Тука најчесто станува збор (претпоставувам) за донации од физички лица, но настрана тоа, во крајна истанца, бидејќи се работи за изградба на објект, кој ја дава дозволата за градба? Тука треба да го бараш одговорот... Понатаму, служнбите за државна безбедност секако треба да бидат во тек за изворите на финансирање (што се пријавуваат), намената на финансирањето итн... Многу убаво прашање, штета што го бараш одговорот од мене, наместо од оние кои се одговорни и лесно можат да го контролираат ова...
Иначе се согласувам со тебе по ова прашање, треба да се внимава доста на овие работи бидејќи можат да влијаат на состојбата во државата. За ова има инструменти и може да се реагира од страна на институтциите. А ако некој сака да внесе пари и да изгради верски објект, тој ќе ги внесе парите и ќе го изгради а законски никако не можеш да го спречиш влезот на парите, можеш на ја спречиш изградбата.