НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не знам секој гледа различно.
Ја на пример не го гледам Коби како да ја завршува на лош начин кариера , баш напротив поставува уште нови граници. На тие години таква повреда 99% тука ќе ставеа крај на кариерата ама не и Коби. Таква посветеност што сум читал изјави од соиграчи и желба за победа и борба до последен миг што уште ја гледаме не сум ја видел никаде. Ќе фали многу ама мораше да дојде и тоа за жал...
 
Крв си ебам, глеав филм до сеа и кој кур ме тераше да ја отворам проклетава Кајгана и да прочитам за Коби...
Иако очекував да се пензионира сезонава сепак знаев дека кога ќе го објави тоа ќе ми се стемни пред очи. Пишав и во фан клуб Лејкерс али ќе пишам и овде...
Таков победнички менталитет ретко се гледа во спортот општо, не само во кошарката. Веројатно најголемиот работник што некогаш го заиграл овој спорт. Џордан во една прилика имаше изјавено: Јас бев најдобар, но тренирав нормално како и сите други. Коби е најдобар и тренира повеќе од сите други. Is this guy real?
Јас би му одговорил на Мајкл дека не е. Човекот кој му убаци “само“ 81 поен на Торонто, 62 на Далас за 3/4, човекот кој буквално дојде од судница и ги помоча Спарси, човекот кој поради скршен прст доигра утакмица користејќи ја само левата рака, човекот кој не го спречија милион повреди да освои 5 прстени и да игра уште 2 финалиња. Епа после 20 години дојде и крајот, секако некогаш ќе мораше да се случи тоа, дали оваа дали следната сезона, сеедно... Импактот кој го остави Коби врз НБА и кошарката како спорт е од непроценливо значење.

Среќно мајсторе :place::place::place::place::place::place::place::place:

12301548_10153751657048537_2855403107491300029_n.jpg
 
Последно уредено:
И да не заборавиме човекот кој иако го трпаше Њујорк секоја втора утакмица цел Медисон Скверн Гарден го дочекуваше и испраќаш со овации.Бар за мене Нба више нема да биде иста,што да се каже ми се еба денот:place:
 
Можеше да склучи минималец и да игра од клупа уште пар сезони, не знам зошто иде cold turkey. Егото ваљда.
 
Одлична кариера, еден од 10-15 најдобри играчи на сите времиња веројатно. Со среќа нека му е, баш ме интересира што ќе проба да прави во иднина. Нема да ме чуди да се врати како Џордан за некоја година.

Е сега уште да сфати дека треба веднаш да се пензионира, а не на крај на сезоната за да можат Лејкерс да тепаат некој натпревар...
 
Никако, Лејкерси и така ништо нема да направат бар да го погледаме уште неколку пати.
 
Никако, Лејкерси и така ништо нема да направат бар да го погледаме уште неколку пати.

Поарно да не ја гледате оваа криминална кошарка која ја игра моментално. Подобро е да го запамтите онаков каков што беше во минатото.[DOUBLEPOST=1448881258][/DOUBLEPOST]In other news, за два дена дерби Филаделфија - Лејкерс!!! :vozbud:

За жал главниот натпревар кој никако не им се исплаќа да го победат баш него веројатно ќе го добијат Филаделфија... Лејкерс се тешка трагедија... Освен ако проработи оној "trap game" менталитет - првите натпревари дома после долга серија гостувања обично се опасни за домашната екипа - често и многу јаки екипи губат.

Инаку нека не ве залажува скорот на Филаделфија - нема пак да бидат последни... Јас целосно очекував да немаат повеќе од 3-4 победи до Нова Година. Од Јануари натаму ќе влезат во многу подобра серија. До тогаш имаат ужасен распоред - толку тежок распоред во првите два месеци досега немам видено (во 18 натпревари досега имале само 3 против екипи под .500 а и тие 3 беа сите во гости Хјустон, Милвоки и Минесота - сите други 15 против јаки екипи, повеќето во гости). Плус имаат еден куп битни повредени играчи. Згора на се го интегрираат Окафор кој е специфичен играч и останатите немаат поим како да играат со него. Доста се менува стилот на игра во краток период.

Таман ќе развијат некоја хемија и ќе им се вратат дел од повредените, ќе им олесни и распоредот во Јануари, Февруари, Март.
 
Последно уредено:
Одлична кариера, еден од 10-15 најдобри играчи на сите времиња веројатно. Со среќа нека му е, баш ме интересира што ќе проба да прави во иднина. Нема да ме чуди да се врати како Џордан за некоја година.

Е сега уште да сфати дека треба веднаш да се пензионира, а не на крај на сезоната за да можат Лејкерс да тепаат некој натпревар...
Ме занима, според тебе кои се најдобри играчи, еве барем топ 5 нека бидат. Значи не те напаѓам, сакам мислење само да прочитам.

Инаку подобро за Лејкерс да не тепаат некој натпревар, подобар пик за следната сезона. ;)

П.с. http://www.nbaserbia.com/vesti/12466/na-danasnji-dan-majkl-dzordan-najavio-penziju
:):):):)
 
Последно уредено:
Nemozes Mambata da ne go stais u top 5, bar po mene :)) Koga si Najslicen, bez malce identicen so najdobriot na site vreminja u sportov, kako da ne bides u top 5? za mene odma zad MJ, sekoja cest majstore
 
Ме занима, според тебе кои се најдобри играчи, еве барем топ 5 нека бидат. Значи не те напаѓам, сакам мислење само да прочитам.

Инаку подобро за Лејкерс да не тепаат некој натпревар, подобар пик за следната сезона. ;)

П.с. http://www.nbaserbia.com/vesti/12466/na-danasnji-dan-majkl-dzordan-najavio-penziju
:):):):)

Види, искрено ваквиот тип на листи никогаш не може да биде 100% прецизен. Повеќе мислам дека може да се зборува за групи на играчи, пример отприлика група од 30-40 играчи кои би можело да се сметаат за најдобри без да се прави редослед меѓу нив. Ерата и правилата правеле големи разлики.

Ама претпоставувајќи што ти е прашањето еве отприлика неколку кои мислам дека се според мене пред Коби без некој особен редослед (може да има и уште немам претерано размислено):

Jordan, Chamberlain, Abdul-Jabbar, Duncan, O'Neal, Magic Johnson, Oscar Robertson, Olajuwon, Russell (+ веројатно LeBron иако тој има уште доста години пред него).

П.С. Очекувам освен за тројцата што играле за Лејкерс + Џордан да се жалиш :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom