Народот ја зел власта. Народот дошол во посед на имоти фабрики ниви на својата судбина. Немаше појќе газди и капиталисти кој е те остави на улица за негов ќар. Инаку која ситуација ја искористил Тито во 1941?
Земја полна со германски дивизии Италијански дивизии, Бугарски армии, четници усташи балисти домобрани... сите го барале сите скале да го убијат. На 3000 километри наоколу ни еден сојузник. Шо тоа му одело во корист? шо морал со партизани гладни слабо вооружени да се пробива по снег по планини по дожд, лето зиме со борби со опколувања со битки со победи и порази?
Искористиле пример Бугарите, дошле германците освоиле Македонија и ко видоа бугарите дека е се готово, искористиле и си влегле тука на готово мислејќи дека сега медот ќе го сркаат дека народот мирно ќе ги поднесува ќе си работи покорно по ниви и бакалници и ќе плаќа даноци и почитува власт. На таквите рачунаше окупаторот за да си остане тука. Такви покорни “домаќини“ и му требаат на окупаторите, такви бараат таквите се нивни најголеми сојузници.
Али се заебаа, се појјавија храбри луѓе кои и покрај закана за смрт, појдоа со пушка во раце да се борат против тоа зло, против армии воружени со тенкови артилерија авијација, без никаква подршка со години, сами, со оружје кое го грабнаа од мртвиот неприател, не седеа дома “наведната глава сабја не сечи“ па да си пулат својот бизнис “седи мирен, сврти некоја пара, напрај заработка“.
Во такви времиња на големи одлуки, на големи промени, се гледа карактер и храброст, или си пичка или си маж. Или ќе седиш дома покорен исплашен или ќе се кренеш на бунт и отпор.