Здраво дечки
Јас и претходно имам пишувано на темава за истиот проблем, ама еве ме пак.
Вака, јас имам проблем со циста во десниот тестис, сум ги направил сите потребни испитувања на доктор, ме прегледуваше на ехо мислам дека се вика тоа, зошто и не сум многу упатен во медицинските изрази, битно се осеќав како трудница, и ми кажа дека имам циста голема 10 милиметри. Направив и тумор маркери и испитување на крв и бев на друг доктор исто ми кажа, значи дефинитивно е циста.
Тоа беше пред 2 години.
Они ме рекоа на мене дека ова нема никаква шанса да се претвори во нешто посериозно, ама јас си имам мака, па затоа сакав прво вас да ве прашам.
Од време на време осеќам како да ме наболува цистата, како да ми тежи десниот тестис повеќе, носам потесни боксерки од порано, бидејќи така ми препорачаа, тешко избегнувам да кревам иако во последниот период морав малце повеќе да се заангажирам околу некои работи дома што беа за преместување.
Пишувам овде бидејќи ми треба ваш совет, крвна слика секогаш си прегледувам на 6 месеци после тоа и крвта ми е супер.
Би ве замолил да ми помогнете доколку можете со некои совети и искуства ваши со ова, би ви бил многу благодарен.
Поздрав