Токму така. Тие работи во Европа се минато. Северноафриканските и блискоисточните мигранти во моментов во нивната еволутивна скала на развој се како европејците пред 200-300 години. Погледни ги само нивните земји и народи. Сеуште водат верски војни, се колат секој со секого и воинствено се настроени. Помеѓу нив самите владеат силни племенски нагони.
Немој да бидеш толку сигурен. На Запад, а особено во Америка ситуацијата ни одблиску не е така како ти што ја преставуваш. Американското опшество има многу длабоко поделби на расна и класна основа . Американското опшество се соочува со стари ненадминати расистички проблеми кои се провлекуваат низ годините. Далеку се тие 200 нации од мирен и хармоничен живот, тоа никој да не те лаже.Мислам дека како доказ нема потреба да ти ги вадам сите расно мотивирани убиства во САД, верувај статистиката е огромна!
Тука и настанува проблемот што овие блискоисточни мигранти што доаѓаат не се тип на луѓе што се прилагодуваат на системот, туку системот го прилагодуваат на себе. А Европјаните за да не испаднат ,,расисти" им удоволуваат И што се случува? Тие кога доаѓаат го прават баш спротивното од она што ти го напиша. Не гледаат да завршат школо, не учат јазик , не го збогатуваат кругот на пријатели , не наоѓаат работа и цицаат социјална помош. Така се создаваат цело блокови, гета и населби од неинтегрирани доселеници во кои владее шеријат, се шири радикален ислам и ги принудуваат домаќините што со широки раце ги примиле и угостиле да се конвертираат во ислам ако сакаат да продолжат да дишат воздух. Тоа е реалноста. Ти ми кажуваш како треба да биде, а јас ти кажувам каква е фактичката состојба на терен.
Немаш право ти да каживаш кој што и каков ќе биде. Ти не одлучуваш кој ќе биде Германец, Македонец, Турчин, Арап или било што. Курдите во Германија може да ги асимилираш по однос на јазик и обичаи, но никогаш по физиономија. Тие секогаш ќе останат она што се Курди со блискоисточни црти на лице, а никогаш Германци.Така што ваквите приказни ќе ги си ги раскажувате во Ленка, Солидарношч, АКСЦ и сличните левичарски бљувотини и ви држат вода колку и ланскиот снег. Нација е група на луѓе кои себе се доживуваат како природна човечка заедница што има заедничко потекло, јазик, обичаи , вера (ок, верата и не е толку пресудна). Па од таму ти немаш право да му негираш основното право на еден народ да живее во сопствена држава. Не може Азија да биде за Азијатите, Африка за Африканците , а Европа за сите. Стисни малце кочница, така уништуваш цели автохтони народи на европскиот континент.
А тоа дека мигрантите од Африка и Азија што доаѓаат од најзаостантите култури и цивилизациски најнеразвиените земји ќе ја направат Европа како Австралија или Канада, мало морген ...