Добро бе дечки, не ви е срам онака по малку, барем по малку, да изигравате експерти и да фарбате луѓе?
Ај да ви појаснам, на дечкото со хард диск со 24000 работни саати и 122 релоцирани сектори, и 53000 грешки заради неисправен кабел/интерфејс на културен и отмен начин му кажувате дека му е исправен и ок хардот и да го бара проблемот на друго место...
На некој му се уклучува лаптопот после 20 минути а вие го терате да менува батерии и напојувања и не знам ти што, а проблемот е јасен како ден, графичката добила ладен лем и кога ќе загрее, се шират куглиците, остваруваат контакт и тогаш вклучува. Истото го имам правено многу пати и јас и точно знам што се случува и зошто му рекол сервисерот дека нема да трае. Да не објаснувам безврска,
@omegaRED одлично ви објасни што е проблемот. Тој дефект чини од 50 до 80 евра, уствари дефектот доаѓа гратис, поправката чини толку, обратете се во Сезалаптоп.мк.
@Gladiatorized Држи си се ти батка подалеку од компјутери и од давање совети. Би ти препорачал пишување книги и состави, или декоративно ентериерно и екстериерно уредување. Немој да ме сфатиш погрешно, твоите совети некого го чинат пари.
Поздрав Daniel86 од it.mk