X ( 6-12) број на луѓе, координирано, вршат напад во една од најпознатите светски метрополи. Убиваат 200+ луѓе ( вистинската бројка никогаш нема да се дознае ), рануваат стотици, се на чекор да убијат илијадници кои штотуку би излегле од стадион каде играат 2 од најсилните репрезентации, се на чекор да го убијат претседателот на држава која е членка на советот за безбедност.
Нивните разузнавачки служби не знаеле, или пак знаеле ама сепак не можеле да спречат. Вадат војска од 7000 која е поставена низ цел Парис, ефективно ги затвораат границите, а свесно не известуваат за тоа дека популацијата во знак не револт го пали кампот полн со бегалци. Целиот свет е шокиран од настаните, етикетирани како терористички напад, цел свет застанува во одбрана на Франција.
Во меѓувреме, на Балканот, еве специфично кај нас. Од 2001ва па навака, секој ОБИД за терористички напад е спречен уште ПРЕД да се изврши. Поминува без цивилни жртви. Воените лица, полицијата, доктори, пожарникари итн, нарочито не ги спомнувам, пошто тие луѓе одбрале живот каде се спремни да го жртвуваат својот за друг да може да го живее неговиот. И ВО СЕКОЈА ОД ТИЕ АКЦИИ, БАЛКАНОТ, ИЛИ СПЕЦИФИЧНО НИЕ, СМЕ ОСУДУВАНИ ЗА : БРУТАЛНОСТ, НЕОРГАНИЗИРАНОСТ, НЕБРЕЖНОСТ, ЧОВЕЧКИ ЗЛОСТОРСТВА, РАСИЗАМ, ДИСКРИМИНАЦИЈА.
Кога еве специфично за Куманово, сведоштва на луѓето кои биле дел од акцијата се... „ имаа организираност како да се тренирани “... „ поседуваа логистика “.... „ поседуваа оружја што ние може само сме читале или слушнале за нив “....Платеници кои учествувале низ повеќе светски жаришта, дојдени кај нас специфично да дестабилизираат. Точно, има разлика од платеник и фанатика, но тероризам е тероризам. Примарна и едина цел е стравот.
Дозволи Европа да влезат милиони „ бегалци“. Се распоредија низ тактички битни држави, па сега почнува епилогот. Она што јас не можам да го сфатам. Ако сакаш да наметнеш нешто, зошто да предизвикаш страв од тоа нешто ? Пошто един резултат од нападов беше страв од муслимани и страв од бегалци. АКО, целта на бегалците беше да побегнат од „екстримисти“, „терористи“, „исламисти“, како сакате наречете ги, тогаш зошто не се оградиа од постапките што ги праваа нивните колеги „мигранти“? Тоа е во игра варијабилата дека навистини мигрираа луѓе што се обидуваат да побегнат од фанатиците, што сакаат нормален живот. Истите тие, може од ПРВ ден, да се оградат од секоја акција што ја правеа другиве. Не мора да се случи Парис. Тепаа луѓе, силуваа, ограбуваа, рушеа блокади, одбиваа помош итн.
Е сеа, да се навратам на стравот. Што фајде да предизвикувам ја страв кај Европјаниве, кога тоа очигледно ќе доведе до санкции према мене ? Несомнено тие санкции евентуално ќе значат затварање на сите граници. А, ако се затворат границите, како тогаш ја ќе побегнам од тоа што бегам ? Како тогаш ја ќе ја повлечам „фамилијата“ што сум ја оставил позади, да чека јас да им изградам подобар живот ? Како да го направам ова, кога сега сите се плашат од Муслимани и мигранти ?
Освен....ако јас не бегам.....освен......ако јас со сосем поинаква цел отидов настрана од дома.....освен, ако Европа не направи толкав пропуст и дозволи 2-3 милиони луѓе, да се населат насекаде низ Европа, а ниту еден од нив не е правилно идентификуван... За ниту еден од нив не знаеш ништо а доаѓа од земји кои се светски познати терористички жаришта....
Жално е, да. Жално е што стотици загинаа и беа повредени. Жално е што имаме страв од Муслимани. Жално е што никој не се чувстува безбеден во својот дом. Уште пожално е што, пропагандата што ни ја сервирва Европската елита на мултикултурно, мултиетничко општество е 180степени поинаква од таа што навистина ја водат.
Ќе се затворат границите. Постепено ќе се забрани и безвизниот режим за цела Европа. Ќе падне едномонетраниот систем. Па ќе почнеме пак со „националистичките“ пропаганди, не пошто сакаме, напротив, пошто сме „ПРИМОРАНИ“. Пошто не можам јас да верувам во некој што не е моја религија. Што не е иста боја како мене. Што не се родил во државава или неговите се доселеници. Па ќе почнеме војна против ИСЛАМОТ, не тероризмот..... и ќе се врати Европа на истата онаа од пред 50тина години. Секој за себе. Ќе се врати време кај што непријател нема да биде идеја, или група, непријател ќе биде држава. Ќе се врати време каде 4-5 држави ќе кројат политка без страв за казни или одмазда, наместо сега, каде сакале или не, 50 држави „плачат по нешто“ и на секој мора да му се удостии.