со се достава да ги рачунаме :)
Тогаш така, пиши му на продавачот нека пише 20-30$ и нека ја праќа :) на крај краева и да ти речат дека ке те одданочуваат на реалната цена од 100$ само 5% e данокот за компјутерски компоненти.
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Parfem 90ml kolku ke mi dojdat plus trosoci? Narackata e 44 dolari, free shipping pisuva. Nemam dosega poracano od Ebay.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom