Мигрантите низ Македонија

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.231
Поени од реакции
34.815
Ти тврдиш,дека Бугариja одбила,jaс ти тврдам дека нагло лажеш поради простата причина,дека има квоти и БГ е дел от тези квоти и Бугариja е примила бегалци.
Ти лажеш, по што следствено - лажеш и дека лажам.

Квоти-моти, факт е дека во Бугарија моментално има неспоредливо помалку бегалци од сите други балкански држави кои гравитираат кон можните миграциони патишта на економските имигранти.

Со што Бугарија ја плати таа привилегија не прима имигранти како Македонија, Грција, Србија, Унгарија, итн? И ако веќе за квоти зборуваш: Колку милиони пати се надминати квотите на Грција, Унгарија, Хрватска, Словенија...
Трет пат, овој пат без лажење и спинување... КОЈА БЕШЕ ЦЕНАТА, А??

[DOUBLEPOST=1445793296][/DOUBLEPOST]
Бугарија платила цена за да ги затвори границите? Не сум знаел дека може и така. Значи ние, Маџарска или Србија не сме можеле да ја платиме таа цена па моравме да ги пуштиме :(
Тоа е веројатно некоја страшна тајна цена која ја платиле на Илуминатите. Нешто како крв од двеста девици или на друго мислиш?
Си знае еф-ем-и, што платиле - тој самиот нека каже. А ти и другите деца, бидете добри и одете сега некаде да си играте. Не им сметајте на чичковците кога имаат работа со расипани лажливи соседи... ДА НЕ ПОПИЕТЕ ИНАЧЕ НЕКОЈА ЗАУШКА, ОК? :cautious:
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
ЕУ ИСПРАЌА СОПСТВЕНА ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Мигрантите изговор за преземање на контролата над границите?!
октомври 25, 2015 / By iNFOMAX


УНХЦР да стави посебен акцент на границата меѓу Грција и Македонија, итна примена на билатералните мерки за градење доверба поврзани со границата меѓу Грција и Македонија и поставување на нова операција на Фронтекс на надворешната граница на Грција со Македонија и со Албанија, со фокус на проверките за излез, но исти така и на регистрацијата на бегалците и мигрантите што не биле регистрирани во Грција.

Ова се трите точки од планот од 16 точки на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер. Овој план веќе почна да се разгледува на итниот самит на неколку земји членки на ЕУ и на Македонија и на Србија за бегалската криза.

Не сите шефови на држави и влади на земјите-членки на ЕУ плус Македонија и Србија се согласуваат со планот од 16 точки на претседателот Јункер, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Балканските земји, кои се наоѓаат на предната линија на бегалската криза треба да ја сменат политиката на пропуштање на мигрантите, изјавил Жан Клод Јункер во интервју за германскиот весник Билд.

Македонија на овој самит е претставена од претседателот Ѓорге Иванов. Холандија е претставена од министерот за интеграција Клаас Дејкхоф, Луксембург од министерот за надворешни работи Жан Аселборн, а Романија од претседателот Клаус Јоханис. Сите други земји се претставени од нивните премиери: Ангела Меркел (Германија), Бојко Борисов (Бугарија), Алексис Ципрас (Грација), Зоран Милановиќ (Хрватска), Виктор Орбан (Унгарија), Вермер Фајман (Австрија), Миро Церар (Словенија), Еди Рама (Албанија) и Александар Вучиќ (Србија).

На самитот присуствуваат и Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент и Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет. Тука се и високиот претставник за бегалци на УНХЦР, Антонио Гутиерез и Фабрис Легери (Фронтекс) и Роберт Визер (Европска канцеларија за поддршка на азил – ЕАСО). „Само определен, колективен прекуграничен пристап, базиран на прагматична соработка меѓу националните, регионалните и локалните власти може да даде успех. Ова е единствен начин да се врати стабилноста во управувањето со миграцијата во регионот и во успорувањето на протокот. Земјите погодени од оваа криза не треба само да говорат и разговараат за тоа една со друга. Соседите треба да работат заедно, а не едни против други“, пишува во планот на Јункер.

Планот предвидува постојана размена на информации, поддршка на бегалците и обезбедување на засолниште (зголемување на капацитетот во обезбедувањето на привремено засолниште, храна, здравствени услуги, вода и санитетски услуги на сите што имаат потреба), непосредни оперативни контакти со меѓународните финансиски институции како Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и со Развојната банка на Советот на Европа кои се подготвени финансиски да ги поддржат овие напори.

Во планот е предвидено и заедничко менаџирање на миграцискиот проток (регистрацијата не ја заменува обврската на една земја-членка од задолжителна регистрација во согласност со заеднички правила на европскиот систем за азил).

Политиката на пренасочување на бегалците во соседната земја е неприфатлива, пишува во една од точките на планот.

МИА го oбјави планот:

Постојана размена на информации

1. Лидерите се заложуваат да определат личности за контакт во нивните приватни канцеларии за да ја олеснат размената на информации и координацијата и истите треба да бидат номинирани за 24 часа со цел да се овозможи итен почеток на дневна размена и координација за да се постигне постепено и контролирано движење на лица долж западно-балканската рута.

2. Лидерите ќе соработуваат со Европската комисија за да се интензивира поддршката од ЕУ, користејќи ги сите расположиви алатки, врз основа на заеднички потреби за оценка кои би се покренале за 24 часа. Непосредните ефекти мора да се фокусираат за обезбедување на привремено засолниште и поддршка за сите што пристигнуваат.

Поддршка на бегалците и обезбедување на засолниште

3. Лидерите се обрзуваат за зголемување на капацитетот на своите држави во обезбедувањето на привремено засолниште, храна, здравствени услуги, вода и санитетски услуги на сите што имаат потреба. Ако тоа не успее, треба да се обврзат дека ќе го покренат Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

4. Лидерите се обврзуваат на итна размена на информации за овие капацитети и да обезбедат нивна оптимална колективна употреба.

5. Лидерите ќе работат заедно со УНХЦР, која пак се обврзува на поддршка на нивните напори во олеснувањето на оваа размена на информации и во подобрувањето на ефективната колективна употреба на капацитетите. Тие од УНХЦР бараат посилна поддршка во случајот со капацитетите за прием и во обезбедување на хуманитарна поддршка.

6. Лидерите ќе се вклучат во непосредни оперативни контакти со Меѓународните финансиски институции како Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и со Развојната банка на Советот на Европа кои се подготвени финансиски да ги поддржат овие напори. Тие се обврзуваат за аранжман со овие Меѓународни финансиски институции и да делуваат на координиран начин.

Заедничко менаџирање на миграцискиот проток

7. Лидерите ќе обезбедат целосен капацитет за регистрација на пристигнатите со максимално користење на биометриски податоци. Ова е витално на местото на прв влез на мигрантите во ЕУ. Регистрацијата не ја заменува обврската на една земја-членка од задолжителна регистрација во согласност со заеднички правила на Европскиот систем за азил.

8. Лидерите итно ќе разменат информации за големината на протокот преку нивните земји и барањата на сите пристигнати бегалци и мигранти на нивната територија.

9. Лидерите ќе работат заедно со ЕУ-агенциите, псоебно со Фронтекст и ЕАСО за брзо воспоставување на ваквата размена на информации, а овие ЕУ-агенции ќе обезбедат техничка помош во овој потфат.

10. Лидерите се обврзуваат да ги засилат своите национални и колективни координирани напори за враќање на мигрантите што немаат потреба од меѓународна заштита. Техничката помош ќе биде обезбедена од Фронтекс.

11. Лидерите ќе работат со Еврокомисијата и со Фронтекс да интензивираат практична соработка за реадмисија со третите земји како дел од имплементацијата на Акцискиот план за враќање на ЕУ. Соработката ќе биде интензивирана со Авганистан, посебно во областа за враќањето.

Повторно преместување

12. Лидерите се обврзуваат да се воздржат од олеснување на движењето на бегалците или мигрантите до границата на друга земја во регионот без договор со таа земја. Политиката на пренасочување на бегалците во соседната земја е неприфатлива.

Менаџирање на границите

13. Лидерите се обврзуваат најитно да ги зголемат напорите во менаџирањето на сопствените граници и да ја зголемат координацијата на своите акции поврзани со менаџирањето на границите. Тоа ќе вклучува:

– Поддршка на целосната имплементација на Акцискиот план на ЕУ со Турција;

– Надградување на заедничката поморска операција

“Посејдон” во Грција, посебно присуство на Фронтекс во Егејското Море и значително засилување на поддршката на Фронтекс на Грција во регистрирањето на бегалците и активностите околу земањето на отпечатоци;

– Поддршка на посветеноста на УНХЦР да стави посебен акцент на границата меѓу Грција и БЈР Македонија;

– Се очекува итна имплементација на билатералните мерки за градење доверба поврзани со границата меѓу Грција и БЈР Македонија;

– Поставување на нова операција на Фронтекс на надворешната земјена граница на Грција со БЈР Македонија и со Албанија, со фокус на проверките за излез, но исто така и на регистрацијата на бегалците и мигрантите што не биле регистрирани во Грција;

– Имплементирање на нова поддршка од Фронтекс во детектирањето на нелегални преминувања пркеу граница и поддршка на регистрацијата и земањето на отпечатоци од прсти во Хрватска;

– Имплементирање до среда на 400 чувари на граница и есенцијална опрема преку активирање од страна на Словенија на Механизмот за тим за гранична интервенција;

14. Лидерите го потврдуваат принципот дека земјата може да одбие влез на лица од трети земји, кога тие ќе пристигнат на прекуграничниот премин, а ако не поднесат барање за меѓународна заштита.

Справување со шверцот

15. Лидерите се обврзуваат да се засилат акциите против шверцувањето на мигранти и ги повикуваат Европол и Интерпол да ја поддржат западно-балканската рута со поширока операција за борба против шверцувањето на луѓе.

Мониторирање

16. Лидерите се договорија имплементацијата на овие обврски да биде мониторирана на неделна база.

http://infomax.mk/wp/?p=40644
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.231
Поени од реакции
34.815
Ова не е некој веродостоен медиум, ама нема да се зачудам ако напишаното е вистина.

И што правиме сега зајаци, а? А?
Ни порачуваат НИЕ да ги примаме имигрантите, ама не и да им дозволуваме да си одат од Македонија... Кога ви се зборуваше ова, будали не правевте.


Балканските земји, кои се наоѓаат на предната линија на бегалската криза треба да ја сменат политиката на пропуштање на мигрантите, изјавил Жан Клод Јункер во интервју за германскиот весник Билд.
Не е важно како дошле до нас, ама важно е да не ги пропуштиме нагоре на север.

Планот предвидува постојана размена на информации, поддршка на бегалците и обезбедување на засолниште (зголемување на капацитетот во обезбедувањето на привремено засолниште, храна, здравствени услуги, вода и санитетски услуги на сите што имаат потреба)
Политиката на пренасочување на бегалците во соседната земја е неприфатлива, пишува во една од точките на планот.
Уште треба и хотели да им изградиме, и да ги прифатиме како драги гости... :cautious:

Разбудете се луѓе, додека не е прекасно.
Еволуциски гледано, ниедно живо суштество, кое не се брани, ниту преживеало - ниту заслужува да преживее. Исто е и со народите, тие народи што не се бранат - не заслужуваат да опстанат. И нема да опстанат.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Си знае еф-ем-и, што платиле - тој самиот нека каже. А ти и другите деца, бидете добри и одете сега некаде да си играте. Не им сметајте на чичковците кога имаат работа со расипани лажливи соседи... ДА НЕ ПОПИЕТЕ ИНАЧЕ НЕКОЈА ЗАУШКА, ОК? :cautious:
Значи не можело туку така да си ја заштитиш државата, само со донесување на одлука и дејствување по неа, него мора нешто да платиш, а тоа нешто да ти било еве гледаме, тајно. Нешто што очигледно дека Србија, Маѓарска, Грчка, Македонија, не можат да го платат. Само Бугарија платила нешто и оп кај нив нема проблем со бегалци.

Еј многу ми е ќејф вака што има на форумов овде упатени ко тебе. Иако на нас обичните членови не ни ги кажувате тие тајни, сепак онака јако ни е што ве имаме овде со нас.

Те молам не ми се заканувај со заушки. Ќе бидам мирен од сеа. Кажи само што сакаш да пишувам и тоа ќе го пишувам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.231
Поени од реакции
34.815
Бугарија во последниве неколку години одигра некои геополитички потези на сопствена штета, а заради ’муриканските интереси. Ова сега и е исплата за послушноста. Но последниов развој на настаните овде кај нас, ги става бугарските афери во трет план...
Сега биди мирен, има време ќе слушнеш, ќе видиш. Биди умен.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Бугарија во последниве неколку години одигра некои геополитички потези на сопствена штета, а заради ’муриканските интереси. Ова сега и е исплата за послушноста. Но последниов развој на настаните овде кај нас, ги става бугарските афери во трет план...
Сега биди мирен, има време ќе слушнеш, ќе видиш. Биди умен.
Ах тоа ли било...
Бугарија играла геополитички потези на сопствена штета а амерички ќар и затоа сеа ѝ дозволиле да не прима бегалци.
Јако ова, мада некој би рекол наивно и детски, али не ја. Ја викам јако. Затоа што добро знам дека ти си доста упатен и ги знаеш сите механизми преку кои функционираат светските сили и владетелите во сенка. Ја ти веруем. (y)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Бугарија во последниве неколку години одигра некои геополитички потези на сопствена штета, а заради ’муриканските интереси. Ова сега и е исплата за послушноста. Но последниов развој на настаните овде кај нас, ги става бугарските афери во трет план...
Сега биди мирен, има време ќе слушнеш, ќе видиш. Биди умен.
Отново се зафати за руските проекти? Не разбрав само како изчисли дека отиграла на своja штета?
Кое е отплата за послушност? До този момент држиш теза,коja не ja изразуваш. ...мистифицираш.
Кажи си тезата,па да видиме...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Бугарија во последниве неколку години одигра некои геополитички потези на сопствена штета, а заради ’муриканските интереси. Ова сега и е исплата за послушноста. Но последниов развој на настаните овде кај нас, ги става бугарските афери во трет план...
Сега биди мирен, има време ќе слушнеш, ќе видиш. Биди умен.
Само ти ги разбираш повеќе овие задкулисни игри од @jamajka . Каков тандем би биле вие двајцата во МНР. Чуда би правеле.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.231
Поени од реакции
34.815
Било кој би направил чуда таму, во однос на сегашната постава (и претходните).
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ти лажеш, по што следствено - лажеш и дека лажам.
Да ставим лагите на масата.
Твоjaта теза
Бугарија ја плати таа слобода да одбива да прима имигранти?
Нови квоти за бежанците в ЕС, Б'лгарија приема над 2000
http://dnes.dir.bg/news/kvoti-ubezhishte-migranti-bezhanskiat-natisk-19968601

Лажеш, лажеш и отново лажеш и тоа се гледа от Космоса.

Квоти-моти, факт е дека во Бугарија моментално има неспоредливо помалку бегалци од сите други балкански држави кои гравитираат кон можните миграциони патишта на економските имигранти.
Сега стасахме до помалце,а не одбива :D Точен пример како вртиш задникот и се пробаш да спинуваш.
А зашто има полаце? Да не би да си изгради безбедностните системи по границата,кога 2013 беше залета со бегалци,кога вие немавте поим што е бегалци,а разправавте за СК2014?

Со што Бугарија ја плати таа привилегија не прима имигранти како Македонија, Грција, Србија, Унгарија, итн? И ако веќе за квоти зборуваш: Колку милиони пати се надминати квотите на Грција, Унгарија, Хрватска, Словенија...
Трет пат, овој пат без лажење и спинување... КОЈА БЕШЕ ЦЕНАТА, А??
Ти даже не знаеш што значи да примиш бегалци. Вие не сте примили дечко,а ги земате и пракjaте на наредната граница - во вашиот случаj на србската.
Земане на бегалци значи да ги земеш да живеат во РМ.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.231
Поени од реакции
34.815
Шо велиш море? Цели 2000 имате квота??

А другите ЕУ држави од балканот, Унгарија на пример - колку има квота 120.000???
http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/hungary/11884665/Refugee-crisis-EU-divided-as-Hungary-attacks-migrant-quota-as-unrealisable-and-nonsense.html
Hungarian foreign minister attacks the EU refugee quota forced through as a waste of time after interior ministers forced a plan to relocate 120,000 on the continent


Кое е отплата за послушност? До този момент држиш теза,коja не ja изразуваш. ...мистифицираш.
Кажи си тезата,па да видиме...
Кршете глава, во моментов поважни работи за дискутирање - одошто бугарските афери.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Кршете глава, во моментов поважни работи за дискутирање - одошто бугарските афери.
Види сега со лажговци немам намера да разговарам,докато не се извиш за лагата ,што изрече и ти покажав лагата во погорниот пост.
Не можеш даже да кажеш тезата ти каква е,а камоли да ja заштитиш.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Било кој би направил чуда таму, во однос на сегашната постава (и претходните).
Штета што неговиот драг Заев нема 90 коефициент на интелегенција и минимум морален компас, за да може да стане конкурентен за изборен материјал.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.231
Поени од реакции
34.815
Во моментов ни е потребно национално единство, а не подбуцнувања. Гледајте што ни спремаат, ништо не смее да е поважно од справување со кризата. Треба јасно да се заземе став дека Македонија не сака повеќе имигранти.
Сега треба демонстрации да има, непартиски и надпартиски. Македонски демонстрации.
 

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Абе кои црни пензиии ,каков немачки пензиски систем.
Инаку фала за објаснувањето како функционира пензинскиот систем, тоа ми беше дипломската на факултет..
Да се вратам на темата. Тоа што левичарите го тврдат како населението во германија старее, дека на економијата и е потребна работна сила и како мигрантите се носат со цел да ја пополнат таа дупка е безмислена лага. Прво процесот на Азил трае минимум 3 месеци, значи во тие 3 месеци мигрантиве немаат право да работат, значи се комлетно на товар на државата, од сместување, храна, облека па се до здравствено и социјално помош,така да би било добро да пресметаш колку немциве трошат на ден по однос на грижа за мигранти.
Второ, колку од тие мигранти имаат соодветно образование за да конкурираат на немачкиот пазар( не е мерка тоа дека некој си мухамед имал диплома за социјален работник во афганистан па сега ајде конкурентен е на немачкиот пазар на труд)
Трето, јазична и културна бариера ,колку од овие го знаат германскиот јазик,каква допирна точка имаат со германската култура,освен што се палат на Баерн Минхен и Борусиа Дортмунд,така да оваа работа не е народно кажано Плукни - Залепи.
Трето, и најбитно, Зашто сите мигранти одат во Германија,зашто? Поради тоа што нуди големи бенефиции,немаат воопшто потреба да работат, низ алтернативните медиуми кои се обидуваат да ја прикажат и другата страна на приказната, се шират информациите како мигрантите не сакаат да работат, дека живеат од бенефициии. Имаше пример како еден мигрант во Енглеска и пратил пари на својата малолетна сестра која имала дете, да се шверцува во Енглеска, заедно со другите 2јца малолетни брака, и на крај на интервјуто објаснува дека мн пари ке добива сестра му, бидејки е малолетна со дете,и плус пари за браката,така да нема да имаат потреба ништо да работат.
Да отидеме на другата рута преку медитеранот и италија, општо е познато дека Африканците не се добро работници,мрзливи се ,не сакаат да работат по многу саати и сл. Ова не е мое тврдење туку, општо познато,имаше документарци за Кинеските инвестииции во Африка,и како се жалат кинезите дека африканците не сакаат да работат,исто имам еден пријател од Бразил, каде што има највеке жители со афричко потекло, во однос на другите држави. И тој го тврди истото ! Мн видни политичари и медиуми го зборат овој проблем дека голем дел од мигрантите од африка и блискиот исток живеаат од бенефиции.
Овие луге не се како Македончето да рмба да работи по 12 саати на ден.
Четврто, на крај креава ако на Меркел и требаат работници Европа е преку 500 милиони жители, само Украина е преку 40 милиони,треба само една политичка одлука да се прими некоја од овие земји во ЕУ и проблемот ке биде решен, ем ке имаат добро работници,луге што се поблиски до нивните култура (во споредба со некој од Сенегал или од Афганистан) ем нема да трошат милијарди евра на име на бенефиции ,така да таа tie тезаiдека германија била приморана да зима све и свашта за да ги полни дупките на пазарот на трудот се неосновани безсмислени и смешни.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.231
Поени од реакции
34.815
Четврто, на крај креава ако на Меркел и требаат работници Европа е преку 500 милиони жители, само Украина е преку 40 милиони,треба само една политичка одлука да се прими некоја од овие земји во ЕУ и проблемот ке биде решен, ем ке имаат добро работници,луге што се поблиски до нивните култура (во споредба со некој од Сенегал или од Афганистан) ем нема да трошат милијарди евра на име на бенефиции ,така да таа смешна теза дека германија била приморана да зима све и свашта за да ги полни дупките на пазарот на трудот се неосновани безсмислени и смешни.
Забораваш на моментот дека ’муриканците им ги држат јајцата во рака, и прилично ги стискаат. Германија, и поголемиот дел од државите во ЕУ - се ’мурикански кучки.

А економско-демографскиот момент што го објасни, не ја побива мојата теза. Напротив, ја надополнува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom