1. Ме нервира кога одредени фаци мислат дека ќе испаднат паметни со тоа што ќе се воздржат од коментари за нешто (пр. кога треба да изберат нечија страна) . Само ќе кажат... "не, не знам што да речам :/"
А притоа, тоа "нештото", е толку очигледно, големо и гломазно што ти боде очи и просто не остава да немаш став и причина да не го споделиш. (класична к*ропушачка глума)
Не бе брате, јас сум оригинален. Не сакам дволичност.
2. Велосипеди по улици. Поготово пензионери.
3. Пешаци на пешачки, во филм на недопирливи ѕверотини кои мислат дека ништо не им можиш поради тоа што се на пешачки, дека воопшто нема потреба да свртат глава, да видат дали си ги приметил и дали сакаш да застаниш. Не бе ќе кренам некој сноб на хауба, е до толку ме дразни...