Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Креатор на темата Креатор на темата Gurdjieff
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278
Прашањето би било поточно ако прашаме, дали во други земји дијаспората може да учествува на изборите. Тоа е случај во многу земји.
Но гласаат за пратеници од изборните единици во матичната земја. Бирање на пратеници од дијаспора е само голема изборна манипулација.
 
СДСМ не е против гласањето на дијаспората, напротив -- СДСМ го поддржува правото на дијаспората да гласа, но за нив спорен е моделот што се применува.

За укинување на правото на дијаспората се: ДУИ, ДПА и ЛДП (последните уште од 2010 се на тој став).
Пред одмори побарале укинување на правото на глас на дијаспората. Доколку во меѓувреме промениле став, одлично. Лесно ќе се договорат за моделот.
 
Пред одмори побарале укинување на правото на глас на дијаспората. Доколку во меѓувреме промениле став, одлично. Лесно ќе се договорат за моделот.
Еве изјава од Рада http://libertas.mk/сдсм-е-за-дијаспората-да-гласа-но-секој/

Не сум сигурен дека лесно ќе го договорат моделот. ДУИ и ДПА силно се залагаат правото на глас на дијаспората да се суспендира. На последната средба на работните групи учествувал и некој стројник од ЕУ и ништо не договориле. Ако сум добро информиран, имаат некој ултиматум да го средат ова.
 
Пред одмори побарале укинување на правото на глас на дијаспората. Доколку во меѓувреме промениле став, одлично. Лесно ќе се договорат за моделот.
сител така кажа?

не гледам причина зошто би барал да им се ускрати правото на глас на иселениците кои сеуште имаат македонско државјанство.
 
Еве изјава од Рада http://libertas.mk/сдсм-е-за-дијаспората-да-гласа-но-секој/

Не сум сигурен дека лесно ќе го договорат моделот. ДУИ и ДПА силно се залагаат правото на глас на дијаспората да се суспендира. На последната средба на работните групи учествувал и некој стројник од ЕУ и ништо не договориле. Ако сум добро информиран, имаат некој ултиматум да го средат ова
Посредникот од ЕУ е некој правник кој служи како медијатор и нуди решенија. Тоа де факто се преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ и ДПА се статисти таму, без разлика што пробуваат да продаваат приказни од време на време.

Нема ултиматум, ама има одредено некои рокови до кои треба да се затвораат точките. ВМРО-ДПМНЕ е против тоа да се одземат мандатите на дијаспората. Ама доколку СДСМ инсистира на тоа, ќе прифатат тоа да се направи за овие избори, па после нивното враќање може да го стави како предизборно ветување, како што всушност најави Груевски.

Сепак пратениците на дијаспората не се толку битна точка, па да им се дозволи на пациентите заради тоа да напуштаат преговори.[DOUBLEPOST=1439416299][/DOUBLEPOST]
сител така кажа?

доколку иселениците сеуште имаат македонско државјансто не гледам причина зошто би им се ускратувало правото на глас.
Јас така ти кажувам. А ти ако не веруваш, оди прашај ја Рада “дали на последната средба сте побарале да се укине гласањето на дијаспората?“. И замоли ја да ти одговори со да или не.
 
Јас така ти кажувам. А ти ако не веруваш, оди прашај ја Рада “дали на последната средба сте побарале да се укине гласањето на дијаспората?“. И замоли ја да ти одговори со да или не.
ти што кажуваш не значи и дека е вистина

јас ништо не сум побарал, ниту сум бил член на политичка партија, ниту планирам да бидам.
не значи дека секој што не е вмро е сдсм и со тоа предавник на Македонија.
 
јас ништо не сум побарал, ниту сум бил член на политичка партија, ниту планирам да бидам.
не значи дека секој што не е вмро е сдсм и со тоа предавник на Македонија.
Јас не те ни коментирав тебе. Ич не ме интересира што и како бараш. Јас реков дека СДСМ побарале. Ти почна да скокаш за тоа.
 
Јас не те ни коментирав тебе. Ич не ме интересира што и како бараш. Јас реков дека СДСМ побарале. Ти почна да скокаш за тоа.
се извинувам, погрешно прочитав.

како и да е се, се надевам дека СДСМ бар знаат малку од малку што сакаат и нема го менуваат мислењето по ова прашање секој втор ден.

оние македонски државјани што на денот на избори не се во Македонија ќе си гласаат во најблиската амбасада за пратеник од општината за чии жители се водат.
како што е секаде во светот.
 
Edno vreme zeni ne smeea da glasaat, pa crnci pa....sea u 21 vek nekoj na nekogo za sitni politichki poeni saka da mu go odzeme pravoto na glas! I toa na svoj brat Makedonec!
Ja i brat mi ke glasame a setra mi da ne smee!! Samo zoshto e mazena vo stranstvo!!
Svashta!!
 
Тоа се тие случаеви ко ќе сакаш сложена и комплексна работа да објасниш во една реченица. Место да делуваш многу паметен делуваш глуп. И Твитер не е за секого.

Дечкото што го напишал ова, според мене, убава компарација направил.

Не знам зошто сложена и комплексна работа е давањето глас на дијаспората и имање 3 нивни пратеника кои што однапред се знае зошто воопшто се воведоа тие 3 пратеника (т.е. за да може да се формира силно мнозинство во Собрание), ама нејсе.

Прашањево е чисто политичко, а не комплексно. И не, не треба дијаспора да гласа на овој начин. Убаво си кажаа погоре, согласно местото на живеење нека си гласаат и нек им се брои гласот во една од 6те веќе постоечки изборни единици - ако веќе сакате гласање.

Но, бидејќи според претходните избори, се гледа одзивот на нашинците во странство, најдобро е да се укине гласањето. А, оние 3-ца освен што земаат плата, друго не знам што можат да направат како пратеника. За сето наведено на форумов како ситуации во кои што помогнале, имаме амбасади и тела внатре во МНР за истите работи, што фајде од пратеник? А, дека МНР не работи како што треба, тоа е тема за друга тема овде.
 
Mnogu mi se smeshni mislenjata od nekoi chlenovi koi se protiv glasanjeto na svoite brakja i sestri koi se naogjaat vo dijasporata zatoa shto dosega se pokazha deka tokmu tie so svoite greshni odluki dovedoa do ovaa situacija vo koja tie samite se naogjaat.
 
A dali Albancite od dijasporata smeat da glasaat na izbori,primer!?A be do koga ke go gaime ovaj samounistuvacki gen be???:(
 
Не ми е јасна темава.

Секој Македонец, државјанин на Република Македонија, има право да гласа на избори.

Тоа право е загарантирано и неоуѓиво.

Исто така нејасно е како може некој да се спречи да гласа?
 
Не ми е јасна темава.

Секој Македонец, државјанин на Република Македонија, има право да гласа на избори.

Тоа право е загарантирано и неоуѓиво.

Исто така нејасно е како може некој да се спречи да гласа?

Нека дојде де во своето избирачко место во Македонија и нека си гласа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom