$korpion
MusicProducer
- Член од
- 14 април 2009
- Мислења
- 252
- Поени од реакции
- 90
Ти во кој паралелен универзум живееш ? Спортивно од желбата на Русија да ја реши ситуацијата во Сирија и на Блискиот исток во своја полза стои САД , и обратно , спортивно од желбата на САД да си го реши проблемот на свој начин стои Русија. Доколку овие две сили не би се попречувале една со друга , и едните и другите би ја довеле војната до разврска кој ним му одговара и тоа без да ги прашаат некои држави од типот на Израел и Турција. И другиот дел од постот ти е скроз без врска , и Израел и Турција не се ниту еднинствени ниту убедливо најсилни а ни единствените добри познавачи на теренот, колку и да сакаш да ги величиш реалноста зборува други работи , и е зачудувачки како ги отпишуваш Саудиска арабија и Иран кои моментално имаат поголеми влијанија врз настаните на блискиот исток од Израел и Турција . Најчудно од се ми е како Иран од секогаш бил отпишуван од играта од страна на многу луѓе во корист на СА , Турција , Израел ... Еве да направиме некоја споредба . Пред неколку години додека Турција незапирливо продираше на балканот и ја разгоруваше штотуку почната војна во Сирија со цел остварување на нивните луди соништа за обновување на отоманската империја , додека СА финансираше се што можеше да се нарече радикален ислам и му се закануваше на кој ќе стигне , вклучувајќи ја и Русија , Иран беше под константи закани од Израел дека ќе го бомбардираат Техеран , ќе му ја разурнат државата и уште што ли е не , додека низ ормунскиот теснец се шетаа носачите на авиони и разурнувачите на воената морнарица на САД . Ајде да ја видиме сликата денеска :Без логистика од Турција и Израел ниту САД ниту Русија ниту пак ЕУ може да ги порази овие од Исис. И тоа поради 2 причини: 1- Тие се единствените најсилни држави во Блискиот Исток. 2- Тие држави најмногу го познаваат теренот. Така да клучот за победа е кај Нетанјаху и Ердоган. И тоа без разлика дали некој тоа го сака или не реалноста е тоа...
Иран е тргнат од фокусот , Иран носи борци од Авганистан да се борат на нивна страна во конфликтот во Сирија , Иран отвара војна на границите на СА , Иран има свои војници во Сирија кој со самото присуство таму се де факто на границата на Израел и истиот тој ИРАН не го зема во предвид мислењето и интересите на САД додека ги планира и прави сите овие работи. Од Авганистан до Јемен до Сирија , прилично голем радиус на дејствување за една "занемарлива" и "небитна" сила на блискиот исток како Иран. И за крај да не го заборавиме и влијанието и клучната улога на Иран во конфликтот во Ирак, додека на границите на Турција се создаваат автономни курдски републики. Значи сепак реалноста била поинаква од бујните фантазии.
За крај заклучокот - Клучот за победата не е ни кај Ердоган а особено не кај Нетанјаху , без разлика дали некој го сака тоа или не
