Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278
Член од
24 март 2010
Мислења
15.302
Поени од реакции
26.198
Нека дојде де во своето избирачко место во Македонија и нека си гласа.
Ти ако пријавиш промена на адреса на живеење, ќе гласаш на најблиското гласачко место на новата адреса, нема да те тераат да одиш на старото. Зошто за нив би било различно?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ти ако пријавиш промена на адреса на живеење, ќе гласаш на најблиското гласачко место на новата адреса, нема да те тераат да одиш на старото. Зошто за нив би било различно?
Да, ама зошто бараат 3 посебни пратеници. Нека им се дозволи да гласаат во амбасадите, не мора тука да доаѓаат, ама тој што е од Кочани по пасош нека гласа за ИЕ3, тој од Битола за ИЕ5 итн
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.915
Ти ако пријавиш промена на адреса на живеење, ќе гласаш на најблиското гласачко место на новата адреса, нема да те тераат да одиш на старото. Зошто за нив би било различно?
Добро. Нека гласаат и електронски зошто така е најефективно. После нивните гласови нека се распоредат во изборните единици во Македонија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.302
Поени од реакции
26.198
Да, ама зошто бараат 3 посебни пратеници. Нека им се дозволи да гласаат во амбасадите, не мора тука да доаѓаат, ама тој што е од Кочани по пасош нека гласа за ИЕ3, тој од Битола за ИЕ5 итн
Тоа е сосема друга приказна. Јас лично, би немал никаков проблем да им се укинат пратениците на дијаспората и да си гласаат во нивната изборна единица.

Ама, само ако им се овозможи електронско гласање. Бидејќи, за разлика од Македонија, каде што изборниот ден е неработен, кај нив не секогаш е така. А и не е исто да одиш километар-два до гласачко место, во најлош случај, и стотици километри до конзулат. Да им се организира физичко гласање насекаде е прескапо, ама електронско не е невозможно и не е непозната пракса. Додека не им се овозможи, треба да ги имаат пратениците.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ама, само ако им се овозможи електронско гласање. Бидејќи, за разлика од Македонија, каде што изборниот ден е неработен, кај нив не секогаш е така. А и не е исто да одиш километар-два до гласачко место, во најлош случај, и стотици километри до конзулат. Да им се организира физичко гласање насекаде е прескапо, ама електронско не е невозможно и не е непозната пракса. Додека не им се овозможи, треба да ги имаат пратениците.
Се слагам дека може и електронско гласање, сепак тоа треба да биде овоможено на сите гласачи, вклучително и во Македонија. Така и некој што е од Охрид а работи во Скопје нема да мора да тепа 300+ километри за да гласа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.302
Поени од реакции
26.198
Се слагам дека може и електронско гласање, сепак тоа треба да биде овоможено на сите гласачи, вклучително и во Македонија. Така и некој што е од Охрид а работи во Скопје нема да мора да тепа 300+ километри за да гласа.
Технички е возможно, секако. И логично е да го има. Ама не сум убеден дека во наредниве 10 години ќе може да се постигне концензус за такво нешто.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.217
Поени од реакции
84.165
Многу ми е јако што се договараат како кај да се гласа, од каде пратеници и слично, а за цело врем Миле и Влатко имаат пристап до гласачките вреќи како дома у шпајз што имаат пристап. Можат како кур ќе им текне да ги чешлаат, па сиџимчиња, ортоми....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Нека дојде де во своето избирачко место во Македонија и нека си гласа.
Тоа прашање е КАДЕ да се гласа, но не е темата.

Темата е ДАЛИ Македонците кои по било која причина престојуваат надвор од Македонија, ТРЕБА да имаат право на глас. Одговорот е дека имаат и тоа право не може да се негира.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Се слагам дека може и електронско гласање, сепак тоа треба да биде овоможено на сите гласачи, вклучително и во Македонија. Така и некој што е од Охрид а работи во Скопје нема да мора да тепа 300+ километри за да гласа.
не мора, може и од Скопје. Така гласот ќе му вреди 10 пати повеќе од еден гласач од Охрид, како што им вреди на гласачите од странство. Многу нормална ситуација на законска еднаквост и фер избори.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.325
Поени од реакции
7.076
Тоа прашање е КАДЕ да се гласа, но не е темата.

Темата е ДАЛИ Македонците кои по било која причина престојуваат надвор од Македонија, ТРЕБА да имаат право на глас. Одговорот е дека имаат и тоа право не може да се негира.
имаат право да гласаат,си се враќаат дома и си гласаат,немаме потреба да ги плаќаме тие 3 пратеници + , со нивните плати,провизии,хонорари,поволности може за друга намена да се искористат тие пари
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Не мора физички да се вратат дома да гласаат, може по пошта (како шо прават државјаните на САД на пример), може по електронски пат, а може и во нашите амбасади и конзулати. Има модуси. Но дали ТРЕБА да имаат право на глас е однапред одговорено прашање.

Мислам дека дискусијата е измешана со прашањето дали треба да има три пратеника за Македонците кои престојуваат во странство. Сосема легитимно прашање.

Додатна легитимна тема според мене е цената на чинење -- реално, шетање по партиска основа (и тоа сите поголеми партии комплет) -- на надгледувачи на изборите кога се одржуваат во амбасадите и конзулатите.
 
Последно уредено:

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Државата е кркамбар и тоа се гледа што се манипулира со изборниот закон при секои избори. Банана држава и си го прават законот за да си добијат тој резултат кои им треба. Како да нема подруги проблеми во изборниот закон од гласањето на дијаспората...
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.949
Поени од реакции
2.222
По мое мислење дијаспората не треба да гласа. Да нагласам, во дијаспора ги вклучувам луѓето што имаат постојан престој и живеат во странство, не луѓето што одат сезонски за на работа и се враќаат назад во Македонија. Јас веќе 6 години живеам во странство и ако имам право на глас во Македонија јас не гласам. Малце е глупаво јас да имам глас во држава во која повеќе не живеам. Да, сеуште имам Македонско државјанство но несакам да донесувам одлуки за луѓето што постојано живеат во Македонија.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Најголемите "патриоти" се од дијаспората, името не го даваме да живеевемеро , кое гласање човече кој бутур ако сака да гласа нека си дојди и нека живеј тука и нека гласа, заминал некој пред 20 г од тука и држи предавања за античките македонци и како е најголем патриот а тука сите не чиниме, какво гласање какви глупости, јас искрено незнам како некој во уса негде таму се замара со ова , треба и за то да си малце заминат со памето , овде се си ебало мајката ти си заминал уса да се спасиш од тука и таму да се замарам со гласање :))


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.316
Поени од реакции
8.806
(ВИДЕО) Тодоровски: Се делат пасоши од амбасадите за манипулација на изборите

Дипломатите од МНР предупредија дека власта, преку партизацијата на министерството и амбасадите спроведува манипулација на изборите и гласовите на иселениците. Тие укажуваат на извонредно важната ингеренција на МНР да издава граѓански пасоши за припадниците на нашата дијаспора.


-Малкумина обрнуваат внимание на извонредно важната ингеренција на МРН во постапката за издавање не дипломатски туку граѓански пасоши за припадниците на нашата дијаспора. И тука една мала математика. Актулната власт на сите избори победува со по 200.000 гласови разлика, од друга страна според истата таа власт во дијаспората има над 500.000, конзервативна проценка и дури околу 1 милион не толку конзервативна проценка носители на македонски пасош. Тоа се 500.000 или 1 милион потенцијални гласачи, ако го споиме овој број со можноста за издавање граѓански пасоши, што мислите дали дипломатијата е релевантна или не за претстојните избори, рече претседателот на синдикатот на македонската дипломатска служба, рече Тодоровски.

Неутрална и професионална дипломатија наместо партиската е потребно за да се спречи манипулирањето со гласовите за изборите. Како што вели Тодоровски припадниците на дијаспората информираат дека се прават огромни манипулации во функација на изборите во амбасадите каде има партиски кадри.

-Се испраќаат покани за експерти со нејасна или непозната експертиза да добијат виза за таа земја за да присуствуваат на непостоечки настан или настани. Барањето е прво љубезно, а потоа помалку љубезно да им се овозможи пристап на тие дипломати и експерти до списоците на амбасадите каде се евидентирани членовите на нашата дијаспора што ја контактирале односната амбасада. Се бара да се стапи во контакт со определени членови на нашата дијаспора и се разбира најстрашното е делење пасоши надвор од амбасадите.

-Партиска дипломатија е само фикција, се работи за партиски алати во функција на злоупотреба или тешка манипулација на гласовите од дијаспората. Во секој случај се оставаат огромни сомнежи поради кои не можеме и нема да можеме да кажеме дека се работи за демократски фер и слободни избори, изјави Тодоровски.

Според Тодоровски покрај манипулацијата со пасошите во МНР постојат и други манипулации од страна на власта. Тој тврди дека иако македонската дијаспора е поделена на етнички Македонци и граѓани на друга етничка припадност, во 2014 година беа избрани 3 пратеници само со македонски етнички предзнак без никаков претставник од некоја друга етничка заедница.

-Предминатата година во март месец овој синдикат му сврте внимание на раководството на т.н. испомош. Во амбасадите се испратени само кадри со македонски етнички предзнак или колеги што не припаѓаат на некој од заедниците. На една страна останува фактот дека тоа беше еден вид дискриминацијa, а но од друга можеби треба да се направи уште една мала математика. По некои груби проценки дијаспората е речиси пола-пола во смисла на етнички Македонци и Македонци од друга етничка припадност. Дали се работи за игра на случајот што на изборите во 2014 беа избрани 3 пратеници со македонски етнички предзнак, рече тој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom