Ништо не си разбрал.
Не Франција, тие се вазали како и сите во НАТО. Газдите - САД, нивно масло е ова. ИСИС е нивна алатка..
Океј де ете така да го формулираме:
САД ја создава ИСИС.
И сеа теоријата која ја споменав а која е сулуда: САД преку ИСИС ја напаѓа Франција за да потоа Франција има повод да ја нападне ИСИС.
Значи САД преку својата алатка ја напаѓа Франција за оваа да има право да им ја нападне својата алатка?
Non fuckin sense, ова не е ни малку слично со 9/11 работите, тоа ми е мене муабетот.
Разгор на Европа е многу поочигледната теорија. Првпат после колку време САД и Русија работаат „заеднички“, со иста цел, да му ебат мамата на најстариот континент и да го вратат во вазална улога. Западноит дел од него кон САД, источнот кон Русија. Раздели па владеј, после ќе си прават нови Украини.
Затоа мразам кога некој ја брани мечката за оваа работа. Кој кур ние како жители на Европа имаме помош од неа. Со што ни помогна нам? Колку што САД преку ИСИС почна бегалска криза, толку и Русија преку финансирањето на Асад кој коле и пали секакви луѓе таму, доведе до нова голема преселба на народите и како што гледаме инфилтрирање на радикални говеда во Европа, по рутата на која и ние се наоѓаме.
А таквите испрани мозоци не се командоси или сибирци па да работаат по команда. Доволно е да му го начнеш Алах и да те разнесе. Кога се таму групно како милитанти на ИСИС, може да слушаат наредби, ама кога се инфилтрирани тука, прашање на момент е што ќе му текне.
Најдобрата опција за сите кои што моментално живееме во Европа, дали биле во или надвор од ЕУ е одбранување на Европа од западно-источните канџи. Дали тоа е лесно можно, не, заради долговите кои ги имаат одредени европолитичари врз едните и другите. Но се ближи моментот кога народот во Европа ќе сфати сам колку е саатот.
Друга работа, за безбедностите служби и нивниот „пропуст“.
Ај вака сеа. Париз е еден од најгетонизираните градови во Европа, а можеби и најкриминалната метропола. Оружја на секој чекор, трговија со него, клански пресметки. И со толку оружје, стварно мислите дека е толку тешко седум души во соба да се договорат на тој и тој ден да земат калашњиковите и да се распукаат?
Значи нападов беше извршен со АК-47, кашикари и ТНТ. Најефтиното и најдостапното оружје. А збориме за во град во кој моеш да набавиш на црно оружје во секој момент.
Не е толкав пропустот на безбедносните служби колку што е пропустот на мигрантската политика на државата години уназад.
Исто ко кај нас тука во некои градови да се чудиме како овој има оружје, а во 2001 на секому беше даван калаш, пола од нив никад не беа вратени...