Тим Кејхил
Ќе почнам со уште еден од моите омилени ПЛ играчи - Тим Кејхил. Вистинска легенда на Евертон и Австралија, препознатлив по неговиот goal-celebration. Има преку 50 голови во Премиер Лигата, а скоро 200 во неговата кариера. Му помогна на Милвол во 2004та како второлигаш да стигне во финалето од ФА Купот, за веднаш потоа да направи трансфер во Евертон. Со Евертон најдобар резултат му беше 4тото место во Англија, и исто така изигра уште едно финале на ФА Купот во 2009та. Тука беше до 2012, кога се пресели во Њујорк...моментално игра за Шангај Шенуа. Репрезентацијата на Австралија ja има претставувано на 3 Светски првенства, последното 2014 во Бразил кога постигна еврогол против Холандија. На почетокот на оваа година направи голем успех со националниот тим, кога како домаќини го освоија Купот на Азија.
Милан Барош
Најдобар стрелец на ЕП 2004, освојувач на ЛШ со Ливерпул во 2005та. Најголемиот дел од кариерата го помина низ Англија и Турција, за пред 2 години да се врати во Чешка, каде што моментално игра за тимот на Млада Болеслав.
Џон Хејтинга
Фудбалер кој беше редовен во дефанзивата на Евертон. Во сезоната 2013/14 полека почна да го губи местото во првиот тим, па направи трансфер во Фулам во Јануари. Веднаш по крајот на таа сезона се пресели во Херта, за летово да потпише за Ајакс. Искрено немав појма дека е таму, очигледно ниту во Ајакс нема да фати место во првата 11ка, а не е кој знае колку стар има 31 година што никако не е многу за дефанзивец.
Томас Соренсен
Па реално Соренсен е веќе и стар, има 39 години, ама гледам дека уште игра (за Мелбурн Сити) па може да влезе на темава.

Одличен голман, бранеше за Сандерленд, Вила и Стоук, а има 101 настап за репрезентацијата на Данска. До 2010-11 некаде беше редовен, после тоа се повреди и Беговиќ почна полека да му го фаќа местото. Од 2011 до 2015 има едвај 20 настапи за тимот на Стоук, а последниот настап за репрезентацијата на Данска му е во 2012....така да најверојатно веќе се има најдено на темава.
Лиам Риџвел
Еден играч кој никогаш не беше добар колку што беше контроверзен како фудбалер. Кариерата ја започна во Астон Вила, каде што помина 5 години. Во 2007ма направи директен трансфер од Вила во Бирмингем, градскиот ривал на неговиот претходен тим. Тука исто така помина 5 сезони и изигра повеќе од 150 меча, за во 2012 да им го плесне и на фановите на Бирмингем и да потпише за ВБА, уште еден тим кој е директен ривал со претходните 2 тима.

Во 2014 заминал во Портланд, а сезонава игра во третата лига во Англија, за тимот на Виган како позајмен играч.