Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Прашање до оние кои веќе имаат купувано на нет.

Пред 5 дена купив производ од ebay. Продавачот ми обезбеди tracking number. Кога одам на него ми излегува следното:
Untitled.jpg

Веќе е 5-ти ден откако ја имам направено нарачката а статусот стои непроменет. Колку денови вообичаено му треба на продавачот за да ја достави робата до доставувачот (China Post)?
Инаку продавачот е од Тајланд.
 
Колку денови вообичаено му треба на продавачот за да ја достави робата до доставувачот (China Post)?
Инаку продавачот е од Тајланд.

10 дена е максимумот. Ако и по 10 дена тракингот не работи тогаш треба да му пишеш порака.

Најубаво и најлесно е тука да си ја следиш пратката.
 
Дечки нарачав телефон DOOGEE X5 уште од 5ти септември. Тек денеска ми дојде пратката но гледам некако беше згмечена. Отворам внатре и се има освен телефон, кутијата искината, се гледа дека некој ја отворил пратката. Исто така нема печат од царина. До сега сум нарачувал сешто но ова ми се нема случено. Му пишав на селерот на Aliexpress ама не знам кај да се пожалам за ова...
Еве слики:
bX4HlN8.jpg
 
Последно уредено:

Колку што ја разбрав телефонот ти го нема? Тогаш брат одма мораш да направиш записник во поштата од кај си го подигнал. Со тој записник потоа идеш во царинска управа и во пошта да ги прегледаат снимките од скенерот дали при прием на таа пратка внатре имало телефон или дошла само кутија исто така и тежината при влез мора да ти ја кажат. Пратката препорачана ли беше? По службен пат они ке ја известат полицијата доколку телефоот го снемало тука во РМ, но ако ти дошло само кутија е тогаш ке биде проблем.
 
Пријавив во локалната пошта во Тетово чекам утре одговор од директорот за Тетово. Ако не среди он ми рекоја да контактирам во Скопје, потоа царина и на крај МВР па суд.
Не верувам селерот да ми пратил празна кутија зошто има 94% позитивен рејтинг и сите коментари се добри.
Исто така и пред тоа имам наручувано телефони се стигало без проблем.
 
Не би завземал страна но гледај ти ако можеш лично да дојдеш во Скопје, директно во секторот за пратки. Директорите малку ми се млитави така да ако утре ништо нема во четврток со сите документи и кутијата право во директција. А не е лошо и сам да го пријавиш случајот во МВР или да идеш само на информативен разговор како треба да постапиш во овој случај затоа што ако испадне дека они се криви врана на врана очи не вади.
 
Нарачав дресови ... Со име и бројче, 5 дена додека ги пратат, од кога ги пратија за 3 дена стасаа.
Се изначудив. Досега се што имам нарачано, стасувало за месец, месец ипол. Од Aliexpress.
Еве го ликот http://www.aliexpress.com/store/1911270 ако некој сака да нарачува, релативно најефтини и очекував заради тоа да бидат гратис спори ама изненадија. Моментално немаат ставено ништо за продажба, ама мавнете follow на 2-3 дена пуштаат продукти.
 
Здраво дечки, планирам преку нет да порачам колекција книги(12 вкупно), 25 евра вкупна вредност, со се шипинг.

Бидејќи досега не сум нарачувал книги, дали може да ми кажете што давачки ќе треба екстра тука во нашиве пошти да имам и дали треба да носам фактури или потврди колку сум платил, такви некои глупости.

Стандард 22-45 евра пратки, само 18 % ДДВ ќе треба да платам?

И дали прави нешто разлика димензиите на пратката, околу 3 кила би требало да биде, мали книги.
 
Книгите не подлежат на царинење треба само 18% ДДВ. Е сега дополнителни давачки ке ти бидат плус некој 200-500 ден заради тежината. А може и ништо да не платиш :)
 
Мислам дека книгите се ослободени од се. Имам нарачано преку 20тина книги од по 7евра па се до 56 евра. За никоја немам платено ниту денар.
 
И ја така мислев ама ми лупнаа 18% ДДВ на колекација од браќата Грим од Амазон 7 книги 73 евра :( а не ми лупнаа на анатомија од 220 евра. Во ценовникот стои дека подлежат на одданочување затоа и реков дека може и нема да плати ама за секој случај нека има информација плус.
 
И ја така мислев ама ми лупнаа 18% ДДВ на колекација од браќата Грим од Амазон 7 книги 73 евра :( а не ми лупнаа на анатомија од 220 евра. Во ценовникот стои дека подлежат на одданочување затоа и реков дека може и нема да плати ама за секој случај нема има информација плус.
И то шо викаш се е можно во земјата на чудата.
За секој случај нека одвои некој денар настрана доколку му побараат овије шо неќам името да им го спомнам.
 
10 дена е максимумот. Ако и по 10 дена тракингот не работи тогаш треба да му пишеш порака.

Најубаво и најлесно е тука да си ја следиш пратката.

Фала друже. Инаку му пишав ама еве веќе 3 дена ништо ми нема вратено а статусот стои непроменет.
30 дена од денот на купување беше периодот по кој можам да отворам request?
 
Пријавив во локалната пошта во Тетово чекам утре одговор од директорот за Тетово. Ако не среди он ми рекоја да контактирам во Скопје, потоа царина и на крај МВР па суд.
Не верувам селерот да ми пратил празна кутија зошто има 94% позитивен рејтинг и сите коментари се добри.
Исто така и пред тоа имам наручувано телефони се стигало без проблем.
што се деси? дали и како се разреши проблемов?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom