Нема потреба од facepalm. Тоа што немаш апсолутно никакви научни познавања не значи дека тоа што типот го зборува на видеото не е точно.
Челикот, како и секој друг материјал кој постои, при оптеретување се деформира. Неговата деформација, до одредена големина на сила, се одвива според Хуков закон и тоа во еластичното подрајче на деформација. Aко се земе да се испитува деформацијата на едно парче челик, за одредена применета сила и ако вредностите во различни точки се запишат во дијаграм се добива нешто налик сликата подоле. Кривата која се добива се нарекува крива на ојакнување.
Ако добро го разгледаш дијаграмот ќе забележиш дека за прирастот на напонот ( влијание на сила врз површина ) се зголемува издолжувањето кое овде е претставено во % од основната должина на парчето. Односот на напонот со кој се оптоварува челикот и неговото издолжување се нарекува модул на елсастичност и за обични конструктивни челици ( како тие од кои се градат згради ) изнесува 210000 N/mm2. Инаку зоната на еластичност ( каде и модулот е 2,1*10^5) трае до точка A на дијаграмот, а потоа почнува течење и пластична деформација која дефинитивно не е посакувана при конструирање. Од модулот на еластичност на материјалот може да се земе максималниот напон кој тој материјал може да го издржи и потоа да се димензионира, да речеме една зграда.
Меѓутоа, модулот на еластичност не е константен при промена температури, како што имавме на пример кај кулите близначки при горењето. Тоа конкретно ни го имаат покажано преку испитување двајца батки од Технолошкиот институт во Хелсинки (
линк ). Испитуваат конструктивен челик S355 и кај него имаме модул на еластичност E=2,1*10^5 N/mm2 за температури од 20 до 100 степени целзиусови и граница на течење Rp0,2 = 520 N/mm2 (повисока од номиналната пропишана по стандард ) . Меѓутоа со зголемување на температурата имаме намалување на овие големини па така на 600 степени модулот паѓа на E=65100N/mm2 , а границата на течење R0,2 = 118 N/mm2. На 1000 степени целзиусови модулот паѓа на 9450, а границата на течење на 10 N/mm2. Тоа се екстремно мали вредности, а ако сакаш посликовито, полна прачка од челик загреан на 1000 степени со должина од 100cm и напречен прсек од 1cm2 ( сантиметар на сантиметар ако сакаш ) би ја издолжил за 2 сантиметри ако на неа закачиш тег од 100кг. Замисли сега што ќе се случи кога носивоста на еден челик, кој треба да носи цела зграда, ќе се намали за 50 пати.
Коментарот речиси и да нема врска 9/11 меѓутоа е објаснување зошто авионите кои удрија можат самостојно да ги урнат зградите. Кој стои позади авионите може да се шпекулира цел милениум и да не се дознае кој е, но дека зградите не се урнати од авиони можат да веруваат само идиоти и неписмени личности кои сакаат да се прават паметни.