Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Хахахаха,јако ова со звучнициве :) го заборавив твоето прашање друже а многу е интересно :)
Повеќе ми одговара секуларна бидејќи христијанството како религија нема државнички елемент, односно не може да се постави врз христијански темели, кога е во прашање тој државно-уредувачки елемент бидејќи христијанството не е "општествено-духовна" религија :)[DOUBLEPOST=1451403656][/DOUBLEPOST]
Зарем вие не велевте дека во верата нема присила?
Баш ме интересира сопругите ваши што чуваат бебиња и мали деца и кои по цела ноќ неколку пати мора да се будат за да го пресоблечат и успијат детето како реагираат кога ќе им грмне оџата в соба за време на сабах, таман кога конечно ги фатила утринската дремка, а згора на сè тоа, ако треба сабајле да одат на работа?

Или нив никој не ги рецка?
Нема проблем со тоа, не се секирај. :)
И не сфаќам како ти на тоа гледаш како присила, мислам во ред е да ти смета гласноста на звучниците, го разбирам тоа, ама присила е нешто сосем друго.
Го спомнав примерот со гласноста од кафичите и дискотеките, тоа што на пример мене ми смета тоа е една работа, ама јас тоа да го нарекува присила нема смисла, бидејќи никој не излегол од кафич да ме земе за рака и на сила да ме внесе во кафич или дискотека.
Исто и тебе никој нема да излезе од џамија и да те земе на сила во џамија. :)
 
Хахахаха,јако ова со звучнициве :) го заборавив твоето прашање друже а многу е интересно :)
Повеќе ми одговара секуларна бидејќи христијанството како религија нема државнички елемент, односно не може да се постави врз христијански темели, кога е во прашање тој државно-уредувачки елемент бидејќи христијанството не е "општествено-духовна" религија :)
Така е Христос вели царското на царот....,но духовното може да се примени во државното уредување,ти дадов пример со Византија, факт е дека била хритијанска теократија и функционирала 10 века,царска Русија.
Нагледен пример општествено уредување како Византија или Македонија денес?
 
Берик , секое кршење на закон води кон анархија и непочитување на институцијата држава! Ти лесно преоѓаш преку овој проблем кој воопшто или незначително те тангира. Не е исто овој албански мобинг и насилие да се гледа од Штип и од Тетово. И не се исто минарето на џамија да е лоцирано во близина на твојата куќа и муслиманската молитва во вид на рикање да те буди во 4 часот со целото семејство и да им наметнува стресови и психози.На проблемот Македонија мора да му пријде сериозно , зошто ако шиптарот не го почитува законот има за цел да направи зло!
Јас воопшто не знам зошто би дискутирал со лик кој има ник: АНТИКМАКЕДОН, ама ајде ќе направам исклучок овој пат, иако самиот ник ти го опишува твојот ментален склоп.
Само за да ти објаснам нешто, онака за понатаму у живот да си знаеш.
Најголемите проблеми се решиле со правилен пристап, а дури и најмалите проблеми не можат да се решат со погрешен пристап.
Па така и ти нема ништо, дури ни на форумов да постигнеш со тој пристап.
Кога за еден народ/нација некој назив е навредувачки ќе се трудиш од општа култура да не го користиш тој израз, јас не сум албанец, ама на пример никогаш на форумов не сум го употребил зборот каур/ѓаур за да ги навредам христијаните македонци, тоа е одраз на култура и воспитување.

и второ, кога секој граѓанин на македонија не го почитува законот има за цел да направи зло, а не само шиптарот.
А тоа е главниот проблем кој Македонија мора да го реши, но само со правилен пристап.[DOUBLEPOST=1451404595][/DOUBLEPOST]
Така е Христос вели царското на царот....,но духовното може да се примени во државното уредување,ти дадов пример со Византија, факт е дека била хритијанска теократија и функционирала 10 века,царска Русија.
Нагледен пример општествено уредување како Византија или Македонија денес?
Баш како што рече, Богу божије, цару царево.
Духовното не може да се примени во државното уредување бидејќи Византија и Царска Русија исто функционирале на човечки закони со тоа што акцент бил ставен на христијанството, но законите сепак биле човечки, и тоа ми е поентата.
Додека исламот има судски,правни,економски и останати закони што се основа на еден систем и на што треба да се темели една држава.
Како на пример христијанството ги решава имотно-правните односи?
Како се постапува кога ќе се разведеш од сопругата?
Како се склопуваат договори, како се тргува, што е дозволено а што забрането во трговија?
Тој елемент христијанството не го поседува, за разлика од исламот, кој дава насоки како и поединецот и државата да се движат, дури и ако на пример муслиман не живее во држава која е уредена по исламски закони, итн итн.
Тоа ми беше поентата.[DOUBLEPOST=1451404704][/DOUBLEPOST]
Да беше ВМРО ДПМНЕ на власт сиве овие години, ова немаше да се случува. Двојните аршини при спроведувањето на законите се исклучиво винја на власта и на никој друг.
Па кој е на власт сиве овие години?
Или ти си од вмрото на јове кекеновски? :)
 
Последно уредено:
Ј
Баш како што рече, Богу божије, цару царево.
Духовното не може да се примени во државното уредување бидејќи Византија и Царска Русија исто функционирале на човечки закони со тоа што акцент бил ставен на христијанството, но законите сепак биле човечки, и тоа ми е поентата.
Додека исламот има судски,правни,економски и останати закони што се основа на еден систем и на што треба да се темели една држава.
Како на пример христијанството ги решава имотно-правните односи?
Како се постапува кога ќе се разведеш од сопругата?
Како се склопуваат договори, како се тргува, што е дозволено а што забрането во трговија?
Тој елемент христијанството не го поседува, за разлика од исламот, кој дава насоки како и поединецот и државата да се движат, дури и ако на пример муслиман не живее во држава која е уредена по исламски закони, итн итн.
Зошто да неможе да се примени духовното(било применето-наведените примери), врз ’’царските закони’’.Иаме спор дека Византија била теократија?
Што е пречката христијанската етика да биде вметната во државното уредување/
Во однос на трговијата во царска Русија лихварството(на пример) било строго забрането,односно земаш кредит 1000 евра, врќаш 1000;).
Ако Македонија би била христијанска теократија абортусот(на пример) би бил строго забранет, за разлика од сега.
Ме чудиш како појеќе ти одговара уредување кое дозволува секојдневно да се убиваат невини,и згора на се го нарекува слобода на избор, наспроти христијанско уредување(различно пак од твоите престави)кое би забранило такво злосторство?
 
Целиот процес се вика рукја,односно исламски вид на егзорцизам.
на 1:49 вели: еузу биллахи мине-шејтани раџим(Ја барам Аллаховата заштита од шејтанот)
а на 13:30 е почетокот од сура Мулк, тебареке-леди биједихил мулк(Возвишен е Оној во чији е раце власта.)
 
Разбирам тоа брат ама понатака не разбирам што учи...ај послушај и кажи ми ако можеш....

1:49 после Еузу што учи?
 
Ima informacii, e sega ne znam kolku ima vistina vo toa, no ajde da pretpostavime deka e, deka se slucuva hristijanizacija na kurdite kako i na drugi narodi vo Sirija i Irak. E sega, bidejki islamot kaznuva preoganje od islam vo druga vera, sto se slucuva ako znacitelen del od populacijata pocnuva da preoga vo druga vera koja ne e islam?
 
Хахахаха,јако ова со звучнициве :) го заборавив твоето прашање друже а многу е интересно :)
Повеќе ми одговара секуларна бидејќи христијанството како религија нема државнички елемент, односно не може да се постави врз христијански темели, кога е во прашање тој државно-уредувачки елемент бидејќи христијанството не е "општествено-духовна" религија :)[DOUBLEPOST=1451403656][/DOUBLEPOST]
кафичите кафич
Исто и тебе никој нема да излезе од џамија и да те земе на сила во џамија. :)

Индикативно, злобно... Кој говори за државност? Или поточно каква е религијата која има државнички елементи...Во ХРИСТИЈАНСТВОТО религијата одамна се одвои од државата.Ако имаш барем минимум историска наобразба, ќе се сетиш на империјата Византија и Рим и средновековието...па Инквизицијата. Цивилизираниот свет го надмина тој период, а онаму каде религијата има државнички призвук-тоа е блокада на поимот цивилизација...
Ајде сега за кафиЧите и џамиите:
Ветер и магла коментар. Прво : јас сум христијан. Од Христ до денес. Трците не успеале 500 години да ме внесат во џамија на спроти некои кои верата си ја продале за торба урда.И тие сега се најгласни гласноговорници на исламот.
 
Кој го одредува зближувањето дали е претерано или не?
Има во Исламот некоја пропишана дистанца?

Прашувам за да си знам за коа ќе дое шеријатот тука.

ДО ОНЕСВЕСТУВАЊЕ

Индонежанка камшикувана зашто била „во непосредна близина“ на маж што не ѝ е сопруг (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Индонезиската покраина Ацех е единствената покраина во азиската земја во која се спроведува шеријатскиот закон. Просторот пред локалната џамија речиси секоја недела е резервиран за јавни камшикувања на луѓе кои се обвинети за ситни злочини, како коцкање, „претерано приближување“ до жени, ситни кражби и слично.

mkd-235661.jpg

mkd-235659.jpg

Така и оваа недела на плоштадот пред џамијата биле наредени луѓе кои по бруталното измачување биле вратени дома на носилки. Четворица мажи биле камшикувани поради коцкање, а една двојка студенти биле претепани поради „сексуален престап“. Особено било шокантно камшикувањето на 20-годишната Нур Елите, која била во агонија и пред да почне казнувањето.

Нур била казнета со пет удари со камшик по што била пренесена во локалната болница во бесознание. Сето тоа морал да го гледа мажот со кој била обвинета за „претерано зближување“.

Инаку, камшикувањето жени до оваа година било ретко, а потоа бил воведен законот според кој на жените им е забрането приближување до објекти кои нудат забавни содржини по 23 часот, освен ако се во придружба на сопругот или машки член на семејството. Исто така, на невенчани мажи и жени им е забрането заедно да се возат на мотоцикл.

Индонезиските власти на покраината Ацех ѝ одобрија автономија во 2001 година, откако сепаратистите се заканија со бунт, а тамошните лидери ја искористија ситуацијата за да воведат шеријат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom