Вчера бев на интервју во конзулатот во Битола.Прашањата се оние истите што беа постирани тука на форумот пред некое време.Македонката што работи таму е фина и ќе ти каже и објасни се што не ти е јасно исто и жената што работи на шалтер.Од документ носев следното:
Слики 2бр.
Молба до Министерот на правосудието X 1
Декларација X 1
Бугарски произход
Медицинско уверение- преведено
Уверение за неосудуваност-преведено
Извод од книгата на родените-преведен и легализиран
Автобиографија X 1
Копија од пасош X 1
Копија од Бугарската лична карта и пасош на сестра ми X 1
Преведениот и легализиран извод на сестра ми.
Сите документи беа оригинал,не носев копија од ниту еден документ и не ни ми побараа.Јас мислев дека ќе ми ги вратат документите на сестра ми но ги задржаа,зошто така незнам,на произходот си пишува на која основа е издаден.
После интервјуто се уплаќа во Уни банка 15е од документ за легализација,50 евра за апликација и 15е за процеурата,+200ден земаат провизија од Уни банка.Инаку уплатата во Уни банка може да биде и во евра ако имате ако не во денари.После 4-5месеца ќе треба да се јавам во козулатот да ми го кажат бројчето.Тоа е тоа,сега останува само да се чека со надеж дека во иднина ќе го убрзаат процесот на разгледување на апликациите.
Не сум прочитал тука на форумот и за оние кои допрва ќе поднесуваат документ, во молбата до министерот на правосудието има опција да си избереш каде да го подигнеш указот кога ќе ти излезе,дали во Софија во Министерството или конзулатот во Битола.
Со среќа на оние што чекаат и оние што допрва ќе поднесуваат,сите да си добиеме државјанство.