- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 6.134
- Поени од реакции
- 1.896
1. Керозинот гори на ~1080 степени. На температура од 1000 степени, конструктивен челик S355 со граница на течење 355 N/mm2 ( 3-16 mm ) на 20 степени, на температура од 1000 има граница на течење од 10 N/mm2 што значи дека носивоста на челикот е 35 пати помала од таа со која е димензионирано. Според тоа верувам и самиот претпоставуваш што ќе се случи. Инаку еве го испитувањето на S355 на тепмературни промени.1. Во видеото Каубоецот кажува дека температурата во печката е 150 Ц поголема одколку што би развил Керозинот
2. Колку време горел Керозинот во кулите и дали е тоа доволно да се загрее челичната конструкција до критична точка. Условите на горењето во печка и керозин во зграда се РАЗЛИЧНИ
3. И да се постигнала температура потребна за челичната конструкција да попушти ќе попуштел делот каде што горел оганот и тој дел од кулата би паднал како што паѓа дрво (на страна) а не како што е случај во контролирано рушење.
Ниту имало доволно извор на топлина а ни време за и основите на зградите да се загреат до тој степен
4. Во претходните видеа не ги видовте многубројните ситни експлозии
5. Да речеме (иако кулите биле проектирани да издржат удар од 2 боинзи) поради "специјалниот" керозин паднале КАДЕ СЕ ОСТАТОЦИТЕ ОД ЧЕЛИЧНАТА КОНСТРУКЦИЈА .
Тоа се тони и тони челик
6. Да не збориме за другите кули што од страв или солидарност и тие паднаа, а Пентагон си е посебна приказна за себе
Ipsissimus спомни им таму во вашите интернационални редови за следен пат нека обрнат повеќе внимание, или пак имаат луѓе во сите институции па им е гајле .
Јасно е како и зашто паднаа зградите, ама и ГАЈЛЕ ми е гледам да се приспособам на условите, сепак немам МОЌ да ги правам по моја желба
2. Најверојатно и нема да се постигне температура од 1000 степени на челикот, но сепак ќе има загревање, а имаме и додатно ослабнување на конструкцијата од ударот со што се доаѓа до исходот кој го знаеме.
3. Дрво нема иста конструкција со зграда и поради тоа нема исто тежиште. Гравитационата сила која се сумира во тежиштето на дрвото предизвикува свиткувачки момент и на местото каде имаме намален напречен пресек ( каде што сме сечеле ) предизвикува појава на концентрација на напони и паѓање на дрвото. Кај зградата попуштаат напречните (хоризонталните) носечки столбови под дејство на сила на свиткување од горните катови и целата конструкција започнува да паѓа надоле. Овде најпрво попуштаат хоризнталните столбови, а не вертикалните, бидејќи тие немаат зголемена температура по целата должина, па на загреаниот дел ќе се збијат и напукнат.
5.Што мислиш ти, каде се? И како мислиш дека некој проектирал зграда да издржи удар од два боинзи? Мислиш дека конструкторот кога седнал да проектира за примарна цел си дал зградата да му изджи удар од два боинзи?