Дилема

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Колку што од слепиот може да се очекува да види изгрејсонце, толку од тебе може да се очекува да препознаеш генијалност.
Еве како се препознава нечија генијалност: да објасни сложени нешта со едноставен речник, речник разбирлив и за уки и за неуки.

Ај обиди се...Немој после да биде „..мене никој не ми кажа „како„...„.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Еве како се препознава нечија генијалност: да објасни сложени нешта со едноставен речник, речник разбирлив и за уки и за неуки.

Ај обиди се...Немој после да биде „..мене никој не ми кажа „како„...„.
Ти се обидуваш да поистоветиш догма со научен резултат или откритие, алудирајќи дека и двете се темелат на верување затоа што и во двата случаи неможело да се дојде до заклучокот преку лично искуство. Тоа што е фалично во твојава "поента" е што во науката нема догми, нема слепо верување во ништо. Значи заклучокот дека земјата се врти околу сонцето не е резултат на догма која се базира на сведоштво од пред неколку илјади години кое никој не смее да го доведува во прашање! Напротив, тоа е плод на низа објективни и егзактни набљудувања, пресметки и откритија што секој може да ги оспори и да изнесе противаргументи за нив, доколку има, нормално.
Уште една ноторна глупост е "аргументот" дека требало однадвор да ја видиш земјата и сонцето за да знаеш дека таа се врти околу сонцето а не обратно. Денеска има многу сонди, сателити, ровери и лендери на или околу сите планети од сончевиот систем, а сепак човекот не бил директно на ниедна од нив. Тогаш како според твојов "аргумент" знаеле каде ќе биде одредена планета во одредено време?! Нели треба лично некој да бил таму, за да знае каде е? А сепак денес без проблем се лансираат разни мисии низ целиот сончсв систем! Тоа е така бидејќи постојат математички пресметки со чија помош може да се определи местоположбата, брзината и масата на сите тела во сончевиот систем!
Гравитацијата неможеш да ја видиш, но сите ја чуствуваат нејзината привлечна сила! Не ти треба пророк, апостол, евангелие или библија за да знаеш што е гравитација! Бидејќи чуствуваш како те привлекува кон земјата! Знаејќи колку забрзување во единица време има, може да се пресмета истата! Потоа преку слични методи на набљудување и пресметки може да се определи кое тело колкава гравитација има, а преку гравитацијата и колкава маса!
Како што гледаш Мики, твојот обид да ги ставиш во ист кош науката и верувањето е кутар обид, од проста причина што во црквата немаш егзактност, објективност и непристрасност! Догмите не се базираат на набљудување, експеримент и повторување на истиот резултат, туку се сведоштва што не дозволуваат преиспитување и сомнеж! Ниеден научник нема да те прогласи за "еретик" само затоа што си се обидел да оспориш одредено откритие, ако за истото имаш аргументи! А догмите не се аргументи!
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ти се обидуваш да поистоветиш догма со научен резултат или откритие,

Погрешно...[DOUBLEPOST=1451326112][/DOUBLEPOST]
алудирајќи дека и двете се темелат на верување !

Точно...[DOUBLEPOST=1451326157][/DOUBLEPOST]
затоа што и во двата случаи неможело да се дојде до заклучокот преку лично искуство.

Погрешно...[DOUBLEPOST=1451326290][/DOUBLEPOST]
Тоа што е фалично во твојава "поента" е што во науката нема догми, нема слепо верување во ништо.
Погрешно: сите атеисти на форумов (а и шире...) веруваат во науката, правејќи од неа догма.[DOUBLEPOST=1451326371][/DOUBLEPOST]
Значи заклучокот дека земјата се врти околу сонцето не е резултат на догма која се базира на сведоштво од пред неколку илјади години кое никој не смее да го доведува во прашање! Напротив, тоа е плод на низа објективни и егзактни набљудувања, пресметки и откритија што секој може да ги оспори и да изнесе противаргументи за нив, доколку има, нормално.
Ги има: моето око не може да види дека Земјава се „врти„ околу Сонцето. Собори ја наведената очигледност.[DOUBLEPOST=1451326455][/DOUBLEPOST]
Уште една ноторна глупост е "аргументот" дека требало однадвор да ја видиш земјата и сонцето за да знаеш дека таа се врти околу сонцето а не обратно. Денеска има многу сонди, сателити, ровери и лендери на или околу сите планети од сончевиот систем, а сепак човекот не бил директно на ниедна од нив.
Да, има, само што тоа не се субјекти/луѓе, туку технички „направии„, кои нудат посредни а не непосредни сознанија.[DOUBLEPOST=1451326525][/DOUBLEPOST]
Т Тогаш како според твојов "аргумент" знаеле каде ќе биде одредена планета во одредено време?!
Според цикличната повторливост на движењето од планетите.[DOUBLEPOST=1451326618][/DOUBLEPOST]
Нели треба лично некој да бил таму, за да знае каде е? А сепак денес без проблем се лансираат разни мисии низ целиот сончсв систем! Тоа е така бидејќи постојат математички пресметки со чија помош може да се определи местоположбата, брзината и масата на сите тела во сончевиот систем!
Тоа и јас го велам...Слично непто знаеја и во Вавилон па не им требаа сонди и сателити.[DOUBLEPOST=1451326766][/DOUBLEPOST]
Гравитацијата неможеш да ја видиш, но сите ја чуствуваат нејзината привлечна сила!
Велиш?...

Ето, некои од членовите од форумов (а и шире...) чекаат некој друг да им каже и докаже за постоењето на гравитацијата. Беше споменат чак и Хокинг, ни мање ни више...

Ако не можам да ја видам гравитацијата а можам да ја осетам, што ме спречуда на не Го видам Бога а да верувам во Него?[DOUBLEPOST=1451326895][/DOUBLEPOST]
Како што гледаш Мики, твојот обид да ги ставиш во ист кош науката и верувањето е кутар обид,
Не, туку тоа е твој кутар обид да ми подметнеш нешта кои не сум ги напишал.[DOUBLEPOST=1451327041][/DOUBLEPOST]
што во црквата немаш егзактност, објективност и непристрасност!
Има: мојата вера „пати„ од неменливист и невидена егзактност; кажи ми еден таков случај со науките, под услов да не е од сферата на апстракциите.[DOUBLEPOST=1451327116][/DOUBLEPOST]
Догмите не се базираат на набљудување, експеримент и повторување на истиот резултат,
Почетнички грешиш...[DOUBLEPOST=1451327218][/DOUBLEPOST]
Ниеден научник нема да те прогласи за "еретик" само затоа што си се обидел да оспориш одредено откритие, ако за истото имаш аргументи! А догмите не се аргументи!
Погрешно: научнице-“еретеци„ редовно останувата без работа: ај нека се посомнева некој во елолуционата лага, да го видам!
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729
мкд владе, одговорот ти е даден повеќе пати, ама не ти е по мерак.

Ај да те потсетам:

http://89.205.123.45/threads/Дилема.80139/page-13#post-7532340

http://89.205.123.45/threads/Дилема.80139/page-14#post-7535064

http://89.205.123.45/threads/Дилема.80139/page-15#post-7537616

Сега, пак прашај ме зашто не читаш што ти се пишува..
Па баш затоа те прашувам бе МИКИ. Еднаш велиш очигледно е дека сонцето се врти околу земјата , а не обратно. После наводно сум ти подметнувал зборови кои не си ги напишал и за на крај да заклучиме што ?
Или ајде редоследно од тоа што ти го имаш напишано:
1. со просто набљудување на небото, можам да видам дека Сонцето е тоа кое се „врти„ околу Земјава, изгревајќи на исток, движејќи се до зенитот и заоѓајќи на запад, што е очигледно за секој поединец со здраво око и разум.
2. Тастатурата е О.К., туку ти се обидуваш да ми подметнеш зборови кои не сум ги напишал.
3. Никаде не напишав дека Земјава е фиксна и дека се‘ се врти околу неа.
Искрено ме збуни сега. Значи ако зборуваме за цела вселена се си се врти околу се, ама не зборуваме за цела вселена туку за нашиот сончев систем. Кој се врти околу што во нашиот сончев систем ? Многу ми е гајле мене за во Алфа Кентаури кој околу што се врти.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729
Ајде без навреди . Ова нека важи за сите освен секако за @Beric Dondarrion . Тој ни е како да речам, нешто како маскота на форумот, или дворски шут. Него му е се дозволено. Другите барем малце од малце да држиме некое ниво. Еден дворски шут на една тема е сосем доволен.
Сега уште да разграничиме околу вртењето па да се вратиме на темата. Или пак да продолжиме за црните дупки. Ни тргна секако.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па баш затоа те прашувам бе МИКИ. Еднаш велиш очигледно е дека сонцето се врти околу земјата , а не обратно. После наводно сум ти подметнувал зборови кои не си ги напишал и за на крај да заклучиме што ?
Или ајде редоследно од тоа што ти го имаш напишано:
1. со просто набљудување на небото, можам да видам дека Сонцето е тоа кое се „врти„ околу Земјава, изгревајќи на исток, движејќи се до зенитот и заоѓајќи на запад, што е очигледно за секој поединец со здраво око и разум.
2. Тастатурата е О.К., туку ти се обидуваш да ми подметнеш зборови кои не сум ги напишал.
3. Никаде не напишав дека Земјава е фиксна и дека се‘ се врти околу неа.
Искрено ме збуни сега. Значи ако зборуваме за цела вселена се си се врти околу се, ама не зборуваме за цела вселена туку за нашиот сончев систем. Кој се врти околу што во нашиот сончев систем ? Многу ми е гајле мене за во Алфа Кентаури кој околу што се врти.
мкд владе,

еве ти одговор, поедноставен да не може да биде: моето вродено око гледа дека Соцнето се „врти„ околу Земјата.

Ај кажи ми, дали твоето око го гледа истото или гледа некој сосема поинаков космички феномен?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
мкд владе,

еве ти одговор, поедноставен да не може да биде: моето вродено око гледа дека Соцнето се „врти„ околу Земјата.

Ај кажи ми, дали твоето око го гледа истото или гледа некој сосема поинаков космички феномен?
Мики тебе календарот ти е грешен изгледа. Де провери да не ти пишува 1015-та?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики тебе календарот ти е грешен изгледа. Де провери да не ти пишува 1015-та?
squirrel,

ај одговори на моето прашање: дали твоето око го гледа истото или гледа некој сосема поинаков космички феномен?

Патем, денес е 29-ти декември, 2015 г.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Нема што да ти одговарам, вакви тези едноставно не припаѓаат на ова време.
Мики, дали Земјата е центар на универзумот затоа што сите ѕвезди на небото се вртат околу Земјата? Ако излезеш и ги набљудуваш ѕвездите навечер, тие се вртат исто како и Сонцето. Значи Земјата е центар на универзумот и не случајно Бог создал живот токму тука.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729
мкд владе,

еве ти одговор, поедноставен да не може да биде: моето вродено око гледа дека Соцнето се „врти„ околу Земјата.

Ај кажи ми, дали твоето око го гледа истото или гледа некој сосема поинаков космички феномен?
Оти бе МИКИ го ставаш во наводници тоа врти, испаѓа дека како божем се врти.
И како што реков, не се работи тука за докажување кој е во право кој не, чисто ме интересираше твоето мислење околу тоа, ништо повеќе ништо помалце.
Моето око го гледа истото што го гледа и твоето, но мојот заклучок или твојот не значи дека е и точен. Јас можам да видам во пустина вода каде вода нема на 1000 км околу мене. И што ако јас гледам вода кога се работи за фатаморгана. Да не се напијам случајно?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Моето око го гледа истото што го гледа и твоето, но мојот заклучок или твојот не значи дека е и точен.
Е оти така? Окото гледа „едно„ а разумот вели „друго„? Кај е проблемо‘?[DOUBLEPOST=1451386234][/DOUBLEPOST]
Мики, дали Земјата е центар на универзумот затоа што сите ѕвезди на небото се вртат околу Земјата? .
Не знам.
Ти, што велиш?[DOUBLEPOST=1451386279][/DOUBLEPOST]
Ако излезеш и ги набљудуваш ѕвездите навечер, тие се вртат исто како и Сонцето.
Што е проблемот со очигледноста од небесните појави?[DOUBLEPOST=1451386461][/DOUBLEPOST]
Значи Земјата е центар на универзумот и не случајно Бог создал живот токму тука.
Земјата е центарот на Вселената затоа што:
- Бог ја створи Земјава пред Сонцето и Месечината,
- Бог ги створи живите битија на Земјава,
- Бог го створи Рајот на Земјава,
- Бог го створи човекот на Земјава,
- Бог го истера ѓаволот на Земјава,
- Бог дојде првиот пат на Земјава,
- Бог ќе дојде вториот пат на(д) Земјава.

Како што можеш да видиш, Земјава ќе да е битна појава во Вселената, како ниту една друга позната или непозната планета.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
НИЕ ВЕРУВАМЕ ВО НАУКА АМА ТИ ВО НАУЧНА ФАНТАСТИКА!

А дека од науката може да произлезе догма, братче иди замонаши се те молам и подалеку од ширење на дезинформации на форум. Ти момче цитираш луѓе кој читале за наука, имале одличен успех ваљда по физика и хемија, доколку ти сигурно само по веронаука. Гледаш за 90% од луѓето само на форум твоите теории се смешни, тие се смеат на тие Клеопа-мислења. Дај само не си го валкај образот човече и Ајнштајн се лути, ми кажа еден светец во сон.[DOUBLEPOST=1451387463][/DOUBLEPOST]Викаш додека си здрав и среќен не го бараш Бога, а кога дојде некоја лоша ситуација на болест оп викаме по него. Уште еден доказ дека не можам да бидам христијанин при здрав разум. :pos:[DOUBLEPOST=1451387693][/DOUBLEPOST]Овој стварно верува дека - Бог ќе дојде вториот пат на(д) Земјава. :toe:[DOUBLEPOST=1451387890][/DOUBLEPOST]Avatars/Siddhas/Buddhas/Adepts (КЛЕОПА) can only inspire you but cannot save you. Only you can save your soul.

“Work out your own salvation. Do not depend on others.” –Buddha
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom