И ти ли прогнозираш уште една нова ГОЛЕМА ИЗБОРНА ПОБЕДА на МВРО?
Ве читам вас тука и го слушам оној на тв 24/7 на сите провладини и локални вмровски телевизии како вели избори избори, ама друже за да има избори мора Катица да добие се што е договорено, да се среди избирачки список, да се изберат и одобрат министри и заменици и ред други многу работи. Тек кога тоа ќе биде средено ќе има чистка во врхушката на твојата МВРО, ќе паднат првите кривични, ќе има ќорка. Новиот технички премиер сигурно после ќе биде некој што го немало во бомбите или што не направил никакви злодела ако има таков. Би сакал тука да додадам, секој што ни направил злодела и во минатото(и во идната власт) да одговара, да не биде селективно само за сегашниве!
Не можеш ти да ставиш потпис на нешто па после откако ќе се раскрекаат твоите мегафони дека не го признаваат договорот, да се правиш луд дека сето тоа е неуставно.
Зошто ако сте толку праведни и безгрешни еден од вашите не излезе на Телма, Алсат, 24 Вести на некоја дебата, туку само го има на нарачани прашања кај Јанко и Латас? Страв им е ако некој нешто незгодно ги праша?
Зошто толку се плашат од СЈО на Катица, знаат што ги чека, нели се тоа петарди што ги има Заев како што велевте, од што се плашат? При толку аудио снимки на кои јасно се слуша што се правело какви се злодела, вие како без уши петарди се тоа?
Секоја вечер ги има скоро сите опозициони членови и невладини организации по овие телевизии, од вашата партија само ги гледаме Владимир Божиновски, Пандов и уште по некој новинар/аналитичар.
Што бидна со бумот во Ранковце, нели цела Паланка и дел од Куманово ќе се вработиме таму? Каде е рудникот во Старо Нагоричане, пругите ги растуривте испокрадовте старо железо..
Да ти е*ам таков бум ако финансираш странец инвеститор со твои пари(за кои се задолжуваш на секоја недела) да плаќа плата на работници ако за некоја година треба тие пари троструко да се враќаат. Во исто време наш инвеститор маме му е*еш со казни и давачки од кои не знае ни самиот како да се справи, дали да зема кредит да плаќа даноци и казни или да враќа кредит земен од АВРМ.
Дали и Србија дава на Фиат помош да плаќаат работници и за тоа се задолжува?
Исто е и со пензионерите, еден пријател ми вика што сакаш бе, поголема пензија ќе земам, ми е гајле кој ќе враќа после, па тебе можда не ти е гајле ама нас душа ќе ни знае и синовите и внуците ќе мораат да ги враќаат тие милијарди.
Покачивте се што може да се покачи и гориво и струја и дрва и храна и даноци, што попрво да спечали и исплати човек па уште да мисли и за тие долгови кои со сигурност ќе ги наплаќате со покачување на истите работи.
Што толку се подобри стандардот па да ни вадите душа со поскапо гориво, струја, дрва за огрев сето за 3 пати поскапо, еј дрвата 2007ма беа 1800 сега се преку 4000ден, струјата беше едвај 800ден, сега не доаѓа пониска од 2000ден.
Данокот за имот беше близу 500ден, сега на секој граѓанин му е преку 3500ден., демек вреди повеќе. Во најзабутани сокаци ставаат ненормални вредности за плац и објект само за да те соголат со поголем данок.
Лебот беше поефтин, бурекот беше 20-25ден, сега секаде 50ден, маслото, месото, се беше поефтино, картите во автобус секаде беа 10ден, сега 20ден(во Скопје сигурно и преку 30ден, не знам), среќа во Куманово неколку компании ги вратија цените на 10ден од септември, секоја чест до нив, барем некој мисли на народот. Некои работи кои ни беа ефтини и секојдневно користени сега ни станаа луксуз и ги користиме еднаш месечно или во 3 месеци.
Србија пред некое време за да враќа кредити намалуваше пензии и плати ако не се лажам, кај нас ем земаме кредити како луди секој месец/секоја недела ем зголемуваме пензии и сл.