Не мора да го поставуваш цел линк сосе текстот и сликата, тоа е за у тема Верски вести, овде можеше само прашањето и страницата од каде е превземена веста.
Инаку, не сум бил во индонезија кога се случило ова за да можам да кажам дали и колкаво било зближувањето

За дистанцата, коа ќе дое шеријатот, ќе дознаеш

[DOUBLEPOST=1451518662][/DOUBLEPOST]
Ете тоа е поентата и ете тука е една од битните разлики и ете тука е еден од главните во наводници проблеми.
За разлика од христијанството кое одамна се одвоило од државата, Исламот не можеш да го одвоиш од државата, барем не таму каде што се големо мнозинство муслимани бидејќи Исламот како религија дава комплетен систем на духовни и световни вредности по кои треба да се раководи човекот.
И додека христијанството било врзано со државата, имаме инквизација, крсташки војни, уништување на се што се коси со убедувањето на црквата, образование и наука сведени на минимум... а додека одвојувањето од државата носи прогрес, напредок итн итн.
Додека кај исламот е спротивното, додека мнозинско муслиманските земји се водеа спрема шеријатот, беа во цутот на развојот на науката, образованието,цивилизацијски подем и што уште не.
Кога Багдад беше милионски град со најголемата библиотека на светот,кога Дамаск беше трговски центар, Париз и Лондон не можеше да се најдат на мапа.
Кога светот се образуваше на универзитети во Исламска Шпанија(Андалузија), поточно во Кордоба и Гранада, Европа се давеше во мрак.
Затоа нигде, историски гледано нема да прочиташ и слушнеш за христијанска или еврејска цивилизација, ама затоа се спомнува Исламска цивилизација, покрај другите цивилизации.
Затоа западот троши милијарди и милијарди на Истокот, креира војни, колонизации и слично, само со една цел: Да го одвои Исламот од државата, да им промовира секуларност, демократија итн итн. бидејќи така најлесно може да управуваат со муслиманите.
Бидејќи со падот на хилафетот, започнува голготата на муслиманите.
Оттогаш имаме тиранија,диктатури во арапскиот свет, а кога ќе ги видиш челните луѓе на тие диктатури,све западни луѓе.. фамилијата Ассад во Сирија, Сиси во Египет, пред тоа Мубарак.
Бен Али во Тунис, Гадафи во Либија... све остатоци од колонизацијата.
И сега кога исламскиот свет се буди, западот пак вмешува прсти..преку своите структури,им создава терористички групи, лажни "исламски држави" кои ќе го претстават концептот на Исламска држава во толку ружно светло што и муслиманите да се запрашаат дали вистинската Исламска држава изгледа вака, и дали е ова навистина шеријатскиот закон и уз пат им ги користат природните ресурси, погледни низ арапскиот свет кој ја црпи нафтата и гасот, итн итн.
Би имал многу да кажувам на оваа тема.
Е ова ми е мило кога ќе го прочитам, со ова ви паѓаат во вода тезите дека Турците насилно потурчувале.