Иницијатива за закон за забрана на финансирање на невладини организации, од НАДВОРЕШНИ спонзори

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
А чисто онака без задни намери ме интересира која е тежината на некоја невладина организација. Ја гласал некој, кој стои позади неа, која е нејзината одговорност.
Ај да речат опозициона организација како противтежа на легално избраните влади па и некако да проголтаме, ама невладина? Кој претставува таа, за чии интереси се бори и залага? Ама ако се наречат така и башка се финансираат од надвор тогаш многу лесно ( и со право ) можат да бидат квалификувани како организации кои работат против интересите на државата , а сите знаеме како таквите врват и во најголемите демократии. Вака НВО и крцкај си.

И не само тоа туку најголемит дел од невладините се прав пример за корупција, и повеќето откако ќе ги лапнат парите од нво-то одат во државна администрација. А се случува и обратен процес.
 
Кои се тоа сите за тебе?

Граѓаните на државата, политичките партии, други општествени фактори.

Единствен консензус и од граѓански и од политички аспект ни е дека сакаме да сме членка на ЕУ и НАТО. Се друго е дискутабилно.
 
Ех, колку пати сум прашал што е тоа национален интерес. Ќе почекам некој можеби знае
И јас предложив дека треба да и се укинат донациите на државата од странство, затоа што никој не дава џабе.

Ама некој паметен модератор ми го избришал мислењето.
Имаше информација за помош од 500.000 долари од Јапонија за Македонија и Србија, за мигрантите
http://www.telegraf.mk/aktuelno/mak...bezbedi-500-000-dolari-za-makedonija-i-srbija
 
Со оглед дека ми го имаш пријавено моето мислење на темава кај модераторите за да го избришат, а тие биле доволно интелегентни да го избришат сега да ти објаснам ЗОШТО ОВОЈ ЗАКОН НЕМА ДА ГО ПОСТИГНИ ПОСАКУВАНИОТ ЕФЕКТ.
Човек, не заебавај. Верувај ми, некој друг е.
Јас само Бугарите ги пријавувам (и Ставре). :D
 
Јас не само што се согласувам да се забрант овие финансирања туку сум и за да се воведе ЕМБАРГО на цел Запад па тек тогаш они да видат со кој си имаат работа... Они на нас, абе нема кај нас националниот интерес е во прашање!
 
Да не ги споменувам серверите, компјутерите, техниката за базите на податоци на државата, најголем дел беа донации. Донации во амбулантни возила, лаборатории, оддели на клиники...има многу без кои добар дел од македонските установи немаше ни толку да функционираат.
 
Ќе пуштам линк од еден пост што прилично добро ја сумира целава дебата и воедно би требало да ја затвори темава. Нема да ја затвори за жал али би требало.
 
Мислев дека се прави сериозен мубет на темава, нема везе.
А што би рекол на пример за донација за изградба на верски објекти од странска држава , посебно ке нагласам за верски објекти на муслимани во држава со претежно христијанско населени која покрај другото е и секуларна по устав. И за тоа не би имал против кога реалноста кажува дека ситуацијата е толку експлозивна на таа тема што му доаѓа како долевање на масло на оган? Не мислиш дека треба да има некаков филтер кој, како и што смее да се финансира од странски извори било тоа да се влади или фондации?
 
Гледам има доста наивни форумџии што мислат дека некој дава донација туку-така, без да очекува нешто за возврат.

Ви се чудам на паметот, навистина ви се чудам.
 
Гледам има доста наивни форумџии што мислат дека некој дава донација туку-така, без да очекува нешто за возврат.

Ви се чудам на паметот, навистина ви се чудам.

Искрено јас зедов да дискутирам овде сериозно, а ти зеде да лупаш дека државата ќе се погрижела за децата. Или биди сериозен или ај да се заебаваме.

Ти се чудам на паметот, навистина ти се чудам.
 
А што би рекол на пример за донација за изградба на верски објекти од странска држава , посебно ке нагласам за верски објекти на муслимани во држава со претежно христијанско населени која покрај другото е и секуларна по устав. И за тоа не би имал против кога реалноста кажува дека ситуацијата е толку експлозивна на таа тема што му доаѓа како долевање на масло на оган? Не мислиш дека треба да има некаков филтер кој, како и што смее да се финансира од странски извори било тоа да се влади или фондации?
Тука најчесто станува збор (претпоставувам) за донации од физички лица, но настрана тоа, во крајна истанца, бидејќи се работи за изградба на објект, кој ја дава дозволата за градба? Тука треба да го бараш одговорот... Понатаму, служнбите за државна безбедност секако треба да бидат во тек за изворите на финансирање (што се пријавуваат), намената на финансирањето итн... Многу убаво прашање, штета што го бараш одговорот од мене, наместо од оние кои се одговорни и лесно можат да го контролираат ова...

Иначе се согласувам со тебе по ова прашање, треба да се внимава доста на овие работи бидејќи можат да влијаат на состојбата во државата. За ова има инструменти и може да се реагира од страна на институтциите. А ако некој сака да внесе пари и да изгради верски објект, тој ќе ги внесе парите и ќе го изгради а законски никако не можеш да го спречиш влезот на парите, можеш на ја спречиш изградбата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom