Еве добар текст кој вреди да се прочита и наманет ми е за сите а посебно за струмички ве почетници(христов) не за кошарката туку општо од навивање...не оти се разбирам многу од кошарка јас одам ради реда.....општо за навивањето ке ви помогни да го сватите...
Текстот е превземен од ultras.blog.com.mk
Интернет навивачи или кога компјутерите ќе ја заменат трибината. Проблем што се јавува не само во македонскиот интернет простор туку и на сите останати навивачки форуми.
Може ли да се дефинира интернет навивачот? Многу тешко. Но затоа може да се издвојат некои карактеристики кои не треба да ги красат оние што самите се нарекуваат фанови.
Прво и основно, воопшто не го разбираат значењето на интернетот како медиум кој може да им послужи како место каде ќе ја презентираат својата работа, ќе се споредат со другите, ќе го кажат своето мислење, ќе изнесат аргументи, некогаш ќе влезат во расправија. Напротив тие го користат интернетот како примарен медиум преку кој ќе ги одвиваат сите свои активности често без никакво присуство на самиот стадион. Мислат дека тоа што го пишуваат е исто како реално да се случило. Навивачкиот живот е повеќе од седење пред компјутер и посетување на веб страни. Тоа не те прави навивач. Ултрас, уште помалку.
Љубовта кон клубот е она што те води. Како ли може да се навива за неколку клубови истовремено? Можеби да симпатизираш да, но сакаш само еден. Добро, претежно се тие деца кои немаат повеќе од 17-18 години, но тие се оние кои треба некогаш да бидат на првите редови на трибината. Како ли да се објасни тоа што избираат гледање на фудбал на ТВ пред одење на стадиони? Или, зошто не беше на натпревар? „Не ме пуштаа од дома“, „Ладно беше“ бла бла бла. Па едно од најважните навивачки правила е секогаш со својот клуб без разлика на приликите. Треба да живееш за денот на натпреварот.
Навивач не те прави ниту тоа ако правиш некоја акција само за да ја презентираш на интернет. Кореографиите, знамињата, транспарентите се прават заради клубот и да се мотивираат играчите, да се направи подобра атмосфера. Мене апсолутно ништо нема да ми значи некоја порака ако никој не ја видел на стадион. Одличен пример беше пораката „RIP Gabriele“ на еден странски форум која никогаш не беше извадена на стадион од страна на една странска минорна група која себе се нарекува ултра. Или има многумина кои пишуваат „ACAB“, а не ни знаат каква е вистинската полициска репресија.
Интернетот не може да те научи како да направиш транспарент или кореографија. Се зависи од твојата креативност. Не треба да бараш совет од друга група што да направиш. Преземи го ризикот врз себе. Не може друг да ти каже напушти ја твојата група или формирај нова. Не може да ти каже ни како да формираш нова група. Се е до твојата способност, имагинација и замисла. Ако немаш идеја воопшто не почнувај со нејзина реализација.
Биди пријател со сите на интернет. Непријателството остави го за на трибина. Пред компјутер можеш да бидеш што сакаш. На трибина се гледа твоето вистинско лице. Две-три реченици на форум не значат ништо. Две-три пораки или транспаренти на стадион се стварно нешто значајно. Покажување на твоето лица на интернет е ништо. Покажување на твоето право лице на трибина е нешто. Ако сакаш да изиграваш фраер на интернет оди на страници од типот на пријатели.ком или хи5. Мене не ми е важно ни кој си ни како изгледаш. Но важно ми е дали одиш на натпревари и навиваш од срце за твојата екипа. Ме интересира што си направил и дали тоа си го направил од срце. Или...
Навивањето се учи на трибина. Пракса се добива на трибина. Уживањето е на трибина. На интернет можеш да видиш како тоа го прават другите и ти самиот да се подобриш. Не чекај да прочиташ негде што е правилно што не. Самиот одлучи и преземи акција. Биди независен. Биди оригинален. Мрш на трибина