Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.954
Поени од реакции
2.228
Па, реално, и не е се така мед и млеко, никаде. Мене лично, ми се жалаат на животот во Македонија, претежно луѓе кои се неспособни да направат нешто сами за себе. И цело време, само се жалат, се жалат, веќе до таа граница што гледаш дека очекуваат да им се понудиш за помош. Ако веќе некој гледа дека нешто не му иде во животот и смета дека неговото знаење и стручност не се доволно оценети во МК, веќе треба сам да превезми одговорност за исселување или што и да е. Мене еве претежно ми се жалат луѓе кои на над 25 год се издржувани од домашните, во секое време имаат време за кафе, целосна слобода, по цели лета по плажи, немаат потполно никакво работно искуство, а со тоа ниту работна навика, а знаат да кажат дека целиот работен систем во МК не функционира (иако тоа е само мисловен поим за нив, а немаат никакво лично искуство во тој систем), и ми напоменуваат непрекинато дека само Германија е спасот за нив.
И сега што да им се одговори на тие како нив?
Ако им кажеш дека во Германија ќе заборават што е спиење секојдневно до 15h. - не веруваат, и тоа е жалење од моја страна.
Ако им кажеш дека кога си примен на работно место во Германија, значи дека работодавачите очекуваат твоја максимална посветеност за добро на инситуцијата каде работиш - и тоа е жалање.
Исто и дека околината е многу различна, и многу навики стекнати во Македонија, треба да се менуваат за опстанок во Германија, како постојаната дружба, искачања надвор и сл - и тоа е жалање.

Значи, да не се разбереме погрешно, не те категоризирам како неспособен, туку пренесувам од лично мои гледишта како изгледа моето ,,жалање,, кон некој од аспект на западниот живот. И пак ќе повторам, за тие што се решени и знаат дека имаат квалитети, постои интернет, огласи, знаат сами да си средат документација и да одат да работат и заработуваат кај сакаат.
Затоа во последно време дискусии од овој тип целосно избегнувам, зошто се некорисни и бесмислени, а не дека не сакам да помогнам. Кај тие што очекуваат помош колку и да помагаш, исто е, додека помагаш е ок, а потоа пак на старото.
Буквално го имам истото мислење.

Денес за 7 саати заработив пола од платата на моите (работат за просечна македонска плата). Како да се каеш што си се иселил ?
Да да, само што цената за живот во странство е доста поголема од цената за живот во Македонија.
 
Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
Predlagam na pocetniot post anketa da ima za popregledno da bide so DA ili NE a vaka treba site 56 strani da gi vrtam. :несвест:
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.954
Поени од реакции
2.228
Ова е мит, разликата не е толку голема.
Значи во Македонија просечна цена за договор со мобилен оператор е 180 евра месечно? Или осигурување за автомобил е 200 евра месечно? Здравствено осигурување 80-160 евра месечно? Данок на заработување од 15-20% годишно?

Разлика има, голема. Има работи и одредени продукти што се слични со цени (леб,јајца,млеко), освен цените за нафтени деривати, на пример мене литро бензин ми е 27 денари, поевтино од Македонија, но останатото е многу поскапо.
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
@YuZe а зошто не си дојдиш тука ко ти е толку тешко таму? Еве тука е супер , истото важи за сите шо се жалаат од животот настрана. Дојдете си , вратете се тука ко нечини таму шо се мачите ? :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Значи во Македонија просечна цена за договор со мобилен оператор е 180 евра месечно? Или осигурување за автомобил е 200 евра месечно? Здравствено осигурување 80-160 евра месечно? Данок на заработување од 15-20% годишно?
Не го разбирам ова? Кај има договор за мобилни 180 евра месечно? Осигурување 200 евра месечно?? Здравствено 160 евра??
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
@YuZe а покрај тие споредби ај те молам кажи колку ти е дневница во уса, колку раб денови во месецот ти требаат да купиш најнов телефон , лаптоп , гардероба, автомобил , ;)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.954
Поени од реакции
2.228
Ако работиш 40 саати неделно, што е нормално работно време, со минимална саатница од 8.25 USD едвај ќе преживуваш ако си сам. Тоа 8.25 изгледа голема бројка но после сите задршки излегува некаде 5.5 чисти што ги земаш на чек. Ова е прецизно за North Jersey / New York Metro area. Од друга страна има доста работа и ако работиш 2-3 работи и 80 часа неделно ќе си на добро ниво за живот.

Со 65+ саати работни неделно можеш да си припуштиш најнов телефон, лаптоп и гардероба, ама пак треба стварно да ги одработиш.

Автомобилите не се скапи и можеш да земиш возило за доста евтини цени, но цената на авто осигурувањето е ненормално висока. Зборуваме за бројки од 2000-3000 USD годишно па и повеќе ако имаш нова возачка дозвола и да немаш судари и сообраќајни прекршоци. Здравственото осигурување е многу високо исто така, а ако немаш осигурување, една посета на итна помош ќе те кошта околу 1.600 USD (ова е точна бројка која му стигна на другар ми кога отиде на итна помош затоа што го касна крлеж).

Не се жалам дека ми е лошо, ама цените се повисоки од Македонија во доста ситуации, освен за нафтени деривати :) 27 денари за литар бензин моментално, и тоа на Американски стандард.
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
значи со минимална плата од 1200$ едвај ке преживејш таму исто како и во мк,сега со 2-3 работи сегде ке си на добро ниво на живот....
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
Ако работиш 40 саати неделно, што е нормално работно време, со минимална саатница од 8.25 USD едвај ќе преживуваш ако си сам. Тоа 8.25 изгледа голема бројка но после сите задршки излегува некаде 5.5 чисти што ги земаш на чек. Ова е прецизно за North Jersey / New York Metro area. Од друга страна има доста работа и ако работиш 2-3 работи и 80 часа неделно ќе си на добро ниво за живот.

Со 65+ саати работни неделно можеш да си припуштиш најнов телефон, лаптоп и гардероба, ама пак треба стварно да ги одработиш.

Автомобилите не се скапи и можеш да земиш возило за доста евтини цени, но цената на авто осигурувањето е ненормално висока. Зборуваме за бројки од 2000-3000 USD годишно па и повеќе ако имаш нова возачка дозвола и да немаш судари и сообраќајни прекршоци. Здравственото осигурување е многу високо исто така, а ако немаш осигурување, една посета на итна помош ќе те кошта околу 1.600 USD (ова е точна бројка која му стигна на другар ми кога отиде на итна помош затоа што го касна крлеж).

Не се жалам дека ми е лошо, ама цените се повисоки од Македонија во доста ситуации, освен за нафтени деривати :) 27 денари за литар бензин моментално, и тоа на Американски стандард.

LOL....

Aj sega da se vratime vo realnosta...

Prosecna cena za auto osiguranje vo new york e $98 mesecno sto e pomalku od 1200 USD godisno.

http://www.valuepenguin.com/average-cost-of-insurance

Zdrastveno $428 mesecno. Ama zatoa vo alabama e $178. Poveketo vraboteni vo kancelariska rabota "white collar jobs" imaat PLATENO osiguranje od rabotodavecot.

http://kff.org/other/state-indicator/individual-premiums/

Telefon - $24 mesecno. Ova e kolku sakas da zboris + 2 giga data. Inace ima i planovi od $5 za koj dobivas 80 minuti razgovor, na koj za uste $5 mozes da dobies 400mb internet.

https://www.puretalkusa.com/cell-plans.php

----------

Se drugo e poevtino. Pocni od koli (pogotovo polovni) do garderoba, jadenje (zboram supermarket) itn. Problemot e sto makedonceto ne sporeduva se realno. Vo USA ti zbori za minimalec, ako toa e se sto zimas togas sporedi so nekoj kako zivee so makedonski minimalec. Druga rabota treba da si lud da otides da zivees vo NY, London, Sydney, Tokio a pritoa da nemas BARANA sturka za da zarabotuvas adekvatno na tamosnitiot standard. Ako vo NY ne pravis ti $1500-2000 nedelno ne si go gubi vremeto, ima cel kup drugi mesta kade moze podobro ke zivees.
 
Да се вратиме во реалноста, хаха, таму живеам, ова што ти го пишувам е реалноста.

Ауто осигурање не е 98 месечно, многу повеќе е тоа, провери за New York City а не за New York State, различен зип код, различна цена.

Телефон можеш да земиш 24 долари месечно да, колку ќе има покривање и каква е мрежата за тоа ќе видиме. Телефон мене ми треба за работа, не ми треба за кафе и бурек да ги викам пријателите.

Половни коли поевтини точно, земи поевтина кола па кога ќе се расипи ќе плаќаш 30+ долари работна рака на саат за неа. Јас имам германска кола, во ауто дилер саат време за поправка на таа кола е 110 долари на саат. Значи не е ова Македонија, ти се расипе кола без 200-300 долари не поминуваш. Гардероба, ако одиш во Wallmart и купуваш 5 долари маички да.

И на крај краева многу јасно и едноставно, одиш блиску до големи градови затоа што економијата е многу јака и има многу работа во и околу тие градови. Оди ти Оклахома и Алабама па да видам дали ќе најдиш работа и ако ја најдиш ќе биди со минималец.

Барана струка, хаха, која глупост еј. Американците имаат една изрека "Who you know, or who you blow" кога се однесува за да влезиш на работа.

Тоа се моите 5 центи за темата. Ова го кажувам од искуство а не од гуглање интернет.

Крајна линија, не викам дека Македонија е добро или лошо, викам дека и во странство е истото срање. Не е се така розово како што изгледа никаде.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ако работиш 40 саати неделно, што е нормално работно време, со минимална саатница од 8.25 USD едвај ќе преживуваш ако си сам. Тоа 8.25 изгледа голема бројка но после сите задршки излегува некаде 5.5 чисти што ги земаш на чек. Ова е прецизно за North Jersey / New York Metro area. Од друга страна има доста работа и ако работиш 2-3 работи и 80 часа неделно ќе си на добро ниво за живот.

Со 65+ саати работни неделно можеш да си припуштиш најнов телефон, лаптоп и гардероба, ама пак треба стварно да ги одработиш.

Автомобилите не се скапи и можеш да земиш возило за доста евтини цени, но цената на авто осигурувањето е ненормално висока. Зборуваме за бројки од 2000-3000 USD годишно па и повеќе ако имаш нова возачка дозвола и да немаш судари и сообраќајни прекршоци. Здравственото осигурување е многу високо исто така, а ако немаш осигурување, една посета на итна помош ќе те кошта околу 1.600 USD (ова е точна бројка која му стигна на другар ми кога отиде на итна помош затоа што го касна крлеж).

Не се жалам дека ми е лошо, ама цените се повисоки од Македонија во доста ситуации, освен за нафтени деривати :) 27 денари за литар бензин моментално, и тоа на Американски стандард.
80 saati nedelno za normalen zivot?!?! Ubavo velam jas, USA e third world country.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
Да се вратиме во реалноста, хаха, таму живеам, ова што ти го пишувам е реалноста.

Ауто осигурање не е 98 месечно, многу повеќе е тоа, провери за New York City а не за New York State, различен зип код, различна цена.

Телефон можеш да земиш 24 долари месечно да, колку ќе има покривање и каква е мрежата за тоа ќе видиме. Телефон мене ми треба за работа, не ми треба за кафе и бурек да ги викам пријателите.

Половни коли поевтини точно, земи поевтина кола па кога ќе се расипи ќе плаќаш 30+ долари работна рака на саат за неа. Јас имам германска кола, во ауто дилер саат време за поправка на таа кола е 110 долари на саат. Значи не е ова Македонија, ти се расипе кола без 200-300 долари не поминуваш. Гардероба, ако одиш во Wallmart и купуваш 5 долари маички да.

И на крај краева многу јасно и едноставно, одиш блиску до големи градови затоа што економијата е многу јака и има многу работа во и околу тие градови. Оди ти Оклахома и Алабама па да видам дали ќе најдиш работа и ако ја најдиш ќе биди со минималец.

Барана струка, хаха, која глупост еј. Американците имаат една изрека "Who you know, or who you blow" кога се однесува за да влезиш на работа.

Тоа се моите 5 центи за темата. Ова го кажувам од искуство а не од гуглање интернет.

Крајна линија, не викам дека Македонија е добро или лошо, викам дека и во странство е истото срање. Не е се така розово како што изгледа никаде.
Нема врска каде живееш се гледа дека си тазе одселен па некој основни работи не ги знаеш/сфаќаш. Осигурувањето што го напишав е просек, остај ти стејт/град кога 95% од населението на државата живеат во метро њу јорк. Зип код игра улога како и многу други работи на пример колку год си, кој пол си, дали си бил предходно осигуран и дали си имал судари (рејтинг), дали колата ти е гаражирана, колку миљи годишно поминуваш итн.... Ова што ти го дадов е ПРОСЕК, тоа дека ти плаќаш моментално многу повеќе е друга работа. Што пробувам да ти укажам е дека со тек на време ќе си најдеш начин како да си ги намалиш трошоците а да ги зголемиш приходите. Тоа е таа скриена цена на емиграција.

Се гледа дека си нов и по тоа што сеуште не разбираш како работат мобилните оператори. Покрвиање - мрежа на пример со тие што ти ги дадов -Pure talk USA ќе имаш исто ко со AT&T, вториот најголем оператор во УСА. Они уствари се виртуален оператор што има минимални трошоци а ја користи мрежата на АТ Т.

Во денешно време никој не плаќа многу за работна рака на кола. Или купиваш некоја тојота/хонда јапонска која е поевтино само да смениш дел и тоа кошта релативно евтино или ќе си земеш некоја подобро очувана мечка што има 1 000 000 км гаранција. Во секој случај колите во УСА се смешна цена споредено со МКД.

Треба да си луд во денешно време прва станица да тие њујорк, сиднеј или лондон ако највеќе што можеш да оствариш е минималец. Затоа сега 80 саати треба да работиш. Да си отишол некаде кај што е се поевтино, да ќе имало помалку работни места ама и помалку конкуренција, повеќе шанса за напредок, ќе си го научел системот подобро, ќе стекнеш подобро локално искуство па ќе можеш да се вработиш без познанства или пушење...

Не се секирај и јас зборам од искуство. Прогуглав само за да не остане на my word against yours а и да ти отворам малку очи.

Во странство не е розово ниту лесно ама со тек на време ќе се средиш па ќе видиш голема разлика. Не е ни странство за секого.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom