Низ годините, на сцената на скопскиот фестивал застанаа најзвучните имиња, беа испеани најголемите хитови, беше создадена една македонска музичка историја.
Првиот „Скопје фест“ своите звуци ги пушти во етерот далечната 1968 година. Како еден од првите фестивали во Македонија ја започнува својата традиција, се развива и гради имиџ на еминентен фестивал на територијата на Југославија. За неколку години го достигнува нивотот на прв фестивал во Македонија, воедно и еден од најголемите во Југославија, фестивал посакуван за настап на сите значајни музички имиња во државата.
Од самите почетоци, па се до 1987 година изведбите на пејачите на фестивалот се пратени од оркестар составен од повеќе десетици музичари, дел од оркестарот на Македонската филхармонија. Скопје фест на својата сцена има повеќе од 50 музичари во изведба на секоја од над 50те песни кои излегуваа секоја година.
Во периодот на преструктуирање на државата, фестивалот е ставен во мирување за во 1994 да застане на нозе, со полн елан и истиот квалитет повторно да грмне во центарот на Скопје. Фестивалот продолжува да се одржува се до 2002 година. Во понатамошниот период се оджува во 2004та и 2008ма година па се до денес.
Овој фестивал неколку години е и место каде што се избира македонскиот претставник за Песна на Евровизја. Па така во 1998 година претствникот кој не претставува е Владо Јаневски, во 2000та XXL, 2002 Каролина Гочева, 2008 Тамара Тодевска, Врчак, Адриан, 2009 Некст Тајм, 2010 Ѓоко Танески и 2011 Влатко Илиевски.
Песни и изведувачи низ годините
Од 1968 година па се до 2011 на Скопје фест е домаќин на најголемите звезди во своето време но и на легендите на музичката сцена кои живеат со години. Меѓу најзначајните кои застанаа на бината и запеаа пред скопската публика се Зафир хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Здравко Чолиќ, Драган Мијалковски, Гоце Николовски, Калиопи, Тоше Проески и други.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------
На Скопскиот фестивал, одржан на 12 ноември 2014 година, во „Скопскиот саем“, победил Даниел Кајмакоски, со песната „Лисја есенски“ за која музиката ја напишал Јоаким Персон, текстот бил дело на Кајмакоски и Александар Митевски, а аранжманот го направиле Митевски, Бобан Апостолов и Далибор Грубачевиќ. Тимот кој ја создал победничката песна бил награден со 20 000 евра, наградата за второто место изнесувала 15 000 евра, додека третото место носело награда од 10 000 евра. Второто место го освоилаТамара Тодевска, со песната „Брод што тоне“ на авторите Роберт Билбилов и Ксенија Николова, додека третото место ѝ припаднала на Евгенија Чанчалова-Еги, со песната „Да не те сакам“, дело на Глигор Копров, по текст на Јелена Булинац, а со аранжман наВладимир Дојчиновски.
На ова издание на „Скопскиот фестивал“ се избирал македонскиот претставник на натпреварот „Евровизија“. Притоа бил применет евровизискиот модел на гласање, т.е. за победникот подеднакво одлучувале меѓународното жири и гласовите на публиката. Песните ги оценувале по пет претставници од седум земји, кои најмногу бодови ѝ доделиле на Тамара Тодевска, но Даниел Кајмакоски бил севкупен победник, благодарение на поголемиот број гласови од публиката. Имено, од телефонското гласање, Кајмакски имал 3 597 гласа, пред Чанчалова со 2 688 гласа, а потоа следувале: Тамара Тодевска со 781 глас, Викорија Лоба со 735 гласа и Димитар Андоновски со 574 гласа. Најмалку гласови од публиката освоила Верица Пандиловска, која имала само 50 гласа.
Меѓутоа, на ова издание на „Скопскиот фестивал“ избил голем скандал, кога полицијата открила дека сопственикот на фирмата „Видекс“, која го организирала телефонското гласање, заедно со браќата Кристијан и Игор Стефановски од продукциската куќа „План Б продукција“ и пејачот и композиторот Јован Јованов, организирале лажно гласање. Кај нив, полицијата пронашла 2 500 СИМ-картички, со помош на кои, од две фиктивни адреси, биле испраќани гласови.
Годинешното издание ќе се одржува на 12 ноември но како и пред некоја година е одлучено и овој пат победникот да не оди на евровизија. Евровизијата да не биде дел од скопскиот фестивал и за евровизиски претставник и песна да има сосема друг фестивал или пак ќе се бира на некој друг начин.
МРТ во четврток , 12 – ти ноември , со гордост го најавува новото издание на Фестивалот на забавни мелодии –„ Скопје“ 2015 кој што ќе се одржи на спектакуларната сцена во „ Метрополис “ арената во Скопје.
Со цел да се овозможи транспарентност и подеднаков третман , МРТ одлучи : секој интерпретатор или член на авторскиот тим, јавно да го извлече својот среќен број за настап на фестивалската вечер, во емисијата „Стисни плеј “.
На фестивалот ќе бидат исполнети осумнаесет нови композиции , а македонските музички ѕвезди ќе настапат во придружба на големиот Ревиски оркестар на Македонската Радио Телевизија.
За трите најдобри ќе бидат доделени вредни парични награди : 600.000 денари за првопласираната , 450.000 за второпласираната и 300.000 денари за трето пласираниот интерпретатор и композиција.
На сцената ќе се претстават познатите македонски музички ѕвезди како: Сара Мејс, Александар Тарабунов, Маја Вукичевиќ, Иван Раденов, Симона Попоска, Александар Белов и други.
За наградите одлучуваат: гледачите преку телевоутинг и членови на стручно жири .
Публиката ќе може да гласа на бројот што ќе биде објавен во текот на директниот пренос, само еднаш од еден претплатнички број за една композиција фаворит.
Вкупниот број на гласови од телевоутингот и стручното жири , во однос 50 : 50 %, според Евровизискиот принцип на гласање, ќе го даде конечниот пласман на сите композиции, а со тоа и победникот на најновото издание на фестивалот „Скопје “ 2015.
Во ревијалниот дел на фестивалот, оваа година настапуваат специјалните гости, поп дивите на македонската музичка сцена : Елена Ристеска и Тамара Тодевска, кои што и самите, се дел од историскиот развој на Скопскиот фестивал.
Водител и на ова издание на Фестивалот на забавни мелодии „ Скопје “ 2015 е нашиот познат актер, Васил Зафирчев со музичко сценски перформанс во чест на добитникот на наградата за животно дело, којашто и оваа година ја доделува МРТ .
Наградата за животно дело и придонес во создавањето и афирмирањето на Скопскиот фестивал, а со тоа и на македонската музичка историја , оваа година му се доделува на композиторот , интерпретатор, и музички продуцент Славе Димитров, кој што целиот свој работен век го помина во МРТ.
Спектакуларната сцена , долга 25 метри со моќни аудио – визуелни перформанси , дизајнирана по теркот на големите фестивалски сцени, ќе биде во функција на секој од интерпретаторите и изведбата во живо на нивните композиции.
Фестивалот на забавни мелодии „ Скопје “ е еден од најважните проекти на МРТ и Секторот за Културно уметничка програма на МРТ, чиј што креативен тим веќе неколку месеци работи на новото издание на фестивалот.
Уметнички директор на фестивалот и диригент на големиот Ревиски оркестар на МРТ е Љупчо Мирковски, а режисер на директниот телевизиски пренос, ќе биде Миле Гроздановски .
Директниот пренос од фестивалот на забавни мелодии „Скопје “ 2015 , во четврток , на 12 – ти ноември започнува во 20 : 15 минути на првата програма на Македонската Телевизија , а истиот ќе биде пренесуван и на Македонското Радио – Радио Скопје како и на Сателитскиот канал на МРТ.
Бројот на билети за фестивалот е ограничен и пуштен во продажба, само во продажната мрежа на „ Купи карти за се “ по цена од 200,00 денари.
Во продолжение можете да го погледнете редоследот на изведувачите и насловот на композицијата:
ИЗВЕДУВАЧИ НА „СКОПЈЕ 2015“
1.Прости ми – Виктор Апостоловски
2. Љубов – В.Илиевски/Ј.Димчевска
3. Премин – Мартин Мила
4. Силен дожд – Маја Вукичевиќ
5. Градина од цреши – Сара Мејс
6. Убава – „Ај кју“
7. Музика од љубов – Иван Раденов
8. Бeгај, бегај – Даниел Дан
9. Сеедно е- Симона Попоска
10. Јас и ти – Јана Бурческа
11. Илјада светови – Мики Секуловски
12. Без тебе- Ања Ветерова
13. Знам ти ме оставаш – Александар Белов
14. Орхидеја – Џина Папас – Џокси
15. Пеј брате мој – Александар Тарабунов
16. Град до град – Ристо Самарџиев
17. Сеедно ми е- Елена Петреска
18. Нема да можам – Горан Наумовски