Војната ќе ја предизвика Персија, денешен Иран, во периодот меѓу 2012 и 2017 година, а треба да заврши во 2026 година. Во таа војна те риторијата на Македонија, според пророкот, ќе има клучно, решавачко значење, поради што неколку пати се спомнува во кватрените поврзани со овој настан. Еве како Нострадамус го опишува почетокот на таа војна:
“Запалена светилка ќе биде видена,
Во ноќно време,
близу до Рона (Јужна Франција, з.н.).
Глад и војни ќе дојдат и помошта ќе биде предоцна,
кога Персија ќе се мобилизира,
да ја заземе Македонија”.
Ако проникнеме подлабоко во суштината на овој кватрен, ќе дојдеме до заклучок дека загатката “запалена светилка во ноќно време” се однесува на пламенот кој зад себе го оставаат интерконтиненталните нуклеарни балистички проектили, лансирани некаде од Персија (Иран). Нивна цел ќе биде “близу до (реката) Рона”, каде што се наоѓа една од поголемите ну клеарки во Јужна Франција. Нападот, според пророкот, ќе биде извршен со молскавична брзина и ненадејно, поради што секаква помош која ќе им биде понудена или упатена на земјите загрозени од агресорот, “ќе биде предоцна”, односно излишна и некорисна. Во втората линија се открива дека цел на аг ресорот, во конкретниов случај на Персија (Иран), ќе биде “да ја заземе Македонија”, како стратешко подрачје, од каде ќе го насочи следниот завршен удар за освојување на Европа.
Не е далеку од вистината...