edno prasanje do pravnicite ke ve molam ako mozi da mi pomognete oti vo golema maka sum?razveden sum pred tri godini imam kerka so prviot brak trebase da plakam alimentacija po 2000denari a jas nemam plateno nisto vo ovie tri godini.i sega za prv pat posle tri godini me dadoja na sud{bivsata sopruga} a jas sum vo teska finansiska sostojba ne sum vraboten nemam nisto na moe ime.i so ke bidi sega so mene ako mozi nekoj da mi pomogni vo ova situacija da mi daj odgovor VE MOLAM.oti glata mi cadi vervajte.vi blagodaram odnapred pozzzzz
Еве ти закон за семејство
1. Издржување на децата, на родителите и на другите роднини
Член 179
Родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца.
Ако школувањето и стручното образование на децата продолжува и по
полнолетството, родителите се должни, понатаму да ги издржуваат децата до редовното завршување на школувањето, но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст.
Ако полнолетното лице е неспособно за работа поради болест, физички или
психички недостаток, а нема доволно средства за живот и не може да ги добие од својот имот, родителите се должни да го издржуваат додека трае таа неспособност.
Член 194
При утврдување на потребата за издржување на лицето, судот ќе ја земе
предвид неговата имотна состојба, способноста за работа, можноста за
вработување, здравствената положба, како и другите околности од кои зависи оцената за неговите потреби.
Кога издршката се определува за дете, судот ќе ја земе предвид и возраста на детето, како и потребите за неговото школување.
При утврдување на можностите на лицето кое е должно да дава
издржување, судот ќе ги земе предвид сите негови приходи и вистинските можности за стекнување на заработка и неговите сопствени потреби и законски обврски по основ на издржувањето спрема други лица.
Член 196
Висината на издржувањето судот може да ја определи во определен износ или во процент од остварениот личен доход, односно од приходите и примањата остварени од вршење на друг вид дејност.
Член 201
Заинтересираното лице може да бара судот да го зголеми, да го намали или да го укине издржувањето досудено со поранешна правосилна пресуда ако се измениле околностите врз основа на кои е донесена пресудата.
Ќе си најдеш адвокат, зашто сам ништо нема да направиш како прво.
Не знам дали си невработен цело време, зашто ако си бил си требал веднаш да се побуниш за висината на алиментацијата која не си во состојба да ја плаќаш. Алиментацијата по правило се определува во зависност од твојата финансиска состојба.
А ако си останал невработен во текот на овие 3 години си требал навреме да го известиш судот за промените на околностите и да бараш намалување или укинување на пресудата со која ти е одредено да плаќаш 2000 денари.
Со адвокат ќе си ги изнесеш околностите и причините поради кои не си плаќал алиментација и останатото е работа на судот што ќе одлучи.
Али ако си невработен не знам како би платил и адвокат.
И земи си и барај било каква работа.