Star Wars

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно ниту во оваа трилогија нема да ми се исполни желбата а тоа е да дадат сцена каде што ќе се тепаат 20 на 20 џедаи против sith лордови. Но добро, мислам дека чим тоа не го направија во втората трилогија каде што имаа простор за такво нешто, веќе тоа нема ни да се деси.

За филмот, одличен е, задоволен сум. Да, можеби има некои ствари што потсетуваат на оригиналната трилогија, сепак сакаат да играат на картата носталгија. Ние што сме израснати со втората трилогија можеби и не разбираме толку, али луѓето што ги гледале филмовите од 77ма и што се растени со нив, којзнае како им е кога ќе видат некои познати работи.

Во следната епизода очекувам повеќе информации да се дадат за Реј и тој што беше главниот, the supreme leader. Само не сакам да биде нешто клише во стилот на Кајло да биде трениран од Supreme Leader, Реј да биде тренирана од Лук и испадне негова ќерка и на крај овие да испаднат братучеди и да мора да се тепаат еден против друг. Шпанска серија.

Ми фалат џедаи, јебига. Нема нешто по bad ass од џедај, не постои до сега измислено во било кој филм, игра, стрип што и да е. И ништо во филмот не ми крева толку адреналин кога ќе бидам битка на двајца со lightsaberи. Пред да го изгледав филмов, немав ништо читано и не знаев во кој правец ќе се одвива и цело време си мислев дека после Лук некако ќе се врати цела таа религија на џедаите, ете нешто Лук пробал да врати ама не му успееало и се откажал. Fair enough.

До сега имам се изгледано од филмови и анимирани серии што се во врска со Star Wars, имам прочитано доста стрипови, но немам читано никакви книги од оваа франшиза. Така да може ли некој да ми даде некаков guide на книги од Star Wars, кои да ги читам, што да читам и од кај да почнам да читам.
http://www.tor.com/2013/01/10/where-to-begin-with-star-wars-books/

Инаку за Реј обавезно нека ви биде јасно дека мора да е крвно поврзана со некого штом има така јак левел за Силата :P. Досегашните филмови на тоа не научија. Или е ќерка на Лук или на Леа, трето нема, според мене. Мислам дека таа теорија е 95% точна, освен ако извадат некој јак мајндфак за следните делови, што не ми се верува. Пошто после првите 2 дела од втората трилогија има гласини дека било планирано Џар Џар Бинкс да го прикажат како Сит Лорд и тоа многу јак, што верувам ќе бил ептен голем мајндфак и заедно со комплетното преминување на Анакин во Дарт Вејдер ќе го направеше 3-ката уште подобар дел, арно ама се раширило мислење дека Џар Џар е ептен одбивен лик и веројатно во меѓувреме го смениле сценариото па го “измислиле“ Дарт Сидиус за во 3-ката. А за следниов, 8-ми дел јас очекувам победа на Темната страна, пошто нели дотогаш Кајло ќе биде натрениран и можно е да има и придужник, уште еден knight of Ren ;) пошто тие се нели цел ред на темни витези. А од друга страна ќе бидат Реј и Фин истренирани од Лук :cool:. Сигурно не му дадоа на Фин за џабе малку да го подржи мечот...туку за да има тоа продолжение во 8-ката. Исто може да очекувате и смрт на Лук од Сноук, кој би требало да добие и вистинско присуство во живо, а не само како што беше преку некојси холограм или што ти знам. Барајте обавезно сличности, рима со старите делови, Star Wars е така замислен, како поезија, песна со рима, тоа го има изјавено и самиот Лукас. Не верувам дека ЏЏАбрамс нешто драстично ќе смени.
 
Inb4 добиеме нови prequels на овие sequels за тоа како Бен Соло станал Кајло Рен. :icon_lol:
Се што нема да објаснат во епизодите ќе објаснат преку антологиски филмови. Прв од тој тип ќе биде Rogue One: A Star Wars Story кој ќе излезе при крајот на 2016 година. Јас мислам дека барем еден таков антологиски филм ќе излегува измеѓу епизодите на сагата (VII, VII, IX, X итн.). Овие се нешто како stand alone филмови во истиот универзум и ќе бидат канон и во корелација со сагата.
 
Ми текна на моментот кога Кајло се изнервира дека Реј избегала од столицата, почна да крши таму со лајтсејберот, и ги викна стормтрупериве, а тие беа како "nope, fuck that, we're out of here". :pos:
 
Последно уредено:
Neli Rogue One ke beshe vo vrska so kradenjeto na planovite za prvata Death star? Bar taka razbrav nesto.
Да за тоа ќе биде. Поентата ми беше дека ќе се навраќаат на случки од сагата и ќе ги дообјаснуваат или пак ќе се фокусираат на детална обработка на одредени ликови како на пример Boba Fett. Нешто како backstory филмови ќе бидат.
 
Најверојатно ниту во оваа трилогија нема да ми се исполни желбата а тоа е да дадат сцена каде што ќе се тепаат 20 на 20 џедаи против sith лордови. Но добро, мислам дека чим тоа не го направија во втората трилогија каде што имаа простор за такво нешто, веќе тоа нема ни да се деси.

До сега имам се изгледано од филмови и анимирани серии што се во врска со Star Wars, имам прочитано доста стрипови, но немам читано никакви книги од оваа франшиза. Така да може ли некој да ми даде некаков guide на книги од Star Wars, кои да ги читам, што да читам и од кај да почнам да читам.

Не е можно да има тепачка 20 Jedi vs 20 Sith, бидејќи според Rule of Two не смее во ниеден момент да има повеќе од двајца Sith. Е сега во The Force Awakens воопшто нема Sith. Тие умреа со Sidious и Vader. Snoke допрво ќе дознаеме што е, а знаеме дека постојат Knights of Ren, што најверојатно е некој Dark Jedi Order. Колку се на број ќе дознаеме, па после ќе видиме дали ќе има такви 20 vs 20 тепачки. Многу зависи и од тоа дали Лук повторно ќе го основа Jedi Order-от.

Што се однесува до книгите, би ти препорачал да избегнуваш се што е од New Republic, New Jedi Order и Legacy периодите, бидејќи тоа e исфрлено од канон и веќе се смета како Legends. Иако некои работи во новите филмови се позајмувани од таму, повеќето од работите од тие книги се косат со новиот канон. Нешто што не може да се коси со канонот во никој случај е Old Republic периодот. Ти препорачувам да почнеш со Darth Bane трилогијата од Drew Karpyshyn. Тоа е Sith Lord-от што го вовел Rule of Two.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
:pos:
1208571_10153118829827471_6675450874362670122_n.jpg
 
Некако не ми остави впечаток . Толку го чекав и на крај мех онака.
Глумциве/карактериве освен Реј Реј ,другиве за никаде.Негативецот беше топ се додека не ја извади маската.Како може од рукав така улоги да се даваат.
Ништо, дај следен епизода 8.
 
Последно уредено:
Мене филмот ми е 8.5/10. Јас баш спротивно, имав некои полу-високи очекувања, али си имав резерва дека може да биде на ниво од средната трилогија (има стара, средна и сега почнува новата :D ). Ме негираа во однос на резервата, ептен ми се допадна и едвај чекам пак да го гледам, прашање на време дали пред нова година или после. :)
Сите од новите глумци ми се допаднаа, особено Реј, само не му дадоа многу скрин тајм на По. Многу го хејтаат Драјвер, а мене ми се допадна. Некако неговиот блед изглед ко да се совпаѓа со неговиот карактер, таков налудничав. Физички ме потсеќа на Локи. Да, првиот момент бев малце како зашокиран кога ја извади маската, али со тек на време видов колку е внесен во улогата и му одговара на неговиот физикус. Сега не би можел друг глумец да замислам на негово место (освен Бенедикт Камберкеч можда, еден од моите поомилени глумци, али он ај што глумеше у Стар Трек, па и во милион други филмови+Шерлок, зафатен е).
 
Денес прочитав дека Абрамс немало да го режира 8-ката. Вистина е ова?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom