Леле еј преку кур од овие коментари за тоа како они не мислеле на нас кога ни се десило Куманово, кога ни се десило тоа кај Смиљковско, преку кур више. Само кај нашиов менталитет ова го има, па ова е бетер од тоа „да му умре козата на комшијата“, ова ти е поише ко „мене кога ми умре козата, на комшијата гајле му беше, па сеа него кога му умре жената мене гајле ќе ми е, па дури и ќе му се ситам“. Зашто сме мењале профилни, зашто во Скопје смениле бојата на зградите во бојата на француското знаме, не дека цел свет не го праи ова. Ама не, само ние имаме против, ние посебните антички македонци, најпаметните на светов. Дај преку кур прекинете да се праите паметни како вие да сте оптималните граѓани врз кои биле извршена страшна неправда, па сега бркате некаков си одмаздничко-егоцентричен поход.
Луѓе, нападов на Париз е терористички напад на подрачје кое во својата околина нема видено В од војна у последните 50 и кусур години. За разлика од блискиот исток каде војната е секојдневие, за разлика од Балканот каде што имаше војна во Југославија, за разлика од Македонија каде што ние имавме војна во 2001. Овој терористичи напад е удар на место врз граѓани кои не знаат за ништо друго освен мир, бидејќи никогаш не биле загрозени. Ова не е секојдневен удар, ова е сериозна закана за општеството, не само за Париз. И сега добиваш удар, хаос. Па се поставува прашањето. Ако терористиве можат тука да удрат и да нанесат вакви штети, па боже што би можеле да направат во понеразвиени и помалку безбедни држави, на пример како нашата? Што би правеле ние? Значи преку кур од ваквиов менталитет со ситење, со „е сеа ние ќе ви вратиме“, со „што не ни помогнавте вие тогаш“. Имајте малце човечност у вас. Сте слушнале за "be the change you want to see in the world"? Па ако ти сега не покажеш разбирање и сочувствување, како очекуваш во иднина на некој да му е гајле за тебе? Сте слушнале и за "be the bigger person"? Она кога двајца не се сложуваат за нешто, но во име на добрината и слогата едниот отстапува од своето? Зошто не можеме ние да бидеме тие? Крај краева, кој ебан фактор сме ние за некој да му е гајле за нас? Па токму овие прилики се моментите каде треба да покажеме дека сме некаков фактор. Ова се моментите каде што би можеле да направиме некаква база, и утре нас кога ќе ни треба помош да кажеме „ние бевме со вас тогаш, сеа вие бидете со нас“. А тоа нема да се деси со ваквиве ваши коментари. Пошто тоа што се случило во минатото се случило, поминало. Сегашноста е таа во која треба да правиме промени и да ја средиме работата како што сакаме да биде средена. И мислете малце, ако ова се случува во Париз, треба и те како да дадеме поддршка бидејќи ако тие луѓе не застанат на нозе, ние уште полесно би паднале.
Крај-краева, и да не ве боли кур за све ова, нека почне да ве боли кур за луѓето. Пошто јас не сакам никој од Париз да страда, а на неговото страдање ја да му викам „е сеа пати си, кој те ебе, тебе твојата влада и твоите медиуми не не покриваа нас толку и ти не направи ништо, сеа јас нема да направам ништо за тебе“. Не кур генерализирајте и не ги споредувајте владата и медуимите со просечниот човек. Пошто утре ако поради грешни постапки на мојата владата ние наебеме на некој начин, нејќам некој да одбие да ми помогне бидејќи ќе ме идентификува со премиерот или претседателот. Па замислете бе според вашава логика ако вие утре треба да се потпрете врз начинот на кој не претставуваат Хорхе и Латас, како ќе се чувствувате? Пошто граѓаните не се медиумот или владата. Граѓаните се цивили, цивили кои никогаш не смеат да претрпат ваков терор, не во 21ви век, без разлика од која држава се. И затоа 300 слики ако треба ќе изнаставам и ќе шетам со француско знаме, пошто ние сме луѓе, и сите сме исти, сите имаме глава, две раце, две нозе, мозок и срце, и без разлика кој како направил и што мислел порано, мораме да си помагаме.
Јас познавам еден французин, човек на кратко кој дојде кај нас да истражува за нашата држава бидејќи спремаше дипломска за нас. И тој сакаше да знае за нас, сакаше да знае низ што поминува нашата држава, какви се општествените прилики, и тоа да го изложи во научен труд кој ќе го приложи кај него. И сега според вашиве муабети, ја треба на него да му кажам, „кој те ебе брат, ти ништо не пиша за Куманово, ме заболе за твојот Париз“? А знам дека човекот се интересира за тоа и дека не би му било сеедно ако ова се деси кај нас.
Искочете од тој тесен ебан квадрат на размислување малце, работите се многу поголеми од тоа „нив не им беше гајле за нас, сеа нас нема да ни биде гајле за нив“. Ебате идиотската логика на одбивање да сочуствуваш со некој народ кој ни крив ни должен ги загубил своите најблиски, па и уште да се курчиш на некој што го праи тоа и да му викаш дека е глуп и дека не е у право. Само кај нас еј, само кај нас...