Турција собори руски авион

  • Креатор на темата Креатор на темата silmarillion
  • Време на започнување Време на започнување
Путин: Алах реши да ги казни турските лидери одземајќи им го разумот (ВИДЕО)

Рускиот претседател кажа дека Алах, очигледно, решил да ги казни лидерите на Турција одземајќи им го разумот, пренесуваат руските медиуми.

„Спремни сме да соработуваме со Турција на овој чувствителен проблем и спремни сме да отидеме многу подалеку отколку другите сојузници на Турција“, кажа рускиот претседател.

Во понеделникот Путин објави наводни докази дека нафта од полињата под контрола на Даеш (ИСИС) се транспортирала во Турција на индустриско ниво.

„Само Алах знае зошто го прават тоа“, кажа денес рускиот претседател.

Сепак, Путин додаде и дека Русија нема да се впушта во „воено тропање со оружје“ со Турција, пренесува Ројтерс.

Путин истакна дека Турција „повеќе од еднаш“ ќе зажали за тоа што го урна рускиот воен авион и дека се лажат оние што сметаат дека реакцијата на Русија ќе сопре само на трговски санкции.

„Но од нас нема да дочекаат нервозна и опасна реакција и за нас и за целиот свет. Во суштината на нашите дејства ќе има пред сѐ одговорност. Не се спремаме и не тропаме со оружје“, кажа Путин.

Во годишното обраќање пред парламентот, Путин кажа дека не може да го игнорира турското помагање на терористите.

„Земјите не би смееле да имаат двојни аршини кон тероризмот“, предупреди рускиот претседател. „Но ние не ги поистоветуваме турскиот народ и дел од денешниот владејачки врв кој носи директна одговорност за загинувањето на нашиот војник“.

Тој кажа и дека Москва нема да го заборави злосторството и ќе ги потсетува Турците, кои ќе зажалат за тоа што го направиле.

Ако некој мисли дека откако ќе изврши подло воено злосторство, убиство на наши луѓе, ќе мине само со домати или ограничувања во градежништвото, во длабока заблуда е. Ние знаеме што треба да правиме“, истакна Путин, проследен со аплауз.

Ете од устата на Путин... кажа дека нема да дејствува со оружје против Турција, и дека нема да остане само на "скратувањето на домати". Јасно беше дека западот сакаше да ја чепне Русија и да направи нешто непросмислено... ама паметно изгреагираа русиве. Сега ќе чекаме да видиме што понатаму :icon_mrgr:

П.С. СНН ќути за доказите од Русија за соработката на Ердоган и ИСИС

:kafence:

Неспорно е дека Путин љуби да "си игра" со исламистите. Во тој контекст држат место зборовите на муџата-султан Ердоган дека "си игра со оган".
Пред некој ден "императорот" меѓу другото го обвини "султанот" дека е исламист и дека ја исламизира Турција. Сепак, во исто време го поддржува и толерира исламизмот на својата друшка-терорист и "aкадемик" Кадиров и креирањето на "чеченски халифат" во рамки на Руската империја.. Федерација, де.. :icon_lol:
Ова за поклониците на ал-Путини.

Не сум сосема сигурен дека Путин изигра којзнае што генијално кога се втурна во внатреисламските терористички, секташки пресметки. Но факт е дека немаше избор.
 
Низ историјата има многу примери на воени сојузи кои се распаднале баш кога требале да влезат во конфликт со сојуз кој е еднаков по јачина со нивниот.Секоја земја на НАТО со исклучок на Германија имат свои нерешени територијални прашања (збориме за јаките) што Русите можат да го искористат како пета колона во НАТО.
Војната меѓу Русија и Турција би донела реки на крв, бидејќи и едните и другите се тешки фанатици кога војуват, не се жалат, за разлика од јенките :).Јенките си го користат она старото римско правило, Раздели па владеj.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Нејќе да е по ќејф на Ердоган ова соборувањето на авионот. Некој му го има сместено , вратот не може да си го помрдне.
Сега ниту смее да порекне , ниту да признае .
А специјалистите за воени и политички прашања овде на форумот , можат само да лечат фрустрации . Не дека е досадно , напротив ! Ете некои неприродни реалетовски коалиции се формираат , смешки !
За очекување е дека Дарди за недела дена ќе склопи коалиција со ммеро , и так даљше и так проче !
 
Турција е удобна како никогаш до сега. Ердоган потиша договор со Катар и Азербејџан и ќе зема гас од таму. Сите турски производи што требаа да одат во Русија ќе одат во Украина и во арапските земји. Од ЕУ добија 3 милијарди евра, безвизен режим и преговори за влез во ЕУ. Плус и во НАТО се. Географската положба им е супер. Така да нема зима за Ердоган.
 
А како ќе стигне гасот од Азербејџан кон Турција кога Русија ја држи Арменија, Грузија ја има во мат позиција и може да праи во Сирија што сака?

Со поврзувањето на Иран, Сирија, Ирачките шиити.

Русија серизно ќе ја има во мат позиција испораката на нафта за Европа.
 
Ushte da se kadani d a pltat jadna uKraina e bankrot.
 
Турција е удобна како никогаш до сега. Ердоган потиша договор со Катар и Азербејџан и ќе зема гас од таму. Сите турски производи што требаа да одат во Русија ќе одат во Украина и во арапските земји. Од ЕУ добија 3 милијарди евра, безвизен режим и преговори за влез во ЕУ. Плус и во НАТО се. Географската положба им е супер. Така да нема зима за Ердоган.
Некогаш пишуваш и сам не си веруваш што си напишал . Која супер географска положба , дабетер се од нас !
Ебати државата на која пријателите и се зад седум мориња и седум планини !
Ти велам јас дека некој им го спопика . Како што кажаа во постот над овој , може да извезуваат во Украина проблемот кој ќе им плати за тоа. А арапските земји што урми и мандарини ќе купуваат од нив ?:pos:
 
A bogami ni leto
 
А како ќе стигне гасот од Азербејџан кон Турција кога Русија ја држи Арменија, Грузија ја има во мат позиција и може да праи во Сирија што сака?

Со поврзувањето на Иран, Сирија, Ирачките шиити.

Русија серизно ќе ја има во мат позиција испораката на нафта за Европа.
Времето ќе покаже дали е така или не.[DOUBLEPOST=1449171229][/DOUBLEPOST]
Некогаш пишуваш и сам не си веруваш што си напишал . Која супер географска положба , дабетер се од нас !
Ебати државата на која пријателите и се зад седум мориња и седум планини !
Ти велам јас дека некој им го спопика . Како што кажаа во постот над овој , може да извезуваат во Украина проблемот кој ќе им плати за тоа. А арапските земји што урми и мандарини ќе купуваат од нив ?:pos:
И јас се смеам со тоа ,но ете русот ги уценува турците со мандалини.:icon_lol:
 
Турција е удобна како никогаш до сега. Ердоган потиша договор со Катар и Азербејџан и ќе зема гас од таму. Сите турски производи што требаа да одат во Русија ќе одат во Украина и во арапските земји. Од ЕУ добија 3 милијарди евра, безвизен режим и преговори за влез во ЕУ. Плус и во НАТО се. Географската положба им е супер. Така да нема зима за Ердоган.
:pos: тоа Грујо спичка 1 милијарда ко ништо за 2 милиона народ, за Турција многу пари биле 3 милијарди, со тие пари дефинитивно нема зима :нинџ:
 
А како ќе стигне гасот од Азербејџан кон Турција кога Русија ја држи Арменија, Грузија ја има во мат позиција и може да праи во Сирија што сака?

Со поврзувањето на Иран, Сирија, Ирачките шиити.

Русија серизно ќе ја има во мат позиција испораката на нафта за Европа.

Со тоа поврзување, добивање гас од Катар нема никогаш да се случи.

Патем за еден гасовод со таква далечина е потребно 4-5 години изградба.

Што ако се случи односите да стигнат до тоа ниво за да Русија биде приморана да ги исклучи од гасната мрежа?
Ќе им функционира економијата на дрва?
Или 80 милионска земја одеднаш на дрва ќе започне да се грее?

Глупави се Германците кои притискаат за Северен поток 2?
 
Не си во право. НАТО не е банана да постапи селективно како што мислиш ти. А јас пак ти тврдам дека од Турција може да започне трета светска војна. САД и Велика Британија никогаш нема да се откажат од Турција. Така да муабетот бадијава ти е со гаѓање во полза на Русија. Русите се губитници од ова криза. Тоа треба да се признае. Во руската берза речиси секој ден има земјотреси после ова криза што им се случи со Турција. А ниту со војна неможат. Во времето на СССР кога беа многу по јаки беа поразени од една посрана лајнурија ткн Авганистан. А што остана сега..

Беа поразени во Афганистан во времето кога беа пред распад. Некој го спомна САД и примерот со Виетнам...Знаеш ли колку овде им воени ветерани, што боледуваат од агент оренџ, цели шуми и џунгли ги уништуваа по наредба на тогашниот прецедник Линдон Џонсон, знаеш колку штети економски, социјални и здравстени сеуште трпи САД од таа војна... Друга работа,Ал Кеада и талибаните победија против Советите неспорно,ама со огромно подршка на ЦИА во вооружување сателитски информаци, стингери и што уште не...За компарација САД со целата багра нејзини сојузници веке 15 години неможе да ја добие војната во истиот тој Афганстан, против истите тие талибани кои сега немаат сателистки информации,стингери, воена помош од САД...Значи послаб противник се за разлика од времето во војната со Русите, а сепак САД неможе да победи...Ирак ти е уште еден пример,зашто се повлекоа?? Ако останеа, ке беше вториот виетнам за нив..Така да би ја парафразирал твојата реченица... САД веке 15 години се поразени од една посрана лајнурија ткн Афганистан и ке додадам, САД се поразени и во Ирак - затоа и избегаа!!!

По втор пат ќе пишам, штета, зашто сите ние овде на форум, заедно со Русите, очекувавме дека САД ќе ги прифатат доказите, ќе го викнат Ерго на распит, ќе ми врзат два-три шамари и овој ќе си поднесе оставка...
Али тоа може да се деси евентуално, во некој паралелен Универзум. Дотогаш и овде, ние ќе мораме да го гледаме шоуто на лицемерниот Запад кој заедно со Ердоган се фатени на дело како си прават бизнис со крадена нафта, дур луѓето умираат од војна а целиот свет се наоѓа на работ на нуклеарна војна.

Незнам кој мислиш дека очекувал дека Вашингтон ке излезе јавно и ке го искара Ердоган,секако дека јавно ке му даде подршка... Инаку лугето, просечните Американци овде, а и политичарите од вториот ешалон го нагласуваат фактот дека Турција ги помага ИСИЛ и другите терористи уште пред да се случи инцидентов со рускиот авион..Одамна многу угледни политичари овде дебатираат како Обама дозволува Курдите кои се вооружени од страна на ЦИА да бидат секојдневно бомбардирани од турција...

Ај малку по хипотетички тогаш, и јас не гледам дека Русија им се одмазди на турците. А дека се понижија пред светот се понижија. Поточно кажано Русија остана трудна после инцидентот. Постојано се заканува со економски санкции дека немале да земат овошни производи од Турција бла бла бла голем стап ево веднаш се појавија арапските земји и Украина дека тие ќе ги земаат производите. Друга работа што сакам да кажам. Зошто Русија не објави војна или пак на некој начин не се обиде поново да влезе на турскиот воздушен простор ? Во историјата на НАТО не е позната твоја теорија да се остава некоја членка на калот. Муабетот почна да ми личи кога НАТО во 1999 та ги нападна србите и кога сите во МКД очекуваа и веруваа дека србите се по јаки и дека ќе ги поразеле тие од НАТО. Знам тогаш по кафаните сите се филмоваа, а во едно некои мислеа дека Русија ќе реагира во Ср Југославија. Па да ти кажам реално сириската ситуација ми личи на тогашна Југославија за време на бомбардирањата кога русите си заминаа преку ноќ и ги остадоја србите в кал. Истото сценарио постои и во Сирија. Доколку турски тенкови влезат во Сирија русите ќе се спакуваат и ќе си заминат. А НАТО ќе биде победник уште еднаш.[DOUBLEPOST=1449094163][/DOUBLEPOST]
:facepalm:

Ти како да си Столтенберг, НАТО ке влезел во Сирија. Нато копнено последен пат интервенираше во Афганистан, сеуште неможат да се извлечат оддтааму..Зашто НАТО алијансата не учествуваше во војната во ИРАК....Да те потсетам Канада ги повлече авиониоте од Јордан, се повлече од мисијата против ИСИЛ по наредба на новиот премир Џастин Трудо, човекот јасно кажа дека не сака да војува...Сакаш да ми кажеш дека Италија која е пред економски колапс и се соочува со милиони мигранти секој ден ке и текне на војува некаде си у некоја вокујебина, или шпанија која е пред распад(Каталонија), или Британија која едвај после толку време собра сили да фрли некоја бомба на ИСИЛ, онаа британија која бара помош од Канада и Франција за да бркаат некаква си фантомска руска подморница. или можеби Албанија, или па државата Црногорците од Цетиње во нивните народни носиии ке влезат во Алепо, можеби мислиш на Литванија, или Естонија на Аиво Орав, една шака народ што се толку уплашени па мора американците да им ја чуваат границата,или може мислиш на Чешка, Словачка, Унгарија... земји кои ни во најдлудите сништа нема да се впуштат во војна, може мислиш на Бугарија која веднаш ке ги активира ВМРО БНД , ... Американците и французите нема да интервенираат копнено тоа е факт,единствено може да му текне на Ердоган да направи некои провокативни инквизиции на Сириска територија и тоа е тоа...Така да приказната за величествениот Северно Атлански Пакт е стара, истрошена и вон употреба.
Кога тогаш НАТО и копнено ќе интервенира во Сирија. А русите ќе се спакуваат и ќе си заминат во Москва.
Нострадамус

Ако гори една членка ќе гори и светот и сите ќе си го јадеме стапот. Истото прашање и јас ти го поставувам, ако Русија е хипер супер мега сила зошто не се обиде да влезе поново на турскиот воздушен простор ? А во едно бидејќи е хипер сила како што тврдиш и ти зошто не ги бомбардира американските бази ? Например ево нека биде тоа и Инџирлик.
Прво од каде знаеш дали воопшто влегол авиониот во турскиот воздушен простор? И од каде знаеш дали немаат влезено ( ако веке влегле) повторно, да не имаш МИГ па да леташ на небоото на сирија?...Реално, со распоредувањето на одбрамбените системи во Ерменија и Латакиа, Сирија., Путин контролира околу 85% од воздушниот простор на Турција, само овој податок му е трн во очите на Ердоган и покажува дека тој е губитник во целиот случај

А што ќе биде например доколку турците и американците ги вооружат чеченците со биолошко или хемиско оружје ?
ЦИА фрли многу пари во Исламистичкото движење во Чеченија, сепак да те вратам во 2015 година.. идејата на движењто за Кавказки калифат е одамна поразено во Чеченија, таа војна е завршена,токму тој Кадиров имаше голем придонес за тоа...За споредба Курдското прашање е сеуште актуелно во Турција, судирите земаат се поголем замав, а Курдското движење станува се посилно.Веке де факто имаат своја држава во Ирак ,а на добар пат се да добијат и во Сирија..

Не бе друже доволно е САД Велика Британија, Турција, Германија Франција, Шпанија и Италија.

И од ЕУ добија 3 милијарди.. Плус безвизен режим и преговори за влез во ЕУ... А и башка е тоа што Украина и арапските земји се понудија и изјавија дека сите турски производи што требаа да одат во Русија тие да купуваат.
Добија 3 милијарди, а потрошиле пред 7 милијарди досега за бегалците, добија безвизен режим поради уцената што ја направија на ЕУ. Тоа не значи дека Ердоган е обожувана личност во Брисел, на сите им е јасно дека си имаат работа со тврдокорен нестабилен исламистичко диктаторски настроен политичар. Украина ке купувала тоа што русија нема да го купува.. Ок,ајде да ги видиме бројките. Русија има 150 милиони жители, еден од најдобрите пазари. Русите се познати по тоа дека се големи потрошувачи како дома така и во странство ( кој бил во контакт со нив знае). Во споредба со тоа ја имаш Украине со некаде над 40 милиони жители , значи двапати помал пазар, држава која живеее од Америчките долари на даночниците во УСА, милоста на земји како Канада, и под вештачка инфузија на ММФ кој ја одржува некако државата да не се распадне..Земја каде сиромаштијата е огромна, можеби повеке и од македонија...Второ, треба малку побистро да гледаш на работите, тоа сепак се политички изјави на овие земји, малку ширење популизам , не дека они се некој фактор...

Па, што знам дали е лошо да бидеме со Бугарија, а без Албанци....
Тоа ти е мирна глава.
Пошто докажано милион пати дека ние не можеме да ја сочуваме државата. Таа веќе не е држава на Македонскиот народ, туку на Македонскиот народ и Албанците , на кои им е трета држава у околина.
Крајна линија: и двете наши политички опции покажаа и покажуваат флагрантно изразена намера да не шитнат сите нас, нашите права, нашата земја, на Албанците за било каков дневнополитички ќар. Прмери - милион.

Да те поправам, држава на Античките Македонци предводени од пастирот ( со тендеција Заецот да го превземе неговото место со неговата група) и Албанците

Овој Ердоган со секоја негова јавна изјава се бламира,подобро нека кути, некогаш молчењео е злато.... Имал докази дека русија шверцувала нафта од исил, зборува за земја која спие на нафта
 
Последно уредено:
:pos: тоа Грујо спичка 1 милијарда ко ништо за 2 милиона народ, за Турција многу пари биле 3 милијарди, со тие пари дефинитивно нема зима :нинџ:
Не ми беше поентата дека се многу пари. Турција моментално економски ништо не губи од Русија. Колку и да изгубат неможат да банкротираат. Турција има алтернативи каде да ги продава производите. Па веќе и неколку договори се потпишаја.
 
Болдираното ти е у стил : Иде Дунав ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom