Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?


  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
@Mondonico брат те разбирам што сакаш да кажеш, и за Јуве ми е јасно, јас бев еден од тие што уште тврдеа дека Јуве е прв фаворит за титула и покрај лошиот старт, настрана тоа што се заебаваме после секој кикс.
Нормално дека ќе си гледате колку ви бега Рома пошто со нив се боревте за титула последниве 2 сезони... не дека кујзне колку се боревте ама ај. Ама кога веќе гледаш дека после не ми текнува сега колку кола Интер ви бега 12 бода а Рома и Наполи по 10 не е фер да не го гледаш Интер. Еве веќе се ближи полусезона и Интер сеуште се држи на 1-2 место.. не би рекол дека сеуште е среќата главен фактор иако беше на 2-3 утакмици сезонава а не како што ги направија повеќето овде.
 
Можеше да биде и 4-0 но тој Мунир промаши цел гол од 2 метри.
 
Големината на дело :facepalm:
12301565_789245211204574_5625603984304391018_n.jpg


Навивачите на Рома откако е објавено дека Лулуќ може да изгуби дел од прстот
 
@Mondonico брат те разбирам што сакаш да кажеш, и за Јуве ми е јасно, јас бев еден од тие што уште тврдеа дека Јуве е прв фаворит за титула и покрај лошиот старт, настрана тоа што се заебаваме после секој кикс.
Нормално дека ќе си гледате колку ви бега Рома пошто со нив се боревте за титула последниве 2 сезони... не дека кујзне колку се боревте ама ај. Ама кога веќе гледаш дека после не ми текнува сега колку кола Интер ви бега 12 бода а Рома и Наполи по 10 не е фер да не го гледаш Интер. Еве веќе се ближи полусезона и Интер сеуште се држи на 1-2 место.. не би рекол дека сеуште е среќата главен фактор иако беше на 2-3 утакмици сезонава а не како што ги направија повеќето овде.
Абе се заебавам и ти па хаха :D

Јас почнав да го гледам сериозно Интер кога ги победија Болоња нагости со играч помалку. И колку и некој да тврди дека е на среќа, сепак Интер реално е на прво место и таму треба да биде после овие 15 одиграни кола. Наполи загубил денес, ама тоа никако не го отпишува, едноставно е бидејќи и Интер ќе загуби таков меч некој, Јуве изгуби и повеќе од што требаше, за Рома да не зборуваме. Јас после киксот со Фросиноне дома (при самата помисла се потресувам) 99% го отпишав Скудетото, а особено после мечот со Гладбах на домашен терен, иако е тоа меч од ЛШ. Овие пет победи по ред го донесоа ефектот што е очекуван во ваква "кратка" табела, односно не искачија 7-8 места нагоре, ама сепак и кај Јуве не е се така бело. Првите две победи од овие пет апсолутно на мускули и на к'смет ги добивме, против Торино и Емполи, а оттогаш трите победи со Милан, Палермо и Лацио се благодарение на одличната одбрана и индивидуалната игра во нападот на Дибала.

Се на се пресреќни треба да бидеме ние јувенташите што сме на 6 бода од прво место, бидејќи уште сме во фаза на дефинирање на играта во нападот. Пред некое време во фан клубот напишав дека наредниот период мора да остваруваме победи, без оглед многу на играта, бидејќи веќе сезоната е во поодмината фаза и нема време за повеќе губење бодови.

Страшна сезона ќе гледаме на врвот. Уште 4 кола има до комплетирање на првата рунда од 19, а Јуве игра со Фиорентина и Верона дома, а Сампдорија и Карпи нагости. Овие четири меча мора да се добијат, едноставно по секоја цена мора да се победи. Предност на Јуве е тоа што во вториот дел ги пречекува Рома, Интер и Наполи на домашен терен, само ќе видиме колку од тоа ќе се искористи.
 
Виола балканциве 3 за 100 да не ги зимале? Пола тим екс Југославија :D Сега ги гледам првпат после подолго време, стварно добро играат.
 
Во каква лоша форма се Сампдорија, следна со Лацио ќе има борба за бодови. :D
 
Режија ај ако може уште еднаш тужната фаца од Монтела тренериштето :LOL:
 
Монтела е многу многу добар тренер, тоа што ти најверојатно не се разбираш во фудбал е друга работа. 3 порази на екипа која ја превземал после 20 дена не е реалната слика на неговите способности. Иначе Монтела е многу подобар тренер од Михајловиќ на пример или Гарсија кои со своите тимови се во горниот дел од табелата
 
Монтела многу многу добар тренер :pos:Цело лето се криеше од клубот кај што беше тренер не можеа да го најдат по телефон за да му дадат отказ :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom