Помош за уредување на простор(кујна+дневна)

Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Дечки ми треба мала помош односно идеи за уредување на простор. Значи вака, 2 соби ќе бидат споени во една. Собите се со димензии 4x4 и имам два влеза во нив. Ќе добијам правоаголен простор од 8x4 со две врати. Сите идеи што ги најдов на интернет со споени кујна и дневна не се во правоаголни форми и не можев да најдам нешто што ми се допаѓа. Нацртав една груба слика (PAINT :D) и со црвено обележав кој ѕид ќе биде кутнат, а со зелено вратите.
Се извинувам ако е на погрешно место темава.
71jBsGN.png
 
Кујничето нека биде помало и во него изгради еден шанк кој ќе служи како трпезариска маса и ќе го двои двете простории. Шанкот и не мора да биде целосно отворен, кажи ми дали да барам слика ако си заинтересиран за идејава.
 
И јас мислев нешто слично, сакав во горниот дел да биде дневната а доле десно да биде кујната и трпезариска маса..
Kitchen-And-Living-Room-Combined.jpg

Слично како ова само мислев кујната да биде завртен на една страна за да има простор и за трпезариска маса.
 
Трпезариска маса плус би ти го затворила многу просторот, пренатрупано ќе ти биде. Ако ти е за гости, или сте поголема фамилија, подобро подолг шанк и повеќе столици. Не мора столчињата да стојат само на една страна, нека стојат околу шанкот. Овака нешто како на сликава што си ја ставил, само со повеќе столчиња.

И јас планирам овакво нешто и имам размислувано за шанк плус мала кујнска маса во некој полукруг, залепена до прозор, на пример, ама се зависи од големината на просторијата.
 
Дечки ми треба мала помош односно идеи за уредување на простор. Значи вака, 2 соби ќе бидат споени во една. Собите се со димензии 4x4 и имам два влеза во нив. Ќе добијам правоаголен простор од 8x4 со две врати. Сите идеи што ги најдов на интернет со споени кујна и дневна не се во правоаголни форми и не можев да најдам нешто што ми се допаѓа. Нацртав една груба слика (PAINT :D) и со црвено обележав кој ѕид ќе биде кутнат, а со зелено вратите.
Се извинувам ако е на погрешно место темава.
71jBsGN.png
па кој ќе ти прави нека ти направи прво во 3д да видиш како ќе дојде
https://www.facebook.com/em.dizajn
 
Дечки ми треба мала помош односно идеи за уредување на простор. Значи вака, 2 соби ќе бидат споени во една. Собите се со димензии 4x4 и имам два влеза во нив. Ќе добијам правоаголен простор од 8x4 со две врати. Сите идеи што ги најдов на интернет со споени кујна и дневна не се во правоаголни форми и не можев да најдам нешто што ми се допаѓа. Нацртав една груба слика (PAINT :D) и со црвено обележав кој ѕид ќе биде кутнат, а со зелено вратите.
Се извинувам ако е на погрешно место темава.
71jBsGN.png
Ходникот која квадратура е? Дали ова што ни го претстави е целиот стан или само е еден дел од станот? Ако е стан, каде е влезната врата? Дали плавото е тарасата и ако е тараса, од каде е вратата?

Нацртај или опиши, па полесно би било да ти помогнам................, па дури и нешто друго би ти предложил:)
 
Кај мене дома правоаголниот простор е добиен со споени 2 соби (поголема квадратура) исто со 2 врати влез, само шо во реновирањето едната ја преградивме. Грубо нацртано, во пеинт зш моментално седам на машина шо ја користелТутанкамон (аманет остаена), каков е распоредот и некое објаснување ќе пишам и мојт ќе ти се најт од помош. (ак ти се најт ак не здравје:D)
5124.jpg
Значит од ходникот има само еден влез, кој ја поврзува цела просторија. Во целата просторија има 2 оџаци за поврзување на огниште (се греам на дрва). Одма под број 1 е сместена конзола со сите а/в елементи а на ѕидот е поставен телевизорот, одма над него се поставени полици. Под број 2 е поставена аголна гарнитура за 7 лица и фотеља, број 3 е клубска маса. Во дневната исто се поставени и слики, саскии, подни ламби и останати некој си уркаси ни мое ни твое:D
Под број 4 е поставена трпезариска маса и столчиња за комотно седење од 6 до 8 лица. Број 5 е поставена кујна долж целиот ѕид, тука имат све и сешто, мијалник, болерче проточно, работна маса, плотна и аспиратор, рерна, микробранова, фрижидер, па наткасна ваква за чаши, па наткасна онава за чаршави, па виљушки вакви, тенџериња онакви:D... Во истата соба се поставени слики и некој си таму џиџимиџарници.
Земи во предвид, колку членови сте во семејството, дали имаш планави за во иднина, со шо се грејш, колку готовите дома, колку време приближно поминувате низ дома, колку срества имаш за инвестирање...И така натаму и така наваму:D Уреди го просторот според потребите кои ги имаш, немој да гледаш многу по интернети па накрај да напрајш една просторија нефукционална.
 
Ходникот која квадратура е? Дали ова што ни го претстави е целиот стан или само е еден дел од станот? Ако е стан, каде е влезната врата? Дали плавото е тарасата и ако е тараса, од каде е вратата?

Нацртај или опиши, па полесно би било да ти помогнам................, па дури и нешто друго би ти предложил:)
Вака се работи за куќа, ходникот е означен тоа е салон и е голем околу 5.5x4м
Плавото делче е шпаиз кој е оставен за машина за перење.
Не најдов никакви слики на интернет за просторија со вакви димензии, а многу многу идеи немам.. Сите пријатели кај што сум бил имаат поинаква форма собите..
 
Чим тоа што си го означил со ходник е салон од 5.5х4 метри, тогаш имаш сосема друга опција за уредување на домот. Јас би ти го предложил овој.....

1.jpg

Салонот/дневната која ја имаш нека остане, зошто не би имало логика при еден салон/дневна ти да правиш уште една дневна. Ѕидот помеѓу собата 1 и ходникот/дневната/салонот сруши го. Собата 1 ќе премине во кујна и на тој начин ќе добиеш споени дневна и кујна. Собата 2 нека остане онаква каква што е и ќе имаш една соба плус. Онаму каде имало шпајз и каде стоела машината сега би имал вградени плакари, а машината со алишта е обележана со темно плаво и би одела во кујна. Има многу кујни каде што машината за перење стои во кујна. Или ако неќеш така, а имаш простор во ВеЦе/купатило, таму стави ја.

Ако не ти се свиѓа ова, ќе ти го осмислам просторот како што ти веќе имаш побарано и замислено во воведниот пост:)
 
Прегледај го приврзокот 134925

Ми се допаѓа ова меѓутоа не ми одговара како инвестиција, а и планот не беше замислен така.. Не планирам да менувам распоред освен ѕидот што е испланиран да се кутне, значи ми треба распоред за собата што ќе биде 8x4.. Инаку се занимавам со графика ама би можел да средам сам нешто, што мислите у кој програм би било најдбро да си го нацртам просторот и да си го уредам?
Ако имате идеи и слики ќе ми бидат од корист бидејќи уште не сум одлучил ништо..
 
Тогаш да одиме по твојата прва замисла. Јас вака би ти предложил.......

1.jpg

Но сепак има и еден куп други начини за тоа како да го искомбинираш просторот. Ако не ти смета помала маса за јадење, тогаш можеш самата маса да ја вметнеш како дел од кујната, т.е. како мал шанк. Или пак можеш да имаш кујна во еден ред, не мора да биде аголна, со што ќе добиеш во простор. Побарај слики од домови и на Интернет и види примери за уредување на домот.

:)
 
Абе ајде сите станавте архитекти! Ха ха иди побарај професионална помош а не пеинт цртежи ;) П.С ми даде идеја за тема.
 
е како не бе, професионална помош ќе бараме за џабе пари да фрламе.
 
Скржавиот секогаш дупло плаќа.
Не ми кажувајте дека личност што читал на нет или гледал слики или цртал во пеинт ко децана.. Подобро од архитект ќе ја среди својата куќа, епа ете гледам колку е средена. Архитектите си ја остаиле својата младост учејќи.. Ако немаш или не ти се даваат пари е друго а дека се џабе се даени парите или дека подобро ќе го напраиш нештото иди кажи на некое дете :lolzz::lolzz::lolzz:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom