13 години Рамковен договор, колку Албанците го почитуваат договоренот

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Не викам дека кај другата група е проблемот, викам дека и двете групи се манипулирани од власта. Не е проблемот дали се сакаат етникумите меѓусебе, проблемот е што власта инвестира за да не се сакаат.
за тоа 100% се согласувам. најголемиот проблем со рамковниот договор не е што имало рамковни вработени, туку што создаде ситуација на поделба на власта меѓу македонските и албанските елити каде што никој не се грижи за граѓаните туку само за "своите", играње на карта национализам исклучиво со цел задржување на гласовите и дефокусирање од вистинските проблеми. во таква ситуација, македонците во Тетово се маргинализирани, пошто командантот Аљи покажува кој е главен во неговиот пашалак, а албанците се маргинализирани на ниво на држава пошто мора и Грујо војвода да покаже дека ако македонците во Тетово го јадат стапот, барем на други места ќе покажат дека сепак ние сме главни. се додека државата се сведува на команданти и војводи што си мерат курови пред јавност, а зад сцената се богатат од делба на тендери, ќе биде за нигде состојбата.
 
Зошто институциите на државата не ги казнуваат сите општини кои не го почитуваат уставот, мислиш албанците се криви за тоа?[DOUBLEPOST=1449419190][/DOUBLEPOST]
Тешко ќе ми биде да почитувам држава како своја додека не биде држава на сите граѓани кои живееат во неа.

Еве еден пример, во едно маало каде живееат плави, црвени и други бои луѓе. Еден ден се организираат плавите пошто се мнозинство прават една заедничка администрација низ целотот маало. Одлучуваат да ја викаат плавата заедница, со плави симболи, со плави вработени....[DOUBLEPOST=1449419299][/DOUBLEPOST]
Треба да се казни општина Тетово, многу е просто.
Теута ја гласале и македонци колку што знам, ако се чувствуваат предадени следниот пат нека не ја гласаат.
И албанците се криви. Токму на тоа се однесува насловот на темата.
Инаку во однос на плавите и црвените. Еднаш кога плавите решиле да прават администрација ги повикале црвените да им се придружат. Наместо тоа црвените им се придружиле на кафеавите, нивните противници. Долго после поразот на кафеавите, црвените продолжувале да ја опструираат администрацијата на плавите.
Иако дебилно во целина, ваков е реалниот опис на кратката историја на македонската држава и нејзиното најголемо малцинство.
 
не гледам ништо страшно, трагично, или што навестува федерализација во текстов.
Ако се реализираат овие новите барања на Ахмети и компанијата тогаш дефинитивно ќе има нова војна. Ова е фактички Анекс на Охридскиот рамковен договор со нови дополнителни барања.
 
Ако се реализираат овие новите барања на Ахмети и компанијата тогаш дефинитивно ќе има нова војна. Ова е фактички Анекс на Охридскиот рамковен договор со нови дополнителни барања.

Ајде објасни во што се состои анексот кој би водел до нова војна.
 
Ајде објасни во што се состои анексот кој би водел до нова војна.

Во препораките од анализата на Охридскиот договор, чија нацрт-верзија ја обезбеди Алсат, се вели дека има за цел постигнување поголема кохезија меѓу заедниците во Република Македонија. Препораките сугерираат „враќање на преамбулата на Уставот, во формата предвидена во оригиналната верзија на Рамковниот договор, каде што се нагласува граѓанскиот, а не етничкиот идентитет на граѓаните во Република Македонија“. Како што е наведено во препораката, преамбулата не треба да се ограничи на споменување на само 7 заедници.

Друга препорака е донесување нов закон за јазиците со кој ќе се дообјасни значењето на амандманот 5 на членот 7 од Уставот, со што албанскиот јазик ќе биде потврден за официјален јазик во Македонија. Препораката предвидува вклучување конкретни ставки во буџетот за спроведување на овој закон. Документот, во однос на јазиците, предлага и можност за учење на „јазиците во официјална употреба“ од децата во училиштата, вклучувајќи ги во овој процес и родителите, стимулирање на користењето на албанскиот јазик во правосудниот систем, како и вклучување на познавање на јазиците на заедниците што не се мнозинство како стандард за вработување и унапредување во администрацијата, особено за менаџерските позиции.

Друга препорака во анализата е одобрување на централниот државен и на буџетите на општините со двојно мнозинство, познато како Бадентерово мнозинство. Се предвидува и создавање ново министерство – „за политички систем и односи меѓу заедниците“, кое директно би го надгледувало спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот договор, пишува во нацрт-анализата за спроведување на Охридскиот договор.

Анализата, исто така, препорачува:

- Проширување на правната одговорност за соодветна и правична застапеност кон големите компании со државен интерес. Овој принцип треба да ја опфати целата јавна сфера и да биде услов за добивање лиценци и учество на владини тендери.
- Сериозно решавање на говорот на омраза и криминалот врз основа на омраза, со нивно вклучување во Кривичниот законик.
- Зголемување на децентрализацијата со конкретни буџетски мерки.
- Систематизирање на сите вработени од Секретаријатот во државните институции.
- Регулирање на статусот на лицата и семејствата на жртвите од конфликтот во 2001 година.

Анализата сугерира да се земе предвид проширувањето на собраниската Комисија за односи меѓу заедниците со повеќе претставници на другите заедници.

Анализата за имплементација на Охридскиот договор се подготвува веќе неколку месеци од владиниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, со помош на Европскиот институт за мир, чиј прв човек е Питер Фејт, како и од ОБСЕ. Не се знае кога точно и официјално ќе биде објавена, иако тоа беше најавено за во декември. Анализата на Охридскиот договор е дел од препораките од годишниот извештај на Европската комисија за Македонија.
 
Последно уредено:
екшли, единственото нешто што е релативно "федеративно" е ова

Друга препорака во анализата е одобрување на централниот државен и на буџетите на општините со двојно мнозинство, познато како Бадентерово мнозинство.

мада во држава како нашата, каде што и онака веќе све се решава со политички пазар, нема да се почувствува којзнае каква разлика.

тоа другото е боранија, и дури повеќето ствари се и позитивни. војна ќе имало, поради можноста за учење на албански, седи бе таму.
 
Поради овие кукавички и предавнички ставови како тебе Зајко ќе изгуби убедливо на парламентарните избори. А Грујо не дека е војвода но барем не прави вакви гафови како Зајко будалиот кога рече ќерка ми и сите македонци задолжително од градинка ќе учат албански.:facepalm:
 
па власта сте вие бе,што не се казните за непочитување на законите ?
Ок.[DOUBLEPOST=1449502352][/DOUBLEPOST]
И албанците се криви. Токму на тоа се однесува насловот на темата.
Инаку во однос на плавите и црвените. Еднаш кога плавите решиле да прават администрација ги повикале црвените да им се придружат. Наместо тоа црвените им се придружиле на кафеавите, нивните противници. Долго после поразот на кафеавите, црвените продолжувале да ја опструираат администрацијата на плавите.
Иако дебилно во целина, ваков е реалниот опис на кратката историја на македонската држава и нејзиното најголемо малцинство.
Насловот е друга прича веќе, нонсенс...

Болдот не знам што значи, навистина не можам да сфатам...[DOUBLEPOST=1449502762][/DOUBLEPOST]
Во препораките од анализата на Охридскиот договор, чија нацрт-верзија ја обезбеди Алсат, се вели дека има за цел постигнување поголема кохезија меѓу заедниците во Република Македонија. Препораките сугерираат „враќање на преамбулата на Уставот, во формата предвидена во оригиналната верзија на Рамковниот договор, каде што се нагласува граѓанскиот, а не етничкиот идентитет на граѓаните во Република Македонија“. Како што е наведено во препораката, преамбулата не треба да се ограничи на споменување на само 7 заедници.
Не знам што тука мириса на федерација...
Друга препорака е донесување нов закон за јазиците со кој ќе се дообјасни значењето на амандманот 5 на членот 7 од Уставот, со што албанскиот јазик ќе биде потврден за официјален јазик во Македонија. Препораката предвидува вклучување конкретни ставки во буџетот за спроведување на овој закон. Документот, во однос на јазиците, предлага и можност за учење на „јазиците во официјална употреба“ од децата во училиштата, вклучувајќи ги во овој процес и родителите, стимулирање на користењето на албанскиот јазик во правосудниот систем, како и вклучување на познавање на јазиците на заедниците што не се мнозинство како стандард за вработување и унапредување во администрацијата, особено за менаџерските позиции.
Никаде не вика дека мора, туку предност треба да биде ако знаеш повеќе јазици на заедниците...
- Зголемување на децентрализацијата со конкретни буџетски мерки.
Особено ова, требаше пред 15 години да се прави.
- Систематизирање на сите вработени од Секретаријатот во државните институции.
Ова го сакаме сите нели?
- Регулирање на статусот на лицата и семејствата на жртвите од конфликтот во 2001 година.
и ова требаше веќе да биде заборавено.

Не знам што сакаат овие од европска комисија со овие препораки, кога сите знаеме дека албанците се тие кои не го почитуваат договорот.[DOUBLEPOST=1449502870][/DOUBLEPOST]
Друга препорака во анализата е одобрување на централниот државен и на буџетите на општините со двојно мнозинство, познато како Бадентерово мнозинство.
Ова важи и за македонците кај општините каде не се мнозинство, барем јас така мислам.
 
Последно уредено:
Ок.[DOUBLEPOST=1449502352][/DOUBLEPOST]
Насловот е друга прича веќе, нонсенс...

Болдот не знам што значи, навистина не можам да сфатам...
втората светска војна.

скроз промашена теза е додуша, имало и албанци партизани, а дури и тие што изгубиле е потребно да се интегрираат во општеството после војната, иначе Германија немаше да биде во ЕУ. само во Југославија различно биле поставени работите од социјалистичка диктатура, па ете 50 години сме се навикнале да бидеме национална држава, кога реалната ситуација не е таква.

она што ми е несфатливо е како луѓево мислат дека Македонците ќе го изгубат идентитетот и државата ако не биде национална туку граѓанска држава. ние сме Македонци и Македонци ќе останеме и ќе ги имаме сите права како и претходно. никој не може да го смени тоа што сум. уплашени ликови насекаде у пм...[DOUBLEPOST=1449502999][/DOUBLEPOST]
Ова важи и за македонците кај општините каде не се мнозинство, барем јас така мислам.
ако е така, тогаш сум за, само конзенсуалниот модел на носење одлуки на централно ниво најчесто се покажува како неефективен поради сектаријански инает. да почекаме, да видиме...
 
ако е така, тогаш сум за, само конзенсуалниот модел на носење одлуки на централно ниво најчесто се покажува како неефективен поради сектаријански инает. да почекаме, да видиме...
Па највероватно побрзо вака би се намалил централзицијата на државата отколку да чекаме додека самата власт одлучува самата да си ја намали моќта.
А моќна недопирлива власт знаеме што ни приреди особено последните 10 год.
 
да, само што проблемот е што ова не е најава за помалку недопирлива власт, туку едноставно две моќни и недопирливи власти и ново паковање на политиката на мерење курови.
 
она што ми е несфатливо е како луѓево мислат дека Македонците ќе го изгубат идентитетот и државата ако не биде национална туку граѓанска држава. ние сме Македонци и Македонци ќе останеме и ќе ги имаме сите права како и претходно. никој не може да го смени тоа што сум. уплашени ликови насекаде у пм
Јас сум за граѓанска држава, нека се избришат сите етникуми и ќе имаме граѓански устав. Асли граѓански. Се согласуваш?
 
Јас сум за граѓанска држава, нека се избришат сите етникуми и ќе имаме граѓански устав. Асли граѓански. Се согласуваш?
зашто да се избришат етникумите? дел од граѓанскиот концепт подразбира почитување на етничките различности.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom