9/11 Терористи или сепак не?

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ги урна кулите

  • Терористи

    Гласови: 130 20,7%
  • Американски владини структури

    Гласови: 410 65,4%
  • Појма немам

    Гласови: 87 13,9%

  • Вкупно гласачи
    627
па нека ги објави и нека ни тргни една мисла од глава.........вака уште еден голем светски политичар/владетел останува на закани и празни зборови.............

Нема мисли во глава другар,се е јасно како ден. Нека се дознае вистината најмногу поради оние кратковидите што се убедени дека неписмени арапи го направиле тоа,а што е уште пострашно ги убедубаат и другите во истото.
 
Најпросто објаснување е пробај со сварена шпагета да играш пикадо.
Поочигледна и попроста демонстрација од ова здравје. Значи структурниот челик немора да се стопи за зградата да доживее колапс и да се сруши, доволно е да се постигне температура на која челикот ја губи својата цврстина и се однесува како што е прикажано во видеово.
 
Нема потреба од facepalm. Тоа што немаш апсолутно никакви научни познавања не значи дека тоа што типот го зборува на видеото не е точно.
Челикот, како и секој друг материјал кој постои, при оптеретување се деформира. Неговата деформација, до одредена големина на сила, се одвива според Хуков закон и тоа во еластичното подрајче на деформација. Aко се земе да се испитува деформацијата на едно парче челик, за одредена применета сила и ако вредностите во различни точки се запишат во дијаграм се добива нешто налик сликата подоле. Кривата која се добива се нарекува крива на ојакнување.
stress_strain_curve.gif

Ако добро го разгледаш дијаграмот ќе забележиш дека за прирастот на напонот ( влијание на сила врз површина ) се зголемува издолжувањето кое овде е претставено во % од основната должина на парчето. Односот на напонот со кој се оптоварува челикот и неговото издолжување се нарекува модул на елсастичност и за обични конструктивни челици ( како тие од кои се градат згради ) изнесува 210000 N/mm2. Инаку зоната на еластичност ( каде и модулот е 2,1*10^5) трае до точка A на дијаграмот, а потоа почнува течење и пластична деформација која дефинитивно не е посакувана при конструирање. Од модулот на еластичност на материјалот може да се земе максималниот напон кој тој материјал може да го издржи и потоа да се димензионира, да речеме една зграда.
Меѓутоа, модулот на еластичност не е константен при промена температури, како што имавме на пример кај кулите близначки при горењето. Тоа конкретно ни го имаат покажано преку испитување двајца батки од Технолошкиот институт во Хелсинки ( линк ). Испитуваат конструктивен челик S355 и кај него имаме модул на еластичност E=2,1*10^5 N/mm2 за температури од 20 до 100 степени целзиусови и граница на течење Rp0,2 = 520 N/mm2 (повисока од номиналната пропишана по стандард ) . Меѓутоа со зголемување на температурата имаме намалување на овие големини па така на 600 степени модулот паѓа на E=65100N/mm2 , а границата на течење R0,2 = 118 N/mm2. На 1000 степени целзиусови модулот паѓа на 9450, а границата на течење на 10 N/mm2. Тоа се екстремно мали вредности, а ако сакаш посликовито, полна прачка од челик загреан на 1000 степени со должина од 100cm и напречен прсек од 1cm2 ( сантиметар на сантиметар ако сакаш ) би ја издолжил за 2 сантиметри ако на неа закачиш тег од 100кг. Замисли сега што ќе се случи кога носивоста на еден челик, кој треба да носи цела зграда, ќе се намали за 50 пати.
Коментарот речиси и да нема врска 9/11 меѓутоа е објаснување зошто авионите кои удрија можат самостојно да ги урнат зградите. Кој стои позади авионите може да се шпекулира цел милениум и да не се дознае кој е, но дека зградите не се урнати од авиони можат да веруваат само идиоти и неписмени личности кои сакаат да се прават паметни.
 
Сигурно си бил копиљ кога сум се расправал со техничка механика и јакости на материјали.....како и да е. Ти си паметен а другите се неписмени и глупи :bravobe:[DOUBLEPOST=1450511529][/DOUBLEPOST]
Нешто не ти е јасно?
Абе не прави детски муабети......нема кој не знае веќе дека сами си ги бутнаа зградите.
 
Последно уредено:
Сигурно си бил копиљ кога сум се расправал со техничка механика и јакости на материјали.....како и да е.
Си се расправал, ама изгледа слабо ти одело. Јас никаде не реков дека сум паметен, меѓутоа секој кој верува дека кулите не се урнати со авиони е глуп.
 
Јас то шо го пишав онака го пишав. Знам дека му е наместен ексползив на челилната констркција.
 
Абе не прави детски муабети......нема кој не знае веќе дека сами си ги бутнаа зградите.
Што поточно е детскиот муабет во случајов, те молам објасни ми?! Го гледаше видеото? Што во него е детско?
 
1. Во видеото Каубоецот кажува дека температурата во печката е 150 Ц поголема одколку што би развил Керозинот :confused:

2. Колку време горел Керозинот во кулите и дали е тоа доволно да се загрее челичната конструкција до критична точка. Условите на горењето во печка и керозин во зграда се РАЗЛИЧНИ

3. И да се постигнала температура потребна за челичната конструкција да попушти ќе попуштел делот каде што горел оганот и тој дел од кулата би паднал како што паѓа дрво (на страна) а не како што е случај во контролирано рушење.
Ниту имало доволно извор на топлина а ни време за и основите на зградите да се загреат до тој степен

4. Во претходните видеа не ги видовте многубројните ситни експлозии :confused:

5. Да речеме (иако кулите биле проектирани да издржат удар од 2 боинзи) поради "специјалниот" керозин паднале КАДЕ СЕ ОСТАТОЦИТЕ ОД ЧЕЛИЧНАТА КОНСТРУКЦИЈА .
Тоа се тони и тони челик

6. Да не збориме за другите кули што од страв или солидарност и тие паднаа, а Пентагон си е посебна приказна за себе :pos:

Ipsissimus спомни им таму во вашите интернационални редови за следен пат нека обрнат повеќе внимание, или пак имаат луѓе во сите институции па им е гајле :cautious: .

Јасно е како и зашто паднаа зградите, ама и ГАЈЛЕ ми е :P гледам да се приспособам на условите, сепак немам МОЌ да ги правам по моја желба ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom