Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Генерално во надворешната политика Русија и Кина се истото пакување. Во последната деценија САД го користи изговорот дека државата е загрозена за да започне војна, додека Русија дека ги бранат русите надвор од Русија.

Во внатрешен демократски капацитет не може да се пофалат многу ни едните ни другите, посебно не во споредба со земјите од западна европа, но сепак е помека ситуацијата во САД.
Прво во медиумскиот простор таму често претседателот го прават парче за неговите политики, неретко и го исмеваат, му вадат долен веш, ниски удари и така натака. За некои работи што ги прават опозициските медиуми во САД, во Русија истите новинари ќе добијат куршум во чело.
Не е толку лесно таму да газиш преку закони и Врховниот Суд како што тоа може Путин да си го дозволи во Русија. Таму и претседатели имаат наебано во некои случаи како Никсон со Вотергејт, Клинтон со Левински поради лажење под заклетва и така натака.

Лицемерието е лицемерие, и останува лицемерие, без разлика како Русија и/или САД демонстрира(ат) лицемерие.
 
@Dexter26 - исти се сите, и обанана и претходниците а и тие што ќе го заменат. Марионети на кои кукларот им ги влече конците. Новите законски ингеренции со „дозвола за убивање“ се за натамошно заплашување на светот.

Сигурно и службите на Русија кога ги тепаат чеченците и посебно Кина на своите граѓани кои се закана на државата им даваат адвокат и правна одбрана пред судовите.
Али они кога се пресметуваат со такви терористи тогаш е во ред зошто тие биле западни шпиуни и соработници и така требало :)
Дволичност леле мајко.

Разликата дека навединиве држава не те јебат во мозок, со приказни за ширење демократија. Потоа како што веќе ти кажаа, Чеченија е дел од Русија - како што Тетовско е дел од Македонија. Исто така, Кина што прави во Кина не е ни твоја ни моја работа - а најмалку на ’муриканците. Но ако толку сакаш можеш да идеш , од лошите Кинези, да ги браниш Ујгурските муслимански племиња на северозападот од Кина (тие што колеа луѓе во подземна железница во Кина).

Една работа што на еден куп луѓе никако не ви станува јасна: Руската Федерација е во Сирија на покана на сириската влада, со таа интервенција Русија не крши ниеден меѓународен закон. Но ’мураканците се таму без дозвола на Сирија, и прекршуваат многу закони.

Ако не ти е јасно кој шири демократија со бомби, гуглај us military interventions list
https://www.google.com/?gws_rd=ssl#q=us military interventions list
или кликни овде:
http://academic.evergreen.edu/g/grossmaz/interventions.html

Во внатрешен демократски капацитет не може да се пофалат многу ни едните ни другите, посебно не во споредба со земјите од западна европа, но сепак е помека ситуацијата во САД.
Те молам само без комедии, ова е озбилна тема.
 
Те молам само без комедии, ова е озбилна тема.

Ај кажи малце сериозно за човековите права во Русија и Кина, за да се посмееме малце :)[DOUBLEPOST=1445785523][/DOUBLEPOST]
Едно добро видео од Дер Зор, еден млад 13 годишен партизан ги млати терористите, малку е пропаганда, но е убаво направено.
рапорт за 25.10.2015, нешто се усвињиле ционистите и има малечка контра офанзива на ИД, заземале 5-6 села, за жал добрите не може стално да победуваат.

Убо му велеше Обама на Путин дека не е лесно во Сирија, и оп за 3 недели русиве со иста тактика како американциве, решија да ги поддржат умерениве :pos:

А се понадевав дека Путин ќе им ебе матер и на ИСИЛ-овци и на нивните креатори Саудијците. Ама јебига толку му е силата на Путин.

Во меѓувреме Садијциве ја удавија во нафта Европа, европскиве нафтени корпорации ја заменуваат руската нафта со саудијска.
 
Последно уредено:
Во меѓувреме Садијциве ја удавија во нафта Европа, европскиве нафтени корпорации ја заменуваат руската нафта со саудијска.
Којзнае, можеби прават доволно профит за да Европејците им ја заменат целата машинерија во индустријата - да работи на нафта наместо на гас. :coffee:

Ај кажи малце сериозно за човековите права во Русија и Кина, за да се посмееме малце :)
Тоа би било за плачење, не за смеење. За смеење е кога некој ќе каже дека демократија воопшто постои на овој свет. :cautious:
 
Еден од начините на пропагандаторите вклучително и тие на Сорос е разводнување на темата и бутање на нормалните коментари на заден план особено со долги постови како на FMI, со тоа на нормалниот форумец му скурчува да чита спам и целта е постигната.
Така да нормалните форумци да не се чудат зашто некој пишува над сто поста по банална дискусија, најдобар анти трол метод е да се игнорират плус пријава до администраторот.
Не тврдам ништо за FMI но да имате предвид, колку да изгледа невино тролењето, тоа е кривично дело шпионажа и државно разлагателна дејност, влијаење и креирање на јавното мислење со цел геноцид, казните за тоа се сурови. Во моментов Новиот Светски Ред делумно ги блокирал службите да си вршат работа, но имајте предвид дека промената доаѓа, колку и да се криеш зад проксита никој не е анонимен.
Посмешно и абсурдно обвинуване не бев читал.
 
Ај кажи малце сериозно за човековите права во Русија и Кина, за да се посмееме малце :)[DOUBLEPOST=1445785523][/DOUBLEPOST]

Убо му велеше Обама на Путин дека не е лесно во Сирија, и оп за 3 недели русиве со иста тактика како американциве, решија да ги поддржат умерениве :pos:

А се понадевав дека Путин ќе им ебе матер и на ИСИЛ-овци и на нивните креатори Саудијците. Ама јебига толку му е силата на Путин.

Во меѓувреме Садијциве ја удавија во нафта Европа, европскиве нафтени корпорации ја заменуваат руската нафта со саудијска.
Многу значи изборот на Кина кој беше донесен изминатите денови. Во дипломатската војна околу Кина победија британците. Американците не можеа заради споровите кои ги имаат со Кина околу Тајван, јужното кинеско море, а влече и поддршката која им ја давале на националистите во кинеската граѓанска војна. Затоа ги упатија британците со сите сили да ја поткупат Кина да не се приклучи на руската коалиција во Сирија.
Самото присуство на кинезите на страната на руската коалиција ќе значеше многу. Скоро со сигурност ќе значеше повлекување на американците од сирискиот фронт. Според мене кинезите погрешно проценија. Ако останеа во Сирија на страната на русите, тоа ќе значеше почеток на нивна заедничка воено-политичка рамнотежа наспроти англосаксонската надреденост. За жал тие избраа сегашни опипливи придобивки наместо долгорочна моќ.
Затоа сега русите се преиспитуваат. Посебно ако проценат дека силите на сириската армија не се доволни за на земја да ги победат нивните противници. Настрана од тоа на русите им оди добро. Нема руски жртви ниту пак меѓународен срам со цивилни жртви.
 
Д

А кој ти даде тебе право (или па било кој што не е сириски гласач), да се дрзнеш да одлучуваш кој треба да е лидер на Сирија? :rolleyes:
За радост не jaс упределjaм, но имам право да имам мнение, нели? ;)
„..употреби армиja и бомби срешту цивили“
Следствено на ова, целиот западен дипломатски кор треба да се симнат под итно од власт. И тоа ’мурканските власти најпрви. Пошто ’муриканците имаат секоја година стотици воени интервенции или тајни акции, во кои секојдневно гинат цивили. Да не ги споменувам дроновите.
’муриканците дури и со анекси на уставот, како што е „патриотскиот акт“, си ги легализираат „правата“ да убиваат и киднапираат странски државјани, не само во „земјата на слободните“ туку и низ цел свет.
Така Обанана, ако сака може уште сега да тe киднапира и да ти прави medival на газето, и на крај да те препарира над каминот во белата му куќа. И тоа според нивните закони, 100% легално би било сето тоа.
А ти покрај такви злочнци, најде на Асад да му се фатиш. Покрај нив тој е како мало дете. :coffee:
Не разбрав зашто намеси американците, но да - те исто прават истото и сека употреба на оружие против цивили не е нешто што треба да се толелира.
 
...американците, но да - те исто прават истото и сека употреба на оружие против цивили не е нешто што треба да се толелира.
Тогаш зошто си лицемерен и немаш противнички став кон американскиот империјализам?

За радост не jaс упределjaм, но имам право да имам мнение, нели? ;)
Мнение кое е папагалско повторување на пропагандата од CNN. Само тие тоа не го нарекуваат мислење, туку причина - за бомбардирање држави и убивање цивили, и финансирање терористи.
 
Убо му велеше Обама на Путин дека не е лесно во Сирија, и оп за 3 недели русиве со иста тактика како американциве, решија да ги поддржат умерениве :pos:
Русија во Сирија ја подржува официјалната власт, по нивна молба за помош, има таква изјава на Лавров но е повеќе формална. Од три недели ги прашуваат, ајде кажете кој се умерените, каде се, телефон за врска;), до сега не нашле ниеден таков, не за друго нема такво животно умерен терорист.
Има доста прогрес во ослободувањето на Сирија, Русија ги бомбардира и умерените и неумерените терористи, доста командири се ликвидирани, Русија околу 50% помага околу фронтот, но исто и длабински, кај има информација ништи терористи, командири, бази.
Важното е Асад да има контрола на границата спрема ционистите, Израел, Турска и Јордан, нема смисла сега да ја ослободува Рака, а утре слично на ВСВ ќе дојдат ционистите(САД) и ќе ја "ослободат" Европа или Сирија. Во моментов Асад сака да ја затвори границата и да ги ликвидира котлите и клиновите. Нема смисол да држи десет илјадна армија да пази некој котел со 5 града ИД и еден умерени терористи, го ликвидира котелот и ослободува војска за друг фронт.
 
Последно уредено:
Тогаш зошто си лицемерен и немаш противнички став кон американскиот империјализам?
Кога имаш тема за САД...доволно работи имам да кажам против нивниот систем.

Мнение кое е папагалско повторување на пропагандата од CNN. Само тие тоа не го нарекуваат мислење, туку причина - за бомбардирање држави и убивање цивили, и финансирање терористи.
А твоето папагалско от RT?
Jaс не един пат ви опоменах,дека и САД и Русиja не мислат доброто на сириjскиот народ ,а тиja штита своите интереси во Сириja. Тоа зборува доволно колко далеку сум от CNN и RT и сите пропаганди на западот и на изтокот.
 
Самото присуство на кинезите на страната на руската коалиција ќе значеше многу. Скоро со сигурност ќе значеше повлекување на американците од сирискиот фронт. Според мене кинезите погрешно проценија. Ако останеа во Сирија на страната на русите, тоа ќе значеше почеток на нивна заедничка воено-политичка рамнотежа наспроти англосаксонската надреденост. За жал тие избраа сегашни опипливи придобивки наместо долгорочна моќ.
Затоа сега русите се преиспитуваат. Посебно ако проценат дека силите на сириската армија не се доволни за на земја да ги победат нивните противници. Настрана од тоа на русите им оди добро. Нема руски жртви ниту пак меѓународен срам со цивилни жртви.

Огромна грешка ти е муабетот за кинеско-руски сојуз, никогаш нема да бидат во сојуз каков што се британците со американците. Во моментов Кина си ја користи ситуацијата за да ја зглеми својата политичка, економска и воена моќ, на сметка на Русија.[DOUBLEPOST=1445790756][/DOUBLEPOST]
Русија во Сирија ја подржува официјалната власт, по нивна молба за помош, има таква изјава на Лавров но е повеќе формална. Од три недели ги прашуваат, ајде кажете кој се умерените, каде се, телефон за врска;), до сега не нашле ниеден таков, не за друго нема такво животно умерен терорист.
Има доста прогрес во ослободувањето на Сирија, Русија ги бомбардира и умерените и неумерените терористи, доста командири се ликвидирани, Русија околу 50% помага околу фронтот, но исто и длабински, кај има информација ништи терористи, командири, бази.
Важното е Асад да има контрола на границата спрема ционистите, Израел, Турска и Јордан, нема смисла сега да ја ослободува Рака, а утре слично на ВСВ ќе дојдат ционистите(САД) и ќе ја "ослободат" Европа или Сирија. Во моментов Асад сака да ја затвори границата и да ги ликвидира котлите и клиновите. Нема смисол да држи десет илјадна армија да пази некој котел со 5 града ИД и еден умерени терористи, го ликвидира котелот и ослободува војска за друг фронт.

Проблемот со војната во Сирија е кога воено неписмени ќе ја коментираат ситуацијата на терен. ИСИЛ не е војска која ќе ја затвориш во котел ќе ја уништиш и тераш понатаму.
За една недела ќе ти се појават пак и пак ќе ти требаат 10.000 војници да ги завземаш тие места.

Сега претпоставувам Путин ќе ја пронајди умерената опозиција ;)
 
Последно уредено:
А твоето папагалско от RT?
А што кажувам јас? Дека, на пример Камерон треба да падне пошто британската војска убива цивили во Либија, Ирак, Сирија, итн...?
Цитирај каде повторувам невистинита пропаганда. Или лажеш. (ма лажеш секако)

Одлука на сириската влада е да ја покани Руската Федерација да дејствува на нивна почва, против тероризмот.
Риалити чек:
http://www.nydailynews.com/news/world/russia-launches-attacks-syria-day-article-1.2382933
Syrian government invites Russia to send in ground troops to protect Assad regime from ISIS
 
Да но нема конвенција која му дозволува на Асад да ја викни Русија за да му го чува грбот дури прави масакри.
Сите ја користат ИСИС за да интервенираат и вака убаво звучи за на телевизија за на CNN или RT, да се пофалиш, ама проблем е кога тоа ќе треба да се спроведе на терен, а да не си го извалкаш образот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom