Ако се потврди, мене ме интересира ќе покажат ли јавна грижа на совест сите оние кои во ФБ дебати фрлаа дрва и камења , вриштеа со епитети „нацисти“, „фашисти,“ “ксенофоби“, „исламофоби“ и не знам што друго по секој/а кој/а го поставуваше легитимното прашање за безбедносните аспекти што се нормални за вакви кризи, како се филтрира и контролира за тероризам (но и за евентуални воени злосторници и злосторници против човештвото,криминалци од друг тип) во бегалскиот бран и дека темпото на влез е малце „ненормално“? Меѓу другото и од мене, во дебати во кои сум учествувала по ФБ.. Ќе има ли mea culpa од сите оние кои мртви-ладни викаа „шо ви е, шо па вие се секирате за терористички напади, кај нас се транзит, одат во ЕУ„ , демек, со подтеза, ако има и терористи, други Европјани ќе гинат, шо ни е нам гајле (знаете, оние другите Европјани се оние што ни даваат пари, кредити, стипендии, работа, ни купуваат производи, кај кои сакаме да шетаме без Шенген, а еден ден и да бидеме членка ти нели и ние сме биле со европски вредности и дел од европското семејство)? Ако ова се потврди, и ние и цело ова „корзо“ што без проблем и никаква контрола се тераше одвде си имаме вина, сите оние кои апла по ФБ кажуваа како илегално да се минуваат границите, и тоа, од безбедна во безбедна држава, сите оние кои немаа никаква морална или било каква друга обзирност кон Европјаните од ЕУ, небаре не се тоа луѓе кои исто така имаат права, деца, семејства, а кои толку безобзирно и пакосно ги објективизиравме оти се од ЕУ, со што покажавме многу, многу други грди работи во однос на нашиот „европски идентитет“, а кои ете се умислуваат дека се поразлични од оние од другиот крај на спектарот.
П.С. ПАтем, од некои од тоа наводните „хуманитарци“ сега нема исто толку „вриштечки“ вокабулар и истите епитети но во обратна насока, осуда, дистанцирање, ма тотална штама. А за некои ич нема да се зачудам и да „лакјуваат“ што толку крв се пролеа по улиците на Париз, оти, нели, агендите им се други, се другото е само маска да им го спуштат гардот на луѓето, а богами и здравиот памет...