Ајде да играме хокеј
Хокеарската Федерација на Македонија во соработка со СЦ „Борис Трајковски“ на 6 декември (недела) ќе организира ОТВОРЕН ХОКЕЈ ДЕН.
На отворениот хокеј ден, во периодот од 13 до 15 часот, присутните посетители ќе можат да се запознаат со тајните на хокејот на мраз, а оние кои ќе бидат заинтересирани ќе можат да ги направат првите чекори на мраз.
Овој проект се прави со цел за формирање на база на млади играчи кои подоцна би биле натпреварувачи на клупско ниво и ќе атакуваат на место во македонската репрезентација во хокеј на мраз.
https://www.facebook.com/events/522689747894572/