Построги мерки во смисол на детална проверка на апликантот за емиграција, дали има кривично досие, дали е на црна листа од страна на домашни или меѓународни органи за кривичен прогон, одзимање на државјанство и враќање во матична земја во случај на насилно кривично дело. Регулирање на миграција со примање на мали квоти. Ако припадниците на одредена верска или етничка заедница се во мал број, не можат да прават гетоизација и ќе бидат приморани да се приспособат на новиот начин на живот во земјата домаќин. Во поголема бројка приказната е поинаква., создавање гетоа, одбивање за давање придонес во земјата домаќин, паразитирање на системите на социјална помош, рапиден пораст на криминал.
Поекстремна варијанта - да се примени јапонскиот модел на емиграција, односно создавање на еден голем склоп на правила што овозможува само 2 или во најдобар случај само 3 проценти на странци да живеат и работат во Јапонија. Јапонија има најмал процент на етникуми и странци во нивната земја и не прима бегалци, ама затоа има фер политика да учествува само со парична помош и донации на неразвиени земји. Политика на не ти влегувам во твојата куќа иако ти давам пари, ти не влегувај во мојата.
Во поглед на обичаи - зборувам за обичаи кои се третираат како кривични дела. Пример, склопување на брак на постаро лице со малолетник. Такви обичаи не се искоренети од блискоисточни и африкански земји, и ден денес се практикуваат. Или обичаи за убивање на лица кои преминуваат во друга вера. Или каменување во случај на прељуба.