Кај мене дома правоаголниот простор е добиен со споени 2 соби (поголема квадратура) исто со 2 врати влез, само шо во реновирањето едната ја преградивме. Грубо нацртано, во пеинт зш моментално седам на машина шо ја користелТутанкамон (аманет остаена), каков е распоредот и некое објаснување ќе пишам и мојт ќе ти се најт од помош. (ак ти се најт ак не здравје

)

Значит од ходникот има само еден влез, кој ја поврзува цела просторија. Во целата просторија има 2 оџаци за поврзување на огниште (се греам на дрва). Одма под број 1 е сместена конзола со сите а/в елементи а на ѕидот е поставен телевизорот, одма над него се поставени полици. Под број 2 е поставена аголна гарнитура за 7 лица и фотеља, број 3 е клубска маса. Во дневната исто се поставени и слики, саскии, подни ламби и останати некој си уркаси ни мое ни твое

Под број 4 е поставена трпезариска маса и столчиња за комотно седење од 6 до 8 лица. Број 5 е поставена кујна долж целиот ѕид, тука имат све и сешто, мијалник, болерче проточно, работна маса, плотна и аспиратор, рерна, микробранова, фрижидер, па наткасна ваква за чаши, па наткасна онава за чаршави, па виљушки вакви, тенџериња онакви

... Во истата соба се поставени слики и некој си таму џиџимиџарници.
Земи во предвид, колку членови сте во семејството, дали имаш планави за во иднина, со шо се грејш, колку готовите дома, колку време приближно поминувате низ дома, колку срества имаш за инвестирање...И така натаму и така наваму

Уреди го просторот според потребите кои ги имаш, немој да гледаш многу по интернети па накрај да напрајш една просторија нефукционална.