Помош, проблеми, прашања, совети...

Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
А кој анти - вирус би ми го препорачал?
Обидете се со, на пример, ESET, Kaspersky, Norton, Avast и слично.[DOUBLEPOST=1449504545][/DOUBLEPOST]
Дечки ај едно кратко видување за звучкиве дали ви фаќаат око?и ако не, да ми препорачате некој до оваа цена,6000 макс

http://www.anhoch.com/product/14877/speakers-21-genius-sw-g21-3000-black
Добар избор би бил доколку ги одберете овие од Анхоч. Но, исто така, добро би било да ги разгледате и следниве предлози од Сетек: Линк 1 и Линк 2.
 
Последно уредено:
Член од
25 октомври 2008
Мислења
541
Поени од реакции
77
Го замолувам ако има некој искусен со хардверски проблеми на лаптоп ако можи да ми даде одговор на следново прашање. Имам проблем со стартовањето на лаптопот, значи од ко ке го притиснам копчето за уклучвење се слуша дека работи кулерот, ама екранот не се уклучува 20тина минути некогаш и повеќе (валда додека да загрее). Го имам носено на сервис и ми беше кажано дека е одлемено нешто на матичната плоча, па човекот го среди и ми кажа дека нема долго време да го користам, односно дека повторно ке се случи истото. Разликата е во тоа што тогаш воопшто не сакаше да се уклучи, а сега се уклучува после некое време. Бев повторно кај сервисерот и ми кажа дека е истиот проблем, ама мене некако ми нема логика, затоа што ако нешто е одлемено како после некое време лаптопот се стартова и си работи без никаков проблем?
п.с. Софтверски сигурно не е проблемов затоа што го имам форматирано и имам пробано со различни верзии на Виндовс.
 
Претпоставувам дека проблемот треба да се лоцира во напојувањето, односно батеријата. Можеби не дистрибуира доволно количество на струја, или пак истата (како што викаат) некаде се исфрла - се губи. Со други зборови, обидете се со друга (појака или послаба) батерија и видете дали лаптопот ќе бележи некакви разлики при уклучувањето или не. Што се однесува до залемениот дел, можеби истиот не е доволно залемен, или пак проблемот е во сосема нешто трето. Но, исто така, добро би било да проверете и дијагностицирате на сервис или кај некој ваш поискусен ИТ-пријател дали проблемот е пак до мониторот, односно дали постои можност жиците да бидат оштетени (целосно или делумно) и заради тоа да не покажува ништо на дисплејот. Слободно искористете ги сите можни опции и други мислења од другите колеги кајганџии :) Во случај на било какви новости, ве молам споделете со нас!
 
Член од
22 август 2013
Мислења
150
Поени од реакции
48

Проблемот е во лемовите. Поради греење и ладење на чиповите (најчесто графичкиот чип зошто по правило тој највеќе загрева) се создаваат микрофрактури во лемовите помеѓу чипот и плочата. Решение (привремено, како што веќе ти го средиле) е reflow (топење на постоечкиот калај без одлемување на чипот) со цел да се “обноват“ лемовите или reballing (одлемување на чипот, нанесување на нови “топчиња“ калај - од таму reBALLing - и повторно лемење). Reflow е обично ептен краткорочно решение од 1 до 6 месеци генерално, reballing знае да “држи“ подолго, ама не е правило.

Не може постојано да се прави reflow/reballing затоа што со секој ваков зафат полека но сигурно се оштетуваат и ножиците на чипот и водовите на плоча.

Штом веќе еднаш си ќарил неколку месеци живот, биди среќен. Користи го дур работи, потоа земај нов. Со оглед на цената за привремена поправка, се сомневам дека вреди да го правиш.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
541
Поени од реакции
77
Претпоставувам дека проблемот треба да се лоцира во напојувањето, односно батеријата. Можеби не дистрибуира доволно количество на струја, или пак истата (како што викаат) некаде се исфрла - се губи. Со други зборови, обидете се со друга (појака или послаба) батерија и видете дали лаптопот ќе бележи некакви разлики при уклучувањето или не. Што се однесува до залемениот дел, можеби истиот не е доволно залемен, или пак проблемот е во сосема нешто трето. Но, исто така, добро би било да проверете и дијагностицирате на сервис или кај некој ваш поискусен ИТ-пријател дали проблемот е пак до мониторот, односно дали постои можност жиците да бидат оштетени (целосно или делумно) и заради тоа да не покажува ништо на дисплејот. Слободно искористете ги сите можни опции и други мислења од другите колеги кајганџии :) Во случај на било какви новости, ве молам споделете со нас!
За напојувањето имам пробано и со неговата батерија, и само со полначот уклучен без батеријата но повторно се случува истото, екранот останува црн и после некое време се појавува Виндовс логото и се стартова. За залемениот дел проблемот се појави повторно после 6 месеци (можеби повторно е одлемен но не целосно и затоа од ко ке се загрее матичната се стартова и екранот, но ако е проблемот само во тоа делче кај што е лемен нели по некоја логика виндовсот треба да е уклучен и ко ке се стартова екранот да биде директно на десктоп, а не да биде како нормално стартовање)
 
Vandal

CURVA NORD
Член од
12 август 2012
Мислења
1.051
Поени од реакции
1.095
Обидете се со, на пример, ESET, Kaspersky, Norton, Avast и слично.[DOUBLEPOST=1449504545][/DOUBLEPOST]

Добар избор би бил доколку ги одберете овие од Анхоч. Но, исто така, добро би било да ги разгледате и следниве предлози од Сетек: Линк 1 и Линк 2.
Според тебе која е најдобра опција од 3ве понудени? Да напоменам само дека ми се за слушање музика,никаква допирна точка со гејминг и гледање филмови пошто имам сараунд во дневна па таму гледам
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Според тебе која е најдобра опција од 3ве понудени? Да напоменам само дека ми се за слушање музика,никаква допирна точка со гејминг и гледање филмови пошто имам сараунд во дневна па таму гледам
Вашиот или мојот втор предлог се добар избор. Одберете било кој од двата, но сепак изборот направете го и врз основа на просторот со кој располагате.:)[DOUBLEPOST=1449668281][/DOUBLEPOST]
За напојувањето имам пробано и со неговата батерија, и само со полначот уклучен без батеријата но повторно се случува истото, екранот останува црн и после некое време се појавува Виндовс логото и се стартова. За залемениот дел проблемот се појави повторно после 6 месеци (можеби повторно е одлемен но не целосно и затоа од ко ке се загрее матичната се стартова и екранот, но ако е проблемот само во тоа делче кај што е лемен нели по некоја логика виндовсот треба да е уклучен и ко ке се стартова екранот да биде директно на десктоп, а не да биде како нормално стартовање)
Штом е така колега, како единствена опција која ви преостанува е да ги примените препораките од колегата omegaRED (кој е постручен во областа).
 
Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Не сум сигурен дали е вистинската тема за прашањево, дали има некој искуства со power bank од нашиве продавници (amc, setec..)? Зошто имам порачано од алиекспрес и нормално, јачината не беше ни приближно како наведената, ама сакам да купам од кај нас, па дали има некоја разлика?
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
236
Поени од реакции
172
Кога имаш последно сменето термална паста на процесорот и графичката?
Па пред 4-5 месеца и процесор и графичка сменивме со нова термална паста, бидејки така нешто слиЧно и тогаш ни правеше.
Прoбaј сo другo нaпoјувaње.

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
Пробав, исто е.
 
Член од
5 јануари 2014
Мислења
44
Поени од реакции
78
Добро бе дечки, не ви е срам онака по малку, барем по малку, да изигравате експерти и да фарбате луѓе?
Ај да ви појаснам, на дечкото со хард диск со 24000 работни саати и 122 релоцирани сектори, и 53000 грешки заради неисправен кабел/интерфејс на културен и отмен начин му кажувате дека му е исправен и ок хардот и да го бара проблемот на друго место...
На некој му се уклучува лаптопот после 20 минути а вие го терате да менува батерии и напојувања и не знам ти што, а проблемот е јасен како ден, графичката добила ладен лем и кога ќе загрее, се шират куглиците, остваруваат контакт и тогаш вклучува. Истото го имам правено многу пати и јас и точно знам што се случува и зошто му рекол сервисерот дека нема да трае. Да не објаснувам безврска, @omegaRED одлично ви објасни што е проблемот. Тој дефект чини од 50 до 80 евра, уствари дефектот доаѓа гратис, поправката чини толку, обратете се во Сезалаптоп.мк.
@Gladiatorized Држи си се ти батка подалеку од компјутери и од давање совети. Би ти препорачал пишување книги и состави, или декоративно ентериерно и екстериерно уредување. Немој да ме сфатиш погрешно, твоите совети некого го чинат пари.
Поздрав Daniel86 од it.mk ;)
 
Штом вие почитуван колега така велите, тогаш зошто уште на почетокот не се изнесовте со конкретно мислење, т.е. не му помогнавте на колегата, а не да вршите мониторниг врз нашите постови и да прекорувате и критикувате. Секако дека не сум 100% експерт во сите области во рамките на ИТ, но ако добро сте ги прочитале во целост постовите ќе забележите дека во постот на колегата @omegaRED сум го препознал неговиот професионализам и сум го вреднувал, како и препорачал на колегата кој се соочува со погоре наведените проблеми.
 
Член од
5 јануари 2014
Мислења
44
Поени од реакции
78
Откај па ја и ти колеги сеа? Ја првпат ја гледам темава, како би се произјаснил порано? Никој не е 100% експерт, ама ти бе батка го претера, па да те послушал човекот, ете да не пишеше омегаред, може ќе отиде да купи нова батерија што не е испод 50 евра и ништо нема да реши...
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
304
Поени од реакции
118
Нема потреба да се вознемирувате... Мојот стил на изразување со условување на вас како колега, вклучително и на преостанатите кајганџии на форумов не мора да има некакво значење, а уште помалку додворување или слично. Исто така, од моја страна би било многу необјективно доколку не покажам дека сум самокритичен. Напротив, како што напоменав и претходно, кажувам дека мојот коментар не беше издржан, односно доволно стручен, но воедно забележувајќи дека на темава не се појавија во моментот стручни лица како од типот на вас и omegaRED со понуди на конкретни можни решенија, решив да дадам коментар на тоа. Повторувам, мојата цел не беше да го наведам на колегата, кој се соочува(ше) со ваквиот проблем, да преземе некои конкретни чекори, туку само да направи некаква проверка (како што напоменав со друга батерија која не мора да биде купена, туку позајмена и сл.) и, повторно, да побара дополнителна помош од други стручни лица како вас, негови поискусни пријатели итн. Воедно, во иднина добро би било, доколку забележите вакви слични ситуации на различни теми, прво да почнете да прашувате и да барате аргументирани одговори со цел да ја согледате ситуацијата во детали (па дури и да понудите конкретно решение како што направивте во овој случај), а не да почнете, како што беше случајот со мене, со обвинувања и згора на тоа да критикувате дека треба да правам или се пренасочам на тоа и тоа, мислам тоа не само што е дегутантно, туку и не е ферски така да се однесувате ниту кон мене ниту кон било кој член на форумов. Во секој случај, зошто се создадени форумите? За да се помагаме, да дискутираме и разменуваме различни искуства, како и да доаѓаме до заднички заклучоци и изнаоѓаме конкретни решенија.

p.s. Штом велите дека не сте биле претходно присутен на овој форум, би било одлично да бидете почесто присутен на оваа тема и вашата експертиза, согласно на вашите можностите и слободно време, да ја ставите на располагање на членовите кои се соочуваат со проблеми од ИТ областа, вклучувајќи ме и мене!

Ви посакувам плодна и успешна работа!:)
 
Член од
19 април 2014
Мислења
31
Поени од реакции
2
Nekoj da mi pomogne da mi kaze zaso usb-to ne mi go prima vo samsung smart tv ... usbto mi e kingston prethodno mi go primase bez problem , a otkako drugar mu stavi win8 za da instaliram na pc ne go prima vo tv valjda kje me razbere nekoj so sakam da kazam
 
Т

Триптико

Гостин

Форматирај го, после ќе го прифати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom