ЕУ ИСПРАЌА СОПСТВЕНА ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Мигрантите изговор за преземање на контролата над границите?!
октомври 25, 2015 / By
iNFOMAX
УНХЦР да стави посебен акцент на границата меѓу Грција и Македонија, итна примена на билатералните мерки за градење доверба поврзани со границата меѓу Грција и Македонија и поставување на нова операција на Фронтекс на надворешната граница на Грција со Македонија и со Албанија, со фокус на проверките за излез, но исти така и на регистрацијата на бегалците и мигрантите што не биле регистрирани во Грција.
Ова се трите точки од планот од 16 точки на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер. Овој план веќе почна да се разгледува на итниот самит на неколку земји членки на ЕУ и на Македонија и на Србија за бегалската криза.
Не сите шефови на држави и влади на земјите-членки на ЕУ плус Македонија и Србија се согласуваат со планот од 16 точки на претседателот Јункер, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Балканските земји, кои се наоѓаат на предната линија на бегалската криза треба да ја сменат политиката на пропуштање на мигрантите, изјавил Жан Клод Јункер во интервју за германскиот весник Билд.
Македонија на овој самит е претставена од претседателот Ѓорге Иванов. Холандија е претставена од министерот за интеграција Клаас Дејкхоф, Луксембург од министерот за надворешни работи Жан Аселборн, а Романија од претседателот Клаус Јоханис. Сите други земји се претставени од нивните премиери: Ангела Меркел (Германија), Бојко Борисов (Бугарија), Алексис Ципрас (Грација), Зоран Милановиќ (Хрватска), Виктор Орбан (Унгарија), Вермер Фајман (Австрија), Миро Церар (Словенија), Еди Рама (Албанија) и Александар Вучиќ (Србија).
На самитот присуствуваат и Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент и Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет. Тука се и високиот претставник за бегалци на УНХЦР, Антонио Гутиерез и Фабрис Легери (Фронтекс) и Роберт Визер (Европска канцеларија за поддршка на азил – ЕАСО). „Само определен, колективен прекуграничен пристап, базиран на прагматична соработка меѓу националните, регионалните и локалните власти може да даде успех. Ова е единствен начин да се врати стабилноста во управувањето со миграцијата во регионот и во успорувањето на протокот. Земјите погодени од оваа криза не треба само да говорат и разговараат за тоа една со друга. Соседите треба да работат заедно, а не едни против други“, пишува во планот на Јункер.
Планот предвидува постојана размена на информации, поддршка на бегалците и обезбедување на засолниште (зголемување на капацитетот во обезбедувањето на привремено засолниште, храна, здравствени услуги, вода и санитетски услуги на сите што имаат потреба), непосредни оперативни контакти со меѓународните финансиски институции како Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и со Развојната банка на Советот на Европа кои се подготвени финансиски да ги поддржат овие напори.
Во планот е предвидено и заедничко менаџирање на миграцискиот проток (регистрацијата не ја заменува обврската на една земја-членка од задолжителна регистрација во согласност со заеднички правила на европскиот систем за азил).
Политиката на пренасочување на бегалците во соседната земја е неприфатлива, пишува во една од точките на планот.
МИА го oбјави планот:
Постојана размена на информации
1. Лидерите се заложуваат да определат личности за контакт во нивните приватни канцеларии за да ја олеснат размената на информации и координацијата и истите треба да бидат номинирани за 24 часа со цел да се овозможи итен почеток на дневна размена и координација за да се постигне постепено и контролирано движење на лица долж западно-балканската рута.
2. Лидерите ќе соработуваат со Европската комисија за да се интензивира поддршката од ЕУ, користејќи ги сите расположиви алатки, врз основа на заеднички потреби за оценка кои би се покренале за 24 часа. Непосредните ефекти мора да се фокусираат за обезбедување на привремено засолниште и поддршка за сите што пристигнуваат.
Поддршка на бегалците и обезбедување на засолниште
3. Лидерите се обрзуваат за зголемување на капацитетот на своите држави во обезбедувањето на привремено засолниште, храна, здравствени услуги, вода и санитетски услуги на сите што имаат потреба. Ако тоа не успее, треба да се обврзат дека ќе го покренат Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.
4. Лидерите се обврзуваат на итна размена на информации за овие капацитети и да обезбедат нивна оптимална колективна употреба.
5. Лидерите ќе работат заедно со УНХЦР, која пак се обврзува на поддршка на нивните напори во олеснувањето на оваа размена на информации и во подобрувањето на ефективната колективна употреба на капацитетите. Тие од УНХЦР бараат посилна поддршка во случајот со капацитетите за прием и во обезбедување на хуманитарна поддршка.
6. Лидерите ќе се вклучат во непосредни оперативни контакти со Меѓународните финансиски институции како Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и со Развојната банка на Советот на Европа кои се подготвени финансиски да ги поддржат овие напори. Тие се обврзуваат за аранжман со овие Меѓународни финансиски институции и да делуваат на координиран начин.
Заедничко менаџирање на миграцискиот проток
7. Лидерите ќе обезбедат целосен капацитет за регистрација на пристигнатите со максимално користење на биометриски податоци. Ова е витално на местото на прв влез на мигрантите во ЕУ. Регистрацијата не ја заменува обврската на една земја-членка од задолжителна регистрација во согласност со заеднички правила на Европскиот систем за азил.
8. Лидерите итно ќе разменат информации за големината на протокот преку нивните земји и барањата на сите пристигнати бегалци и мигранти на нивната територија.
9. Лидерите ќе работат заедно со ЕУ-агенциите, псоебно со Фронтекст и ЕАСО за брзо воспоставување на ваквата размена на информации, а овие ЕУ-агенции ќе обезбедат техничка помош во овој потфат.
10. Лидерите се обврзуваат да ги засилат своите национални и колективни координирани напори за враќање на мигрантите што немаат потреба од меѓународна заштита. Техничката помош ќе биде обезбедена од Фронтекс.
11. Лидерите ќе работат со Еврокомисијата и со Фронтекс да интензивираат практична соработка за реадмисија со третите земји како дел од имплементацијата на Акцискиот план за враќање на ЕУ. Соработката ќе биде интензивирана со Авганистан, посебно во областа за враќањето.
Повторно преместување
12. Лидерите се обврзуваат да се воздржат од олеснување на движењето на бегалците или мигрантите до границата на друга земја во регионот без договор со таа земја. Политиката на пренасочување на бегалците во соседната земја е неприфатлива.
Менаџирање на границите
13. Лидерите се обврзуваат најитно да ги зголемат напорите во менаџирањето на сопствените граници и да ја зголемат координацијата на своите акции поврзани со менаџирањето на границите. Тоа ќе вклучува:
– Поддршка на целосната имплементација на Акцискиот план на ЕУ со Турција;
– Надградување на заедничката поморска операција
“Посејдон” во Грција, посебно присуство на Фронтекс во Егејското Море и значително засилување на поддршката на Фронтекс на Грција во регистрирањето на бегалците и активностите околу земањето на отпечатоци;
– Поддршка на посветеноста на УНХЦР да стави посебен акцент на границата меѓу Грција и БЈР Македонија;
– Се очекува итна имплементација на билатералните мерки за градење доверба поврзани со границата меѓу Грција и БЈР Македонија;
– Поставување на нова операција на Фронтекс на надворешната земјена граница на Грција со БЈР Македонија и со Албанија, со фокус на проверките за излез, но исто така и на регистрацијата на бегалците и мигрантите што не биле регистрирани во Грција;
– Имплементирање на нова поддршка од Фронтекс во детектирањето на нелегални преминувања пркеу граница и поддршка на регистрацијата и земањето на отпечатоци од прсти во Хрватска;
– Имплементирање до среда на 400 чувари на граница и есенцијална опрема преку активирање од страна на Словенија на Механизмот за тим за гранична интервенција;
14. Лидерите го потврдуваат принципот дека земјата може да одбие влез на лица од трети земји, кога тие ќе пристигнат на прекуграничниот премин, а ако не поднесат барање за меѓународна заштита.
Справување со шверцот
15. Лидерите се обврзуваат да се засилат акциите против шверцувањето на мигранти и ги повикуваат Европол и Интерпол да ја поддржат западно-балканската рута со поширока операција за борба против шверцувањето на луѓе.
Мониторирање
16. Лидерите се договорија имплементацијата на овие обврски да биде мониторирана на неделна база.
http://infomax.mk/wp/?p=40644