S
SpaceTraveler
Гостин
На овај факт паѓа учењето на сите религиски учења како коњ у река!Е ми, ш‘о бог е тој кој забора‘ил да слета у Африка?...
На овај факт паѓа учењето на сите религиски учења како коњ у река!Е ми, ш‘о бог е тој кој забора‘ил да слета у Африка?...
Не сите, само оние што не се способни да разберат дека станува збор за алегорија и дека истата не треба буквално да се интерпретира.На овај факт паѓа учењето на сите религиски учења како коњ у река!
Кратка меморија нешто?Добро и по толку страни уште не ви е јасно дека никој не ви ја спори верата и верувањата, богот и вистинитоста на вашите свети книги.
И не Не правам разлика пошто нема личност како божји одраз? Тоа е само во твојата глава.
Зошто обратната ситуација на хипотезата што ја поставуваш е веќе случена(пред околу 2000 год), сепак тогаш и сега има луѓе кои неверуваат.Затоа те прашувам што уште ти треба?Зошто воопшто би се запрашал какви докази мене ми требаат за да поверувам кога јас тебе воопшто не те прашувам какви докази тебе ти требаат за да ти престаниш да веруваш.
Хипотетична ситуација немора да биде подложена на обмислување.Уште повеќе кога е веќе разрешена. Очигледа е подлоста во хипотезата затоа што обмислувањето и би значело сомнеж и маловерие. Така да како што ти пишав прашуваш глупости.Што би било ако би било , а не дека стварно е можно такво нешто и дека во иднина неминовно ке се случи
Бидејќи во оваа твоја хипотетичка ситуација, @Изгрев би останал разочаран, зошто ти претпоставуваш дека Исус не воскреснал, тогаш што им преостанало на Христовите апостоли? Што тие требало да направат?Значи еден ден во далечната иднина некој научници направат машина за патување низ времето. Внимавај зборуваме за хипотетичка ситуација , можи ке направат можи не така да не си сфаќај буквално. И ете има лотарија и на некој среќен добитник по слуачен избор од ип адреса му доделуваат наградно патување назад низ времето по негов избор. И ете ти паѓа тебе , и ти како голем верник решаваш дека сакаш да се вратиш во времето на почетоците на христијанството со свои очи да го видиш твојот бог Исус Христос, неговото проповедање, судење, распнување, воскреснување итн итн. Целиот кефој излегваш од машината, го гледаш Исус проповеда, го гледаш судењето , распнувањето и чекаш чекаш да воскресни овој абер си нема. Ден, два , три поминаја нема никој. Море помина една недела пак никој нема. Си велиш чекај јас да тргнам до гробницата да видам што е работата, шо се стори човекот досега требаше да воскресни. Влегуваш таму, базди на пцојсано, тој веќе почнал да се распаѓа, стомакот надуен, целиот позеленет, вкочанет. Ај си велиш ке му дам шанса уште малце, можи згрешија во библијата, јбг се греши. Поминува еден месец, два , три Ти собираш храброст како за на прв состанок со женско и влегуваш пак во гробницата и таму веќе полураспаднато тело. Ни трага ни абер од воскреснување. Уште си во недоумица што се има случено, си велиш можи воскресна ама го имам пропуштено настанот. Шеткаш низ градот, потпрашнуваш онака одоколу никој абер нема. И наеднаш како гром од ведро небо сфаќаш дека цел живот те лажеле. Со трчање влегуваш во тоа машината, се враќаш назад и после ( од тука надополни сам ).
SpaceTraveler,Битно е да се дружеме. Ние сме едно Христово тело.
А за тие од африка шо немат појма за Христос, они можат да бидат стапалото.
Незнам што да ти надополнам, ова е ненадополниво. Значи јас ти претставувам една хипотетичка ситуација каде воскреснувањето како основ и сам корен на религијата не се случило, дека Исус си бил обичен човек кој си умрел како и сите други и дека се што ви пиши во библијата( према хипотетичката ситуација што незначи дека било така) во најмала рака се чисти глупости и лаги и дека благе везе немаат со реалните случувања во тоа време,што би значело дека секој здраворазмен човек би ја отфрлил библијата како доказ за било што, пошто ако таму се лажело за воскреснувањето зошто не би се лажело и за се останато. И ти како гром од ведро небо земаш и пак ми вадиш цитати од истата библија и ги претставуваш како веродостоен доказ. Незнам што да ти речам повеќе. Ем хипотетички гледаш со свој очи дека нема воскреснување наспроти тоа што ти пиши во библијата , ем упорно слепо веруваш во истата таа библија. Па хипотетички тогаш да си правел муабет со Исус лично и Ти онака целиот радосен му кажуваш како ти е мило и чест што ете имаш шанса лично и персонално да го запознаеш синот божји и Тој да ти речи Ти бе пријателе на шо дрога си, ај бркај работа не замарај , ти пак упорно ке веруваш дека Тој лажи а дека се што пиши во библијата е точно. Додади ја на тоа и хипотетичката ситуација дека лично си присуствувал на тие важни моменти и лично можеш да посведочиш дека ништо од тоа не се случило онака како што пиши во библијата, посебно не воскреснувањето и ти пак ке бидиш уверен дека ти грешиш и дека библијата е во право.Бидејќи во оваа твоја хипотетичка ситуација, @Изгрев би останал разочаран, зошто ти претпоставуваш дека Исус не воскреснал, тогаш што им преостанало на Христовите апостоли? Што тие требало да направат?
1. Дали апостол Петар кој покажал маловерност кога го видел силниот ветар,
(Матеј 14:
28. А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата!”
29. И Исус му рече: „Дојди!” Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исуса;
30. но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да потонува и извика: „Господи, спаси ме!”
31. Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?”)
покажал малодушност кога Исус се молел во Гетсиманија,
(Матеј 26:
36. Потоа отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.”
37. И кога ги поведе со Себе Петра и двајцата Зеведееви синови, се натажи и почна да тагува.
38. Тогаш им рече Исус: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и видете будни со Мене!”
39. И како се пооддалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.”
40. Па дојде при учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петра: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни?)
и кога јавно се одрекол од Христос со кривоклетство бидејќи се исплашил,
(Матеј 26
69. А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: „И ти беше со Исуса Галилеецот.”
70. Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш.”
71. А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исуса Назареецот.”
72. И пак се одрече тој со клетва: „Не Го познавам Човекот.”
73. Малку потоа се приближија оние, што стоеја таму и му рекоа на Петра: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава.”
74. Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: „Не Го познавам Човекот.” И веднаш запеа петел.
75. И се сети Петар на Исусовите зборови, што му ги рече: „Уште петел пред да пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.” Па излезе надвор и плачеше горко.)
што мислиш што ќе направел Апостол Петар ако Исус не воскреснал? Ќе се правел дека никогаш не Го познавал Исус и ќе се врател на рибарството, нели?
Но Апостол Петар кој се плашел за себе додека крај него бил Исус, наеднаш станува бестрашен и почнува да го проповеда Евангелието. Човекот кој покажувал страв, малодушност и маловерност додека со него бил Господ Бог во тело, по смртта на Исус Христос се здобива со невидена храброст и самоуверено почнува да проповеда за делата на Господ Исус Христос, најпрвин во Палестина, а потоа и во Мала Азија, Илирика и Италија. Повеќе не се плаши ни од затвор, ни од вериги, ни од смрт, ни од распнување? ШТО МИСЛИШ, ЗОШТО?
2. Дали скептичниот Апостол Тома, ако Исус Христос не воскреснал, немало да се врати на својата поранешна работа, туку се упатил надвор од границите на Римската Империја, дури во Персија,Индија и Кина за да го проповеда Евангелието?
3. Дали фарисејот и гонителот на христијаните Савле, ако Исус Христос не воскреснал, би се преобратил во христијанин и би го проповедал Евангелието меѓу своите Евреи, навлекувајќи си на себе огромен гнев од фарисеите, и меѓу незнабошците од границите на Арабија до Шпанија, изложуван на огромни страдања од страна на богоборците и гинејќи со маченичка смрт?
4. Дали архиѓаконот на првобитната Ерусалимска Црква, Стефан, ако Исус Христос не воскреснал, Евреин по род, би докажувал на своите сонародници дека тие навистина Го убиле Месијата, очекуван од нив со векови, навлекувајќи си на себе гнев и непријателство од своите ближни, кои го наклеветиле и лажно обвиниле и го убиле со камења, станувајќи Првомаченик (прв христијанин кој страдал заради Господа) во истата година кога Исус Христос се вознел на Небото?
И наеднаш како гром од ведро небо сфаќаш дека цел живот те лажеле (те цитирам).
За да не те лажат и понатаму и да не претпоствуваш хипотетички и нереални ситуации со временска машина, еве ти ги житијата на 12-те Христови придружници и што правеле тие по смртта на Исус Христос. Доколку Исус не воскреснал, кои би им биле мотивите да го проповедаат Евангелието по Светот? Зошто себеси би се изложувале на опасности, служејќи за подбив и потсмев и навлекувајќи си гнев од еврејските и од незнабожечките свештеници, и ризикувајќи затвор, измачување и погубување?
https://slavoslovije.wordpress.com/2008/12/05/zitija-svetih-12-apostola/
(Оттука надополни сам)
Меморијата ми е сосем во ред , фала за загриженоста. Само почни да правиш разлика помеѓу денешно време или реалноста , секојдневие и хипотетичка замислена ситуација која може а и немора да се случи во иднина или се случила некогаш во минатото. Од денешна гледна точка според мене нема божји одраз и незнам што ти е толку тебе чудно тоа. Ти велиш дека има , јас не и тука завршува тој дел на разговорот. Нити јас те убедувам дека ти грешиш , нити ти треба мене да ме убедиш дека јас грешам. И сега пополека префрлисе на хипотетичкиот дел кој е ништо друго освен хипотетички. Ете замсисли си дека правиме муабет за хипотетички ситација каде ти дома си ја носиш швалерката и како замислуваш дека твојата жена би реагирала на таква ситуација. Значи нити имаш швалерка како прво, а и да имаш на крај на памет би ти паднало да ја донесиш дома ама ете што би било кога би било.Кратка меморија нешто?
Зошто обратната ситуација на хипотезата што ја поставуваш е веќе случена(пред околу 2000 год), сепак тогаш и сега има луѓе кои неверуваат.Затоа те прашувам што уште ти треба?
Хипотетична ситуација немора да биде подложена на обмислување.Уште повеќе кога е веќе разрешена. Очигледа е подлоста во хипотезата затоа што обмислувањето и би значело сомнеж и маловерие. Така да како што ти пишав прашуваш глупости.
П.С еве ти еквивалентно хипотетичко прашање- што би направил ако се докаже дека жена ти(на пример)веќе 20 год е мртва, а таа седи и седела 20 години покрај тебе жива и здрава (и не е вампир или слично)?
SpaceTraveler,
според монахот Клеопа, народите кои навистина никад не (би) чуле за Христа Бога и за евангелието Негово, на страшниот Суд Христов ќе бидат судени според законот на совеста и законот на природната креација.
Како ш‘о можеш да видиш, дури и паганите ќе можат да се оправдаат пред лицето Божјо, така да имаш време троа да подразмилиш, како ти лично и персонално ќе се вадиш од небрано пред Бога, имајќи на ум дека живееш во опкружување во кое верата во Христа не е непознаница, односно, за истата барем можеш да слушнеш и не можеш да се прајш „на тошо„, оправдувајќи се дека за Христос и Црквата никој и никад не ти кажал...
Inuktitut Bible For Inuit Christians In The Arctic
Inuktitut Bible For Inuit Christians In The Arctic
https://www.bible.com/versions/455-eaib-aclaait-ityorngnaaittot
https://www.bible.com/bible/455/jhn.1.eaib
Црква во форма на иглу во Инувик - Канада
Our Lady Of Victory Church (Inuvik)
Катедрала на Св. Јуда во Икалуит - Канада
St.Jude's Anglican Cathedral
Катедрала во Нук - Гренланд
Nuuk Cathedral
93% од населението во Нунавут се христијани:
https://en.wikipedia.org/wiki/Demographics_of_Nunavut#Religion
96% oд населението на Гренланд се христијани:
https://en.wikipedia.org/wiki/Religion_in_Greenland
Хипотетички да кажеме дека ти си во право. Ако се лажело за Воскреснувањето Христово, повеќе од сигурно е дека се лажело и за сè друго, и за проповедите и подвизите на Христовите апостоли.И што искрено очекуваш да надополнам после ова ? Си помислил на момент дека ако се лажело во библијата за воскреснувањето можеби се лажело и за се останато и дека тие житијата се во најмала рака измислени работи на некој кој му било досадно во моментот. Нити Петар покажал маловерност нити видел силен ветер , нити зборал со некој. Едноставно тие настани не се случиле, барем не онака како што се опишани во библијата. Хипотетички секако.
Оф корс...Моментот е се што имаме. Ако пиеш вода, а не мислиш на тоа дека во моментот пиеш вода и не уживаш во пиењето вода, животот ќе летне во сонување и трипање за светата црква. Претискам ,,Испрати мислење" и апсолутно уживам во тоа што го правам не зависен од никаква црква или верска институција. А Вас, нека ви се суди.
Не е точно дека не се слават повеќе посочениве божества, читај:Хипотетички да кажеме дека ти си во право. Ако се лажело за Воскреснувањето Христово, повеќе од сигурно е дека се лажело и за сè друго, и за проповедите и подвизите на Христовите апостоли.
Но, кажи ми тогаш на кој начин Елините го оставија Зевс, Римјаните го оставија Јупитер, Ермените го оставија Арамазд, Германите го оставија Один, Словените го оставија Перун и го прифатија Спасителот Господ Исус Христос? Како незнабожечките жреци дозволија да опустат нивните идолопоклонички храмови и со тоа да ја изгубат својата работа и средствата за живот и нивното дотогашно учење да биде разобличено?
Како проповедниците на Евангелието беа толку убедливи во своите зборови и дела за да успеат да ги преобратат идолопоклониците во Христијанството? Како воопшто успееја да основаат цркви и да назначат свештенослужители во местата во кои претстојуваа? На кој начин голем дел од идолопоклониците решија да ги остават своите пагански верувања и да бидат покрстени од апостолите кои го проповедаа Евангелието?
Факт е дека Словените не го слават повеќе Перун, Германите не го слават повеќе Один, не се слави Зевс, не се слави Јупитер, туку Го слават Спасителот Господ Исус Христос.
Или и тоа е лага според тебе?